На 17 г. одлучил да го продаде својот бубрег за да купи телефон „ајфон 4“ и „ајпад 2“ (фото)

Koга имал 17 години, денес 25-годишниот Ксао Ванг одлучил да го продаде својот бубрег за да купи телефон „ајфон 4“ и „ајпад 2“, бидејќи не можел да си ги овозможи. По операцијата, лекарите му рекле дека ќе води нормален живот со само еден бубрег, но осум години подоцна тој е неподвижен и секој ден оди на дијализа.

Пред осум години, „ајфон 4“ бил статусен симбол во средното училиште на Ксао. Со оглед на тоа дека потекнува од сиромашно семејство кое не можело да му го купи телефонот, одлучил да го продаде својот бубрег.

Ванг стапил во контакт со луѓето кои се специјализирани за продажба на органи на црниот пазар. Тие договориле цена од 22.000 јени или 2.800 евра, што му биле повеќе од доволно за посакуваните телефон и таблет од „Епл“. Посредниците за услугата добиле 8.700 евра и дополнителни 10.000 долари за самиот орган.

Лекарот кој го запознал пред операција му потврдил дека сè ќе биде во ред. Процедурата била изведена во илегална болница, а иако тогаш се сметала за успешна, набрзо се појавиле компликации. Ординацијата не била дезинфицирана, што довело до инфекции на раната.

Семејството на Ванг не знаело за неговата операција и дознале дури тогаш кога веќе не можел да ги сокрива здравствените проблеми.

Бидејќи не се осудувал да им каже што направил, инфекцијата се проширила и на неговиот здрав бубрег, а до моментот кога семејството го одвела во болница штетата веќе била толку сериозна што единствениот начин за да остане жив е трајна дијализа.

Ксао Ванг оттогаш поголемиот дел од животот го поминал во болница и сосема зависи од апаратите кои го одржуваат во живот, но истовремено и значително го намалуваат неговиот животен век.

Полицијата ги пронајде посредниците и лекарите, на кои судот им доделил по три години затвор. По покренатата тужба, родителите на Ксао добиле компензација од околу 300.000 eвра, но поголемиот дел од парите ги потрошиле за лекови и третмани.

Син или ќерка одлучете сами: Жени, лекарите тврдат дека полот на детето можете да го одредите и вие!

Веќе сме слушнале разни совети од „народната медицина'', но навистина не мислевме дека постои гинеколог кој тврди дека изборот на соодветна исхрана и хигиенски навики може да влијаат на полот на идното дете.

Жозе Бенто е истакнат бразилски гинеколог кој неодамна направи серија на совети во врска со способноста да се влијае на полот на идното дете. Сè уште не знаеме што да мислиме, но сепак решивме да ви го пренесеме неговиот совет. Секогаш можете да се обидете и да имате 50% за успех. Според законот за веројатност или со законот на д-р Бенто, ние никогаш нема да дознаеме.

Теоријата на докторот се базира на рН на женските полови органи во времето на оплодување. Тој, всушност, смета дека „момчињата" се алкални, а „девојките" кисели. Неговиот прв совет се однесува на процедурата за миење на вагината пред сексуален однос.

Ако сакате момче, вагината треба да се измие со сода бикарбона, која делува прокисело. Идеален сооднос е две лажички сода во литар вода. Од друга страна, ако сакате една девојче, измиете ја вагината со оцет, кој, се разбира, делува кисело. Исто така, односот е две лажици оцет на литар вода.

Друг совет се однесува на женскиот оргазам. Оргазмот ја поттикнува секрецијата, па ако сакате машко, треба да почувствувате оргазам во исто време со партнерот. Сепак, лекарот е свесен дека можеби бара малку повеќе и додава дека може да биде малку пред партнерот. Впрочем, од суштинско значење е секретот. Ако сакате женско, тогаш откажете се од оргазми.

И покрај изјавите на докторот,  не е точно објаснета врската помеѓу внесот на калории и киселини во телото, тој тврди дека за зачнување мошко ќе придонесе строго намалување на калорискиот внес недела пред овулацијата. Не е одредено колку калории точно. Од друга страна, пак, ако се работи за женско, една недела пред овулација, се препорачува консумирање на високо-калорична храна. 

