Хороскопски знаци кои мразат да бидат во врска

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак. Лицата родени во овие хороскопски знаци е тешко да ги смирите…

Ним од се им е повредна нивната слободна варијанта па сериозните врски им се чинат како најлоша работа која може да им се случи.

Девица

Девиците во сите прво ги бараат маните и тешко дека ќе пронајдат некого кој потполно им одговара. Покрај тоа, постои барем доза на страв дека ќе останат повредени па не сакаат да влегуваат во врски туку повеќе сакаат незадолжително да флертуваат.

Водолија

На Водолиите врските им претставуваат пречка во остварувањето на нивните цели. Тие живеат во свој свет во кој нема место за други, барем не во љубовна смисла. Водолиите се уверени во тоа дека се на овој свет за да го променат па љубовните проблеми и емотивните врски само им претставуваат проблем.

Близнаци

Иако им се допаѓа чувството на вљубеност, на Близнаците се бргу им здодева па едноставно си одат. Многу се нечувствителни и прекинувањата им претставуваат само уште една обврска на листата па немојте да се зачудите ако од ведро небо ве дочека ладен туш.Ним животот им е една голема авантура и никому не дозволуваат да им ја одземе.

Невремето искрши автомобили во Крива Паланка (ВИДЕО)

Невремето кое вчера беснееше во Крива Паланка попладнето, направи голема штета.

Пукнати ветробрански стакла, оштетени објекти се само дел последиците, кои се гледаат во видеото од невремето постирано на сајтот на Курир.

Невремето се случи додека цела Македонија беше во жолта фаза.

Убиство го потресе Скопјe: Семејна драма заврши трагично

Скопјанка била убиена вчера вечер во скопската населба Шуто Оризари, објави 24 Инфо.

Убиството се случило околу 22 часот и 30 минути кога 31-годишната жена настрадала сакајќи да спречи тепачка меѓу двајца братучеди. Тие почнале расправија додека седеле и пиеле во дворот на едниот од нив, па едниот се вратил со нож, а сопругата на едниот од братучедите се обидела да ги смири и раздвои., но во хаосто таа била прободена.
Од МВР го потврдија убиството, а детали денеска.

За една недела 70 нови случаи на морбили

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатава недела се регистрирани 70 нови случаи на мали сипаници што е за 17 случаи помалку во однос на претходната недела.

На Клиниката за инфективни болести се лекуваат вкупно 14 пациенти, од кои 12 возрасни и две деца. На одделот за интензивна нега продолжува лекувањето на 16-годишната пациентка со церебрална парализа и ЕPI по морбили и масивна пневмонија.

Кумулативно од почетокот на епидемијата во декември 2018, досега, во нашата држава се регистрирани 1.891 случај на мали сипаници со инциденца од 91,4 на 100.000 жители.

Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата, пак, изнесува 29.857. Од нив, 15.250 деца се вакцинирани на територија на градот Скопје, додека пак, во останатиот дел од државата вакцинирани се 14.607 деца.

„Родители ја препознаа важноста за навремено вакцинирање на децата. Не постои друга поефективна медицинска технологија што го заштитила и го унапредила човековото здравје како вакцинацијата. Таа е единствената мерка за заштита од мали сипаници“, велат од МЗ.

Во извештајот на Европската Комисија се вели дека Министерството за здравство презеде чекори за контрола на ситуацијата со епидемијата, преку директна вакцинација во училиштата и детските градинки и со започнување на голема кампања за вакцинација.

„Само со стапка на вакцинација од над 95 отсто од населението, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширење на вирусот меѓу популацијата. Сите деца што се невакцинирани, за да се заштитат од заболувањето, треба веднаш да се вакцинираат“ велат од Министерството.

Најчитани

Твитови