„Скапоцените камења“ на скопската Чаршија стануваат видливи преку мобилна апликација

Почнувајќи од денеска, посетителите на стариот дел од Скопје – Чаршијата, ќе имаат можност да ја доживеат на целосно нов начин. На нивно располагање ќе биде мобилната апликација „Скопските скапоцени камења“ (Skopje Gems), со која на посетителите им се нудат седум туристички рути низ Чаршијата и водич до врата на сопствениците на продавниците со стари занаети, вкусна храна, како и до музеите, религиските обележја и историските места во стариот град.

Апликацијата која е достапна на десет јазици беше развиена од Институтот за стратешки истражувања и образование (ИСИЕ), со помош на грант доделен од Регионалниот совет за соработка (РСС), преку Проектот за развој и промоција на туризмот што е финансиран од Европската унија и кој е наменет за унапредување и меѓународна афирмација на регионалниот културолошки и авантуристички туризам што го нуди Западен Балкан.

„Мобиланата апликација ‘Скопските скапоцени камења’ е освежувачи туристички производ. Тој покажува како технологијата може да биде аплицирана во туризмот и како преку раскажување на приказни преку вакви апликации се промовираат дестинациите и локалниот бизнис“, изјави Снежана Дервишкадиќ, лидер на Проектот за развој и промоција на туризмот на РСС, на денешната промоција во Скопје.

„Освен што ја раскажува приказната за скопската Чаршија, дополнителна вредност е тоа што ги води посетителите до нивните домаќини, сопствениците на дуќаните, кои секој посебно има своја приказна за раскажување, што значи дека посетата на Стариот град ќе биде уште поинтересна и поуникатна“, додаде Дервишкадиќ.

Основната идеја што не водеше при развивањето на апликацијата „Скопските скапоцени камења” – кратенка од „Скриениот скапоцен камен на Скопје – Стариот град“ е тоа што, сакавме да го направиме културното наследство на Скопје, Чаршијата, достапно за што повеќе луѓе. За разлика од традиционалната масовна продукција што ја презема целиот свет, нашата Чаршија сè уште е домаќин на некои од старите традиционални занаети, како што се капи, папучи и правење свеќи, ковач и резба. Се надеваме дека ќе ги зачуваме овие занаети така што ќе ги претвориме во туристичка атракција што ќе создаде долготрајни спомени за нашите посетители “, изјави Мишо Докмановиќ, претседател на Бордот на Институтот за стратешки истражувања и образование.

Апликацијата е бесплатна преку „Ап стор“ (App Store) и „Плеј стор“ (Play Store) и ќе биде широко промовирана почнувајќи од скопскиот аеродром преку хотели, туристички инфоцентар, агенции, барови и ресторани, како и преку интернет и преку социјални медиуми.

Невремето искрши автомобили во Крива Паланка (ВИДЕО)

Невремето кое вчера беснееше во Крива Паланка попладнето, направи голема штета.

Пукнати ветробрански стакла, оштетени објекти се само дел последиците, кои се гледаат во видеото од невремето постирано на сајтот на Курир.

Невремето се случи додека цела Македонија беше во жолта фаза.

Убиство го потресе Скопјe: Семејна драма заврши трагично

Скопјанка била убиена вчера вечер во скопската населба Шуто Оризари, објави 24 Инфо.

Убиството се случило околу 22 часот и 30 минути кога 31-годишната жена настрадала сакајќи да спречи тепачка меѓу двајца братучеди. Тие почнале расправија додека седеле и пиеле во дворот на едниот од нив, па едниот се вратил со нож, а сопругата на едниот од братучедите се обидела да ги смири и раздвои., но во хаосто таа била прободена.
Од МВР го потврдија убиството, а детали денеска.

За една недела 70 нови случаи на морбили

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатава недела се регистрирани 70 нови случаи на мали сипаници што е за 17 случаи помалку во однос на претходната недела.

На Клиниката за инфективни болести се лекуваат вкупно 14 пациенти, од кои 12 возрасни и две деца. На одделот за интензивна нега продолжува лекувањето на 16-годишната пациентка со церебрална парализа и ЕPI по морбили и масивна пневмонија.

Кумулативно од почетокот на епидемијата во декември 2018, досега, во нашата држава се регистрирани 1.891 случај на мали сипаници со инциденца од 91,4 на 100.000 жители.

Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата, пак, изнесува 29.857. Од нив, 15.250 деца се вакцинирани на територија на градот Скопје, додека пак, во останатиот дел од државата вакцинирани се 14.607 деца.

„Родители ја препознаа важноста за навремено вакцинирање на децата. Не постои друга поефективна медицинска технологија што го заштитила и го унапредила човековото здравје како вакцинацијата. Таа е единствената мерка за заштита од мали сипаници“, велат од МЗ.

Во извештајот на Европската Комисија се вели дека Министерството за здравство презеде чекори за контрола на ситуацијата со епидемијата, преку директна вакцинација во училиштата и детските градинки и со започнување на голема кампања за вакцинација.

„Само со стапка на вакцинација од над 95 отсто од населението, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширење на вирусот меѓу популацијата. Сите деца што се невакцинирани, за да се заштитат од заболувањето, треба веднаш да се вакцинираат“ велат од Министерството.

Најчитани

Твитови