Измени на законската регулатива за намалување на сивата економија

Намалувањето на неформалната економија е стратешки приоритет и цел на Управата за јавни приходи, и во тој контекст континуирано се спроведуваат активности. За поефикасна борба и за значително намалување на сивата економија се пристапи и кон измени на законската регулатива и кон фискална едукација, вели директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

„Со измените и дополнувањата на Законот за регистрирање на готовинските плаќања се пропишува законска обврска за приложување фискална сметка кон сметката којашто се сторнира. При издавање фискална сметка ќе треба точно да се внесе начинот на плаќање, дали се плаќа во готово или со платежна картичка. УЈП иницираше измени и на Законот за даночна постапка за низа одредби врз основа на коишто се регулираат постапките на Управата за јавни приходи.

Значителна измена е предложена во делот на третманот на нерегистрираните даночни обврзници во насока на заострување на критериумите за санкционирање на овој вид даночни обврзници, односно зголемување на глобите, како и пропишување на задолжителна мерка – привремена забрана за вршење на дејност на нерегистрираните даночни обврзници. Покрај наведеното, со измените на Законот за даночна постапка се прецизира и постапката на службената регистрација и задолжување на овој вид даночни обврзници”, истакна Лукаревска на форумот „Механизми за елиминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати“.

Невремето искрши автомобили во Крива Паланка (ВИДЕО)

Невремето кое вчера беснееше во Крива Паланка попладнето, направи голема штета.

Пукнати ветробрански стакла, оштетени објекти се само дел последиците, кои се гледаат во видеото од невремето постирано на сајтот на Курир.

Невремето се случи додека цела Македонија беше во жолта фаза.

Убиство го потресе Скопјe: Семејна драма заврши трагично

Скопјанка била убиена вчера вечер во скопската населба Шуто Оризари, објави 24 Инфо.

Убиството се случило околу 22 часот и 30 минути кога 31-годишната жена настрадала сакајќи да спречи тепачка меѓу двајца братучеди. Тие почнале расправија додека седеле и пиеле во дворот на едниот од нив, па едниот се вратил со нож, а сопругата на едниот од братучедите се обидела да ги смири и раздвои., но во хаосто таа била прободена.
Од МВР го потврдија убиството, а детали денеска.

За една недела 70 нови случаи на морбили

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатава недела се регистрирани 70 нови случаи на мали сипаници што е за 17 случаи помалку во однос на претходната недела.

На Клиниката за инфективни болести се лекуваат вкупно 14 пациенти, од кои 12 возрасни и две деца. На одделот за интензивна нега продолжува лекувањето на 16-годишната пациентка со церебрална парализа и ЕPI по морбили и масивна пневмонија.

Кумулативно од почетокот на епидемијата во декември 2018, досега, во нашата држава се регистрирани 1.891 случај на мали сипаници со инциденца од 91,4 на 100.000 жители.

Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата, пак, изнесува 29.857. Од нив, 15.250 деца се вакцинирани на територија на градот Скопје, додека пак, во останатиот дел од државата вакцинирани се 14.607 деца.

„Родители ја препознаа важноста за навремено вакцинирање на децата. Не постои друга поефективна медицинска технологија што го заштитила и го унапредила човековото здравје како вакцинацијата. Таа е единствената мерка за заштита од мали сипаници“, велат од МЗ.

Во извештајот на Европската Комисија се вели дека Министерството за здравство презеде чекори за контрола на ситуацијата со епидемијата, преку директна вакцинација во училиштата и детските градинки и со започнување на голема кампања за вакцинација.

„Само со стапка на вакцинација од над 95 отсто од населението, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширење на вирусот меѓу популацијата. Сите деца што се невакцинирани, за да се заштитат од заболувањето, треба веднаш да се вакцинираат“ велат од Министерството.

Најчитани

Твитови