Хан најавува можност Македонија да стане членка на ЕУ пред Србија

Датум за почеток на преговорите за земјава уште летово, а отворање на преговарачките поглавја до крајот на годинава, уведен е еврокомесарот Јоханес Хан во пресрет на клучните четири недели за евроинтеграциите на Македонија. Зборувајќи за нивото на подготвеност на земјите од Западен Балкан на економскиот форум во Виена, Хан е дециден.

Македонија е политички најстабилна, ги затвори сите прашања со соседите и има конструктивна опозиција. Тоа како, што потенцира еврокомесорот, на земјава и дава шанса да ги престигне сите во регионот и да испрати јасен сигнал до најскептичните земји во Унијата дека заслужува зелено светло за почеток на преговорите. 

 

,,Почнавне преговори со Србија и со Црна Гора и во моментов тие се формално најнапред на овој пат, но тоа, не ја исклучува можноста дека Северна Македонија ќе успее да го надокнади тоа заостанување. Јас сум убеден дека до крајот на годинава, ќе ги отвориме првите поглавја. Според новата методологија тоа ќе бидат поглавната 23 и 24. Звучи малку како техничко прашање, но се работи за владеење на правото и се што е поврзано со него, изјави Јоханес Хан, еврокомесар за проширување

Оптимист за исчекор наредниот месец е и македонскиот премиер. Подговени сме и политички и институционално, рече Заев во обраќањето во Виена,  посочувајќи ги како приоритет токму реформите во судството, безбедносните служби и администрацијата, кои се вградени токму во двете најтешки преговарачки поглавја, кои би биле и први отворени. Заев попладнето се сретна со Хан, од кого и лично добил потврда за неговите заложби.

,,Тој е оптимист и јас сум оптимист, рече Заев

Првиот тест за евроинтеграциите на земјава ќе се случи следната среда, кога Европската Комисија ќе го објави извештајот за напредокот на земјава. По еден месец Европскиот совет ќе треба и формално да ја потврди или отфрли препораката за датум, одлука која во најголем дел ќе зависи од Франција, Германија и Холандија. Евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар денеска оцени дека земјава ќе добие позитивен извештај кој ќе препорача преговорите со унијата.

Невремето искрши автомобили во Крива Паланка (ВИДЕО)

Невремето кое вчера беснееше во Крива Паланка попладнето, направи голема штета.

Пукнати ветробрански стакла, оштетени објекти се само дел последиците, кои се гледаат во видеото од невремето постирано на сајтот на Курир.

Невремето се случи додека цела Македонија беше во жолта фаза.

Убиство го потресе Скопјe: Семејна драма заврши трагично

Скопјанка била убиена вчера вечер во скопската населба Шуто Оризари, објави 24 Инфо.

Убиството се случило околу 22 часот и 30 минути кога 31-годишната жена настрадала сакајќи да спречи тепачка меѓу двајца братучеди. Тие почнале расправија додека седеле и пиеле во дворот на едниот од нив, па едниот се вратил со нож, а сопругата на едниот од братучедите се обидела да ги смири и раздвои., но во хаосто таа била прободена.
Од МВР го потврдија убиството, а детали денеска.

За една недела 70 нови случаи на морбили

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатава недела се регистрирани 70 нови случаи на мали сипаници што е за 17 случаи помалку во однос на претходната недела.

На Клиниката за инфективни болести се лекуваат вкупно 14 пациенти, од кои 12 возрасни и две деца. На одделот за интензивна нега продолжува лекувањето на 16-годишната пациентка со церебрална парализа и ЕPI по морбили и масивна пневмонија.

Кумулативно од почетокот на епидемијата во декември 2018, досега, во нашата држава се регистрирани 1.891 случај на мали сипаници со инциденца од 91,4 на 100.000 жители.

Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата, пак, изнесува 29.857. Од нив, 15.250 деца се вакцинирани на територија на градот Скопје, додека пак, во останатиот дел од државата вакцинирани се 14.607 деца.

„Родители ја препознаа важноста за навремено вакцинирање на децата. Не постои друга поефективна медицинска технологија што го заштитила и го унапредила човековото здравје како вакцинацијата. Таа е единствената мерка за заштита од мали сипаници“, велат од МЗ.

Во извештајот на Европската Комисија се вели дека Министерството за здравство презеде чекори за контрола на ситуацијата со епидемијата, преку директна вакцинација во училиштата и детските градинки и со започнување на голема кампања за вакцинација.

„Само со стапка на вакцинација од над 95 отсто од населението, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширење на вирусот меѓу популацијата. Сите деца што се невакцинирани, за да се заштитат од заболувањето, треба веднаш да се вакцинираат“ велат од Министерството.

Најчитани

Твитови