Милијардерот Роберт Ф. Смит ќе ги исплати студентските долгови на сите дипломци

Милијардерот Роберт Ф. Смит соопшти дека ќе ги исплати студентските долгови на сите дипломци од генерацијата 2019 на колеџот „Морхауз“.

За време на обраќање на колеџот, каде студирал и Мартин Лутер Кинг, Смит најави дека неговото семејство ќе го исплати долгот на целата генерација студенти. Проценките се дека студентскиот долг изнесува околу 40 милиони долари.

„Во име на осумте генерации на мојата фамилија кои живееле во оваа држава, ние ќе ставиме малку бензин во вашиот автобус“, изјави Смит.

Тој на церемонијата беше прогласен за почесен докторант на колеџот, а претходно најави подарок од 1.5 милиони долари за колеџот.

22-годишниот студент, Арон Мичом за „Асошиејтед прес“ направил пресметка дека за да го исплати долгот од 200 илјади долари би му биле потребни 25 години одвојувајќи по половина од својата месечна плата. По исплатата на Смит, тој долг повеќе го нема.

„Можам да ја избришам пресметката. Нема да треба да јадам путер од кикиритки целиот живот. Шокиран бев. Сите плачевме. Тоа беше момент во кој почуствувавме како ни паѓа голем товар од грбот“, рекол Мичом.

Невремето искрши автомобили во Крива Паланка (ВИДЕО)

Невремето кое вчера беснееше во Крива Паланка попладнето, направи голема штета.

Пукнати ветробрански стакла, оштетени објекти се само дел последиците, кои се гледаат во видеото од невремето постирано на сајтот на Курир.

Невремето се случи додека цела Македонија беше во жолта фаза.

Убиство го потресе Скопјe: Семејна драма заврши трагично

Скопјанка била убиена вчера вечер во скопската населба Шуто Оризари, објави 24 Инфо.

Убиството се случило околу 22 часот и 30 минути кога 31-годишната жена настрадала сакајќи да спречи тепачка меѓу двајца братучеди. Тие почнале расправија додека седеле и пиеле во дворот на едниот од нив, па едниот се вратил со нож, а сопругата на едниот од братучедите се обидела да ги смири и раздвои., но во хаосто таа била прободена.
Од МВР го потврдија убиството, а детали денеска.

За една недела 70 нови случаи на морбили

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатава недела се регистрирани 70 нови случаи на мали сипаници што е за 17 случаи помалку во однос на претходната недела.

На Клиниката за инфективни болести се лекуваат вкупно 14 пациенти, од кои 12 возрасни и две деца. На одделот за интензивна нега продолжува лекувањето на 16-годишната пациентка со церебрална парализа и ЕPI по морбили и масивна пневмонија.

Кумулативно од почетокот на епидемијата во декември 2018, досега, во нашата држава се регистрирани 1.891 случај на мали сипаници со инциденца од 91,4 на 100.000 жители.

Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата, пак, изнесува 29.857. Од нив, 15.250 деца се вакцинирани на територија на градот Скопје, додека пак, во останатиот дел од државата вакцинирани се 14.607 деца.

„Родители ја препознаа важноста за навремено вакцинирање на децата. Не постои друга поефективна медицинска технологија што го заштитила и го унапредила човековото здравје како вакцинацијата. Таа е единствената мерка за заштита од мали сипаници“, велат од МЗ.

Во извештајот на Европската Комисија се вели дека Министерството за здравство презеде чекори за контрола на ситуацијата со епидемијата, преку директна вакцинација во училиштата и детските градинки и со започнување на голема кампања за вакцинација.

„Само со стапка на вакцинација од над 95 отсто од населението, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширење на вирусот меѓу популацијата. Сите деца што се невакцинирани, за да се заштитат од заболувањето, треба веднаш да се вакцинираат“ велат од Министерството.

Најчитани

Твитови