Пајак крена погребна кола додека луѓето го изнесуваа ковчегот од црква

На Твитер се појави фотографија која во исто време е шокантна и смешна – пајакот крева погребен автомобил во момнентот кога луѓето го изнесуваат ковчегот од црквата.

Не е познато дали сликата забележана на улиците на Лондон е сурова реалност или сцена од филм, но сликата веднаш стана популарна социјалната мрежа.

Тим научници открија: Што ги прави мажите среќни во бракот?

Тим на научници откри дека за мажите естетскиот момент е многу важен и дека остануваат што подолго во брачните води ако покрај себе имаат убава партнерка, бидејќи се среќни.

Убавината на партнерката, за повеќето мажи е пресудна за успешен брак – покажало истражувањето. Студијата траела четири години и е спроведена на 450 парови, кои пред почетокот на истражувањето имале задача да го оценат партнерот, за неговата убавина. Резултатите покажале дека мажите и пред и по истражувањето не го промениле мислењето и оцената за убавината на својата партнерка. За разлика од мажите за жените убавината е на второ место. На прво место им е интелигенцијата и комуникативноста на партнерот.

Овие хороскопски знаци се оние кои најмногу изневеруваат!

Некои луѓе се склони кон обновувањето на љубовните врски со поранешните партнери иако се во брак, други тоа го прават бидејќи уживаат кога се во центарот на вниманието, а некои пак едноставно имаат силен сексуален нагон кој не знаат да го контролираат.

Скорпија

Луѓето родени во овој знак имаат силен сексуален нагон што може да ги доведе до ситуација да го изневерат својот партнер и тоа во случај доколку нивниот однос не е доволно страствен. Кога Скорпиите ќе видат нешто што сакаат да го имаат, без разлика дали станува збор за некоја личност или пак нешто материјално, ќе направат се за да го добијат. Тоа вклучува и лажење и манипулирање доколку е потребно.

Вага

Кога ќе дојде до проблем во врската, Вагите ќе направат се за да се реши ситуацијата. Но, тие не сакаат расправии и ќе се обидат на секој начин да ги избегнат. Понекогаш знаат да се преправаат дека не забележуваат што се случува за да има мир во куќата. Иако луѓето родени во овој знак не се склони кон прељуба, ќе го направат тоа за да се чувствуваат подобро, за да почувствуваат дека и понатаму се пожелни и да ја пополнат празнината која ја чувствваат бидејќи се во несреќна врска.

Лав

Сите знаат дека Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и тешко ќе им одолеат на луѓето кои ги третираат на тој начин. Нивното его и самодоверба може да биде атрактивно за другите. Тоа е и причината поради која големи се шансите да извршат прељуба, особено ако оној кој пробува да ги освои го храни нивното его.

Стрелец

Луѓето родени во овој знак имаат немирен дух, многу се радознали и секогаш бараат нешто ново и возбудливо. Многу се спонтани и често постапуваат без да размислат за последиците. Кога се Стрелците несреќни во врска, ќе го изневерат партнерот со еден или повеќе љубовници. Нивната слободоумност и авантуристички дух за другите се многу привлечни.

Кога е вистинско време за брак?!

Бракот всушност не е најсреќен на почетокот, колку и тоа да ви изгледа вистинито - американските научници тврдат дека треба да поминат отприлика 20 години, за работите да си дојдат на свое место.

„Иако разводот денес е многу честа појава, половина од браковите траат засекогаш. Долгорочната прогноза за таквите бракови е оптимистична, бидејќи нивото на среќата и задоволството стануваат сè поголеми, а незадоволството се намалува“, изјавил еден од водачите на студијата на Универзитетот Пенсилванија, Пол Амато.

Сер Пол Колерид, од Фондацијата за брак, вели: „Луѓето сакаат стабилен и задоволителен моногамен однос. Ако ги надминат сите предизвици со кои што се соочуваат низ животот, можат да го постигнат тој однос“.

Причината за ова зголемено ниво на брачната среќа, лежи во фактот дека партнерите после толку многу години наоѓаат подлабоки нивоа на приврзаност, што води до поголемо уживање во друштво на својата друга половина.

Најверојатно, тајната за успешен брак е да бидете трпеливи со вашиот животен партнер, бидејќи тоа на крајот се исплати.

Најчитани

Твитови