Познат е редниот број под кој Тамара вечерва ќе настапи во финалето на Евровизија

Пејачката Тамара Тодевска со песната „Proud“ („Горда“) вечер под реден број 8 ќе настапи во финалната вечер на 64. Евровизија, што се одржува во Тел Авив, Израел.

Aвтори на песната „Proud“ се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Придружни вокали се Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев.

 

Во финалето ќе настапат 26 земји, а ќе можат да гласаат сите учесници односно 41 земја.

Пласман во финалето од втората полуфинална вечер обезбедија и Холандија, Албанија, Шведска, Русија, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта, а од првата полуфинална вечер – Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија. Директен пласман во финалето покрај домаќинот Израел имаат Франција, Италија, Германија, Шпанија и Велика Британија.

 

Прва на финалната вечер ќе настапи претставничката на Малта, Микела со песната „Chameleon“, а последен ќе настапи шпанскиот претставник Мики со песната „La Venda“.

Невремето искрши автомобили во Крива Паланка (ВИДЕО)

Невремето кое вчера беснееше во Крива Паланка попладнето, направи голема штета.

Пукнати ветробрански стакла, оштетени објекти се само дел последиците, кои се гледаат во видеото од невремето постирано на сајтот на Курир.

Невремето се случи додека цела Македонија беше во жолта фаза.

Убиство го потресе Скопјe: Семејна драма заврши трагично

Скопјанка била убиена вчера вечер во скопската населба Шуто Оризари, објави 24 Инфо.

Убиството се случило околу 22 часот и 30 минути кога 31-годишната жена настрадала сакајќи да спречи тепачка меѓу двајца братучеди. Тие почнале расправија додека седеле и пиеле во дворот на едниот од нив, па едниот се вратил со нож, а сопругата на едниот од братучедите се обидела да ги смири и раздвои., но во хаосто таа била прободена.
Од МВР го потврдија убиството, а детали денеска.

За една недела 70 нови случаи на морбили

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатава недела се регистрирани 70 нови случаи на мали сипаници што е за 17 случаи помалку во однос на претходната недела.

На Клиниката за инфективни болести се лекуваат вкупно 14 пациенти, од кои 12 возрасни и две деца. На одделот за интензивна нега продолжува лекувањето на 16-годишната пациентка со церебрална парализа и ЕPI по морбили и масивна пневмонија.

Кумулативно од почетокот на епидемијата во декември 2018, досега, во нашата држава се регистрирани 1.891 случај на мали сипаници со инциденца од 91,4 на 100.000 жители.

Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата, пак, изнесува 29.857. Од нив, 15.250 деца се вакцинирани на територија на градот Скопје, додека пак, во останатиот дел од државата вакцинирани се 14.607 деца.

„Родители ја препознаа важноста за навремено вакцинирање на децата. Не постои друга поефективна медицинска технологија што го заштитила и го унапредила човековото здравје како вакцинацијата. Таа е единствената мерка за заштита од мали сипаници“, велат од МЗ.

Во извештајот на Европската Комисија се вели дека Министерството за здравство презеде чекори за контрола на ситуацијата со епидемијата, преку директна вакцинација во училиштата и детските градинки и со започнување на голема кампања за вакцинација.

„Само со стапка на вакцинација од над 95 отсто од населението, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширење на вирусот меѓу популацијата. Сите деца што се невакцинирани, за да се заштитат од заболувањето, треба веднаш да се вакцинираат“ велат од Министерството.

Најчитани

Твитови