Хороскопски знаци кои се недостапни кога станува збор за љубовта

Како го замислувате вашиот идеален партнер? Повеќето луѓе кај својот партнер од соништата најчесто гледаат поддршка и личност со којашто можат да ги споделат добрите, но и лошите моменти. Но доколку налетате на некој од следниве хороскопски знаци, можеби ќе помислите дека тие се далеку од совршениот партнер.

Припадниците на следниве 3 хороскопски знаци се речиси секогаш недостапни кога станува збор за љубовта. Доколку сакате да ги освоите, ќе ви бидат потребни многу труд и упорност.

1. Девица

Девиците тешко влегуваат во врски, односно не го прават тоа сè додека не ја променат личноста и не ја прилагодат на себе. Перфекционизмот им е особено важен на Девиците и го бараат и кај нивните партнери. Неретко од вас ќе го очекуваат невозможното, а за да го освоите нивното срце ќе мора да вложите многу труд.

2. Скорпија

Кога ќе ги земете предвид изразените амбиции, Скорпиите немаат време да се впуштаат во врски кои бараат премногу прилагодување, со партнер кој допрва треба да го запознаваат. Скорпиите многу ретко ги ставаат туѓите потреби на прво место доколку не го средиле нивниот живот како што сакаат.

3. Овен

Иако зрачат со самодоверба и харизма, Овните навистина сакаат да контролираат. Па веројатно ќе ви биде тешко да се справите со нивната посесивност и постојана желба за внимание. Доколку имате силен карактер, можете да го повредите егото на Овенот. Во тој момент, тој ќе стане недостапен за вас. Овните можат да се отворат само пред оној партнер пред кој чувствуваат дека можат да го имаат главниот збор.

За лице без брчки не Ви требаат скапи креми: Применете ги овие вежби и гледајте како се создава магија!

Против брчките, несаканите гласници на возраста, кремите и хируршките интервенции не се единственото решение.

Со одредени видови на мускулна гимнастика, исто така, може да се постигне многу. Ова е истовремено ефикасен начин за опуштање и пронаоѓање на внатрешен мир, велат експертите.

Со цел да се направат што е можно поефикасни вежби, тие треба да се прават дневно, наутро и навечер, во траење од пет минути.

* Против брчките помеѓу веѓите, стиснете ги веѓите шест секунди, како да се муртите, а по пауза од 10 секунди повторете ја вежбата.

* Растегнете ги усните со палците во насмевка на кловн, и со показалците притиснете ги надворешните делови од очите истовремено за да избегнете создавање нови брчки. Вежбата трае шест секунди, а потребни се 10 секунди пауза.

* Правете вежби со јазикот, наизменично испружете и вовлечете го јазикот против формирањето на подбрадок.

* За добра циркулација на крв, длабоко вдишете воздух и надујте ги образите, а потоа неколку пати префрлете го воздухот од една на друга страна на образите.

Рецепт на денoт: Посни полжавчиња со сусам!

1. Се замесува од сите состојки меко нелепливо тесто. Се остава да стаса. Се премесува и се сучи правоаголна кора која се премачкува со премазот. Се прави ролат и се сечат мали парчиња да дојдат како полжави.

2. Од страната на секое крукче-полжав се макнува во вода и се валка во сусам. Се оставаат да стасаат. Се печат во загреана рерна на 200С-35мин. 

Состојки

250 мл масло

500 мл вода 1 и пол квасец

4 лажици шеќер

1 лажица сол

1.200 гр брашно

Премаз

1 филџан вода

2 лажици брашно

2 лажици масло

прстофат сол

извор: moirecepti.mk

Идеални фризури за дами со густа коса!

Повеќето жени копнеат по коса полна со волумен и користат многу beauty производи за барем визуелно да го постигнат ефектот на густа коса.

Од друга страна, жените кои имаат многу густа коса имаат големи потешкотии да изберат идеална фризура. Најголем проблем за луѓето со густа коса претставуваат деновите кога косата е непослушна, бидејќи тогаш е нескротлива и не постои ништо со што можете да ја фиксирате и соберете, за да не се распадне за половина час.

Ако имате долга, густа коса, страничните плетенки се идеален избор на фризура за дневни, casual комбинации. Ако сакате формална фризура за работа, убаво исчешлајте ја косата и направете фризура што ќе го задржи секој прамен на свое место.

Од друга страна, ако сте обожавател на бохо стилот, извлечете неколку прамени, за целата фризура да добие messy изглед.

Пунџата е исто така фризура, која ќе ја скроти вашата коса во текот на денот. Најубави се пунџите со волумен, кои изгледаат стилски и богато, па затоа се најдобар избор за девојки со долга и густа коса.

Можете да се одлучите за ниска или висока пунџа, неуредна или совршена балетска пунџа, сè ќе изгледа беспрекорно.

Најчитани

Твитови