Дневен хороскоп за 19.5.2019 година

ОВЕН

Работа: Ако сте имале големи планови за денешниот ден, имајте на ум дека нема да успеете се да остварите.

Љубов: Подготвени сте сосема да се препуштите на чувствата кои ги имате кон саканата личност.

Здравје: Проблеми со главоболка.

БИК

Работа: Пробајте да не планирате патувања за денешниот ден затоа што би можеле да имате проблеми и компликации на работното поле.

Љубов: Личноста која ви се допаѓа покажала дека има повеќе маани од она што сте мислеле.

Здравје: Проблеми поради стрес.

БЛИЗНАЦИ

Работа:Може да очекувате нов договор кој ќе ви биде многу важен за работното поле. Потрудете се да се покажете во добро светло.

Љубов: Задоволни сте од односот со саканата личност.

Здравје: Немате проблеми.

РАК

Работа: На полето работа ќе решите некои проблеми кои ве мачеле од порано. Ќе почувствувате големо олеснување.

Љубов: Со партнерот имате некои мали проблеми кои може да ги решите ако се потрудите.

Здравје: Можни се мали проблеми со кичмата.

ЛАВ

Работа: Очекувајте прилика да се вработите на некое подобро место од ова кое што сте моментално.

Љубов: Љубовното поле ви е убаво поставено. Сметајте на нови случувања.

Здравје: Проблеми со циркулацијата.

ДЕВИЦА

Работа: Можно е да не сте задоволни од околностите во кои се наоѓате на работното поле.

Љубов: Ве очекува интересно познанство кое подоцна ќе доведе до една сериозна врска.

Здравје: Се чувствувате генерално добро.

ВАГА

Работа: Ви доаѓа шанса да најдете работа на која подоцна ќе можете да напредувате и да остварите одлични резултати.

Љубов: Правите заеднички планови за иднината со личноста која ја сакате.

Здравје: Одлично се чувствувате.

ШКОРПИЈА

Работа: Можно е да се случат некои неочекувани промени на вашето работно поле.

Љубов: Очекувајте интересна комуникација и средба со личност која ќе ве шармира на прв поглед.

Здравје: Вртоглавица е можна.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Може да очекувате дека денеска ќе ви се укаже прилика да постигнете некој нов и значаен договор со надредените.

Љубов: Нова љубов ве очекува. Надевајте се на позитивни пресврти.

Здравје: Редовно проверувајте го притисокот.

ЈАРЕЦ

Работа: Доколку се занимавате со приватна работа, ве очекува подобра заработувачка и прилика да напредувате.

Љубов: Денот е одлично поставен за вашето поле на емоции, доколку постои личност која ви се допаѓа.

Здравје: Сосема добро.

ВОДОЛИЈА

Работа: На работно патување ќе остварите нов договор кој во иднина ќе ви биде значаен.

Љубов: Новото познанство кое се случило на некој начин ви ги помешало чувствата.

Здравје: Проблеми со зглобовите.

РИБИ

Работа: На ова поле ќе успеете да ги остварите своите замисли со помош на една важна личност која ви пружа поддршка.

Љубов: Очекувајте познанство кое ќе ве донесе во состојба на конфузија.

Здравје: Внимавајте на вишок килограми.

Мажи, сте слушнале ли за Наполеонов комплекс?

Според некои преданија, Наполеон нискиот раст го компензирал војувајќи. Наполеновиот комплекс е еден од најголемите машки проблеми со кои мора да се борат целиот живот.

Личноста која има просечен или неколку сантиметри помал раст од останатите, се чувствува неадекватно и помалку вредно.

Стереотипот кој ги прати мажите со низок раст е дека се поагресивни, погласни и имаат желба за привлекување внимание и докажување.

Фројд тоа го објаснува со фактот дека тоа е одбрамбен став на егото заради кое мажот не може да поднесе да е понизок од просекот.

Антрополозите го поврзуваат агресивниот настап на ниските мажи со еволуциската теорија според која ниските и слаби мажи својата надмоќ ја докажувале така што биле гласни и нападни.

Научниците од центарот за контрола на болести во Атланта неодамна објавиле студија која покажала дека тоа може да биде вистина, односно дека ниските луѓе се поагресивни и понасилни.

Студијата опфатила 600 мажи на возраст од 18-50 години и утврдено е дека тие кои се чувствувале помалку мажествено имаат три пати поголема веројатност да станат насилници.

Стручните лица тврдат дека ниските мажи се чувствуваат поранливо и се склони кон параноја. Но, треба да се наведе дека тестираната група сепак е премногу мала за да може да се извлечат коректни заклучоци.

Зошто сексот на плажа понекогаш е лоша идеја?

Иако звучи многу привлечно и романтично, природата не работи во ваша полза кога се во прашање интимните и страствени моменти. Освен тоа што има многу работи кои ќе ви пречат, ризикувате и опасност од инфекции.

А навистина звучи секси: море, плажа, песок, двајца заљубени… Но, не е се така едноставно како што изгледа. Еве зошто сексот на плажа може да се претвори во ноќна мора.

Песокот влегува секаде

Песочните плажи изгледаат како од бајка, но не се идеално место за секс. Ситните песочни зрнца ќе ви се вовлечат речиси во сите делови од телото, а ако ви се залепат за телото, тогаш ќе ви сметаат за време на односот, а можно е и да почувствувате болка ако влезат во интимните делови.

Сексот би требало да биде спонтан

Но, не е. За почеток ќе посакате да ставите нешто под себе, затоа што не можете да бидете голи ниту на песок, а особено не на камења, бидејќи ќе ве боли. Морате да ставите пешкир или ќебе, но за да не ви пречат, ќе мора да ставите камења на краевите за ветерот да не ги вее. Кога ќе го направите тоа, сфаќате дека сепак има премногу луѓе околу вас, па потоа одите да барате поосамени плажи. Кога ќе го направите се ова, подготвени сте за акција. Но, дали? Или попатно сте ја изгубиле желбата затоа што тоа веќе е навистина детално планиран секс.

Летен пинџур со тиквички - вкусно и брзо се прави

Многу лесно и вкусно пинџурче за ручек во жешки денови.

Се сецкаат тиквички, модар патлиџан, пиперки и домати и се ставаат во тава.

Се посолуваат и се става малку зејтин, се меша и се пече околу пола час на 180 степени. Треба да се промешува неколку пати за време на печењето. Пред крајот се додава сецкан лук и магдонос, се промешува и се пече уште 5 минути.

Состојки 2 тиквички 5,6 пиперки (благи и по некоја лута ако сакате) 3 домати 1 модар патлиџан 1 голема лажица свеж магдонос 2 чешниња лук по вкус масло и сол

Се сервира со павлака и сиренце.Наздравје! Прочитај повеќе: 

Најчитани

Твитови