Над 48.000 посетители на Саемот на книгата

31. издание на Саем на книгата 2019, кој траеше од 8 до 14 мај, вчера се затвори и ја надмина вообичаената посета од страна на читателите. Заклучно со вчерашниот ден, саемот го посетија 48.000 обожаватели на пишаниот збор од кои 40% беа ученици.

Соработката со Република Унгарија и унгарската амбасада во Република Северна Македонија, кој оваа година беше земја во фокус на саемот, како и соработката со ЈСП со воведувањето на двете вонредни линии за полесен пристап на посетителите до најголемата културна манифестација, резултираа, покрај промената на локацијата на Саемот на книгата, овој саем оваа година да го зацврсти своето постоење, без разлика на местоположбата.

И оваа година ја добивме поддршката од Министерството за култура на Република Северна Македонија, што беше исклучително важно за самата манифестација и за издавачката дејност. Овој саем ќе го паметиме по бројните промоции на нови изданија на книги од издавачите, по бројните гостувања на домашни и странски автори, но и по зголемената бројка на посетители на саемот на книгата“ – изјави Сања Кондарко, проект менаџер на Саемот на Книгата.

Во рамките на програмата на Промотивниот центар се доделија наградите во организација на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), како и доделувањето награди организирано од страна на Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ).

На 31. издание на Саем на книгата 2019, кој се затвори вчера, се претставија околу 70 издавачки куќи од Северна Македонија, како и од Унгарија, Србија, Косово, Албанија и Данска.

Саемот беше организиран под мотото 31 година Читај со задоволство!

Невремето искрши автомобили во Крива Паланка (ВИДЕО)

Невремето кое вчера беснееше во Крива Паланка попладнето, направи голема штета.

Пукнати ветробрански стакла, оштетени објекти се само дел последиците, кои се гледаат во видеото од невремето постирано на сајтот на Курир.

Невремето се случи додека цела Македонија беше во жолта фаза.

Убиство го потресе Скопјe: Семејна драма заврши трагично

Скопјанка била убиена вчера вечер во скопската населба Шуто Оризари, објави 24 Инфо.

Убиството се случило околу 22 часот и 30 минути кога 31-годишната жена настрадала сакајќи да спречи тепачка меѓу двајца братучеди. Тие почнале расправија додека седеле и пиеле во дворот на едниот од нив, па едниот се вратил со нож, а сопругата на едниот од братучедите се обидела да ги смири и раздвои., но во хаосто таа била прободена.
Од МВР го потврдија убиството, а детали денеска.

За една недела 70 нови случаи на морбили

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатава недела се регистрирани 70 нови случаи на мали сипаници што е за 17 случаи помалку во однос на претходната недела.

На Клиниката за инфективни болести се лекуваат вкупно 14 пациенти, од кои 12 возрасни и две деца. На одделот за интензивна нега продолжува лекувањето на 16-годишната пациентка со церебрална парализа и ЕPI по морбили и масивна пневмонија.

Кумулативно од почетокот на епидемијата во декември 2018, досега, во нашата држава се регистрирани 1.891 случај на мали сипаници со инциденца од 91,4 на 100.000 жители.

Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата, пак, изнесува 29.857. Од нив, 15.250 деца се вакцинирани на територија на градот Скопје, додека пак, во останатиот дел од државата вакцинирани се 14.607 деца.

„Родители ја препознаа важноста за навремено вакцинирање на децата. Не постои друга поефективна медицинска технологија што го заштитила и го унапредила човековото здравје како вакцинацијата. Таа е единствената мерка за заштита од мали сипаници“, велат од МЗ.

Во извештајот на Европската Комисија се вели дека Министерството за здравство презеде чекори за контрола на ситуацијата со епидемијата, преку директна вакцинација во училиштата и детските градинки и со започнување на голема кампања за вакцинација.

„Само со стапка на вакцинација од над 95 отсто од населението, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширење на вирусот меѓу популацијата. Сите деца што се невакцинирани, за да се заштитат од заболувањето, треба веднаш да се вакцинираат“ велат од Министерството.

Најчитани

Твитови