Освен тоа, со оглед на тоа дека има кисела и алкална храна, овој дел исто така влегува во теоријата. Кисела храна вклучува: јајца, пилешко, свинско месо, говедско месо, ориз, леб. Алкална храна вклучува: лубеница, авокадо, банана, компир, брокула, краставица!

Како хороскопските знаци постапуваат кога се лути!

Секој хороскопски знак на различен начин го изразува својот гнев. Еве и како:

Овен - Има краток фитил и брзо збеснува, во зависност од ситуацијата. Тие имаат страст кон животот и лесно се фрустрираат ако нешто им застане на патот.

Бик - Тврдоглави се и независни па сакаат да одат по она што ним им е замислено. Не зборуваат многу што значи дека кога ќе се налутат ќе имаат многу за кажување. Подгответе се добро.

Близнаци - Сепак, ако нешто ги налути тие одма би ви го соопштиле тоа затоа што не сакаат многу да ги држат работите под своја кожа. Не ги сакаат многу луѓето кои се обидуваат да ги контролираат или им кажуваат што да прават.

Рак - Ракот по природа е нежен и сочувствителен. Ако го налутите, не очекувајте дека ќе ви го каже тоа. Ако немате доволно силна интуиција да ја почувствувате неговата лутина, тогаш справувањето со Ракот нема воопшто да биде лесно. 

Лав - Имаат темперамент на дете и затоа не очекувајте да размислуваат на зрел начин. Тие може да направат различни сцени со кои ќе се обидат да го привлечат вашето внимание. Но сепак, нивната лутина не трае долго.

Девица - Потребно им е многу време да ги покажат своите чувства. Ако многу лошо ги повредите знаете дека сте изгубиле добар пријател, затоа што не простуваат лесно.

Вага - Веруваат во правда и веројатно ќе ви дадат шанса ако се обидете да ги повредите или налутите. Вагите се многу чувствителни, но не сакаат другите да го знаат тоа. Не очекувајте дека ќе го направат првиот чекор ако ги налутите.

Скорпија - Кај овој хороскопски знак не би можеле лесно да ја забележите лутината затоа што нивната самопочит не дозволува да го покажат тоа.  Но движењето на нивните тела лесно ќе го покаже тоа.  Ако се налутат, дајте им простор затоа што не сакаат да бидат притискани.

Стрелец - Стрелците не толерираат нелојалност или предавство. Силно избувнуваат и сигурно ќе сакате да побегнете ако успеете да ги налутите. Тој станува саркастичен и тоа е еден до знаците дека е лут. 

Јарец - Не се лутат многу. Тие повеќе уживаат во тоа да останат смирени отколку да ја трошат својата енергија на лутење. Не простуваат лесно затоа што си поставуваат високи стандарди за другите па доколку не ги оправдате нивните очекувања се разочаруваат.

Водолија - Ако ги налутите не очекувајте дека ќе се врткаат наоколу. Подобро би отишле во природа или на долго возење отколку да се занимаваат со своите емоции. Не сакаат да ги покажуваат своите емоции, а доколку врската со вас не им значи многу, никогаш нема да се обидат да ја поправат.

Риби - Не сакаат да се караат и тој момент ќе го избегнат по секоја цена. Се повлекуваат настрана за сами да го извлечат од себе она што го чувствуваат. Ако премногу им значите, секако дека ќе дојдат до вас и ќе разговараат за она што е потребно.

Ја напуштила работата како полицајка во затвор и станала порно ѕвезда!

Изабел Делторе била успешна затворска чуварка, но со тек на време почнало да и годи како ја гледаат затвореници па се одлучила на драстичен пресврт во кариерата.

Имено, Изабела сфатила дека како стриптизерка во една ноќ можела да заработи повеќе отколку како затворска чуварка за две недели. Математиката била пресудна па Изабел дала отакз во затворот и никогаш повеќе, како што вели, не се вратила.

„Ако некој сака танц во крило или соблекување преку Скајп, постојат јасни граници и се случува за размена на пари и се е транспарентно. Попрво би се жалела кога некој чувар или затвореник ќе го коментираше мојот изглед, вели Изабел.

Иако од претходната професија заминала поради објективизирање и сексизам, вели дека од неа научила многу работи кои и помагаат во новата работа, особено во однос со проблематичните клиенти.

На своите настапи понекогаш во публиката ги гледа и своите затвореници. Драго и е што излегле на слобода и се обидуваат да живеат нормален живот. 

Најчитани

Твитови