Дневен хороскоп (25.05.2019)

Дневен хороскоп (25.05.2019)

ОВЕН

Работа: За сите личности родени во овој знак кои се занимаваат со приватна работа, денешниот ден значи можност за остварување на некоја голема заработка.

Љубов: Подготвени сте за важни одлуки и сериозно планирате иднина на љубовното поле.

Здравје: Добро.

БИК

Работа: Сте дошле до презаситеност со истата секојдневност која не ви се допаѓа, а која сакате да ја напуштите.

Љубов: Очекувајте дека ќе запознаете личност родена во вашиот знак и дека ќе остварите добра комуникација.

Здравје: Чувствителни синуси.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Задоволни сте од моменталната ситуација на работа, особено на полето финансии. Долго сте работеле да дојдете до тука, и сега уживате во она што сте постигнале.

Љубов: Не ве очекуваат некои поголеми турбуленции на емотивен план.

Здравје: Внимавајте на хормоните.

РАК

Работа: Големите очекувања немилосрдно ве водат кон разочарувања. Пробајте реално да ги сфатите околностите во кои се наоѓате.

Љубов: Толку сте вљубени во својот партнер, до таа мера да сте подготвени потполно да се промените.

Здравје: Проблеми со мигрена.

ЛАВ

Работа: Ова е погрешен момент да се залетувате во нови подфати. Најдобро би било сите важни планови да ги одложите за некој друг пат.

Љубов: Многу ви се допаѓа една личност која кон вас не покажува интерес.

Здравје: Проблеми со циркулација.

ДЕВИЦА

Работа: Конечно дошло време за некои позитивни пресврти. Можно е да добиете помош во решавањето на своите проблеми на неочекуван начин.

Љубов: Една силна и личност полна со самодоверба ќе покаже интерес.

Здравје: Добро се чувствувате.

ВАГА

Работа: Полека доаѓате до унапредување на кое се надевате. Продолжете да се трудите вака уште неколку месеци и ќе дојдете до целта.

Љубов: Сакате да влезете во врска која е стабилја и јавна.

Здравје: Ќе ви годи масажа, вкочанети сте.

ШКОРПИЈА

Работа:Можно е денеска да имате повеќе работа и повеќе енергија да работите, па овој ден ќе ви мине активно и успешно.

Љубов: Уживате во необврзувачки флерт и во кратките авантури. Не сте расположени да се врзете.

Здравје: Занимавајте се со спорт.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Денеска ве очекува напната атмосфера на работа и караница со блиските соработници. Пробајте да не направите нешто нагло.

Љубов: Сте одлучиле повеќе да не го криете вашето незадоволство и сериозно да позборувате со партнерот.

Здравје: Главоболка.

ЈАРЕЦ

Работа: Подготвени сте за големи промени и активно го инизирате нивниот почеток. Имате впечаток како предолго да сте трпеле нешто што не ви одговара.

Љубов: Помеѓу вас и личноста која ви се допаѓа, има бројни пречки.

Здравје: Ќе ви годи масажа.

ВОДОЛИЈА

Работа: Се наоѓате на крстопат по прашање на вашата кариера и подготвени сте на предностите и на мааните на сите опции.

Љубов: Ќе минете прекрасен ден со саканата личност, исполнет со убави моменти кои двајцата долго ќе ги паметите.

Здравје: Водете сметка околу црниот дроб и бубрезите.

РИБИ

Работа: Денешниот ден не носи никакви промени. Пробате да ги спуштите своите очекувања и да ја прифатите моменталната ситуација.

Љубов: Саканата особна покажува многу недоверба кон вас поради тоа што често ве ограничува.

Здравје: Вознемирени сте и под стрес сте.

Мажи, сте слушнале ли за Наполеонов комплекс?

Според некои преданија, Наполеон нискиот раст го компензирал војувајќи. Наполеновиот комплекс е еден од најголемите машки проблеми со кои мора да се борат целиот живот.

Личноста која има просечен или неколку сантиметри помал раст од останатите, се чувствува неадекватно и помалку вредно.

Стереотипот кој ги прати мажите со низок раст е дека се поагресивни, погласни и имаат желба за привлекување внимание и докажување.

Фројд тоа го објаснува со фактот дека тоа е одбрамбен став на егото заради кое мажот не може да поднесе да е понизок од просекот.

Антрополозите го поврзуваат агресивниот настап на ниските мажи со еволуциската теорија според која ниските и слаби мажи својата надмоќ ја докажувале така што биле гласни и нападни.

Научниците од центарот за контрола на болести во Атланта неодамна објавиле студија која покажала дека тоа може да биде вистина, односно дека ниските луѓе се поагресивни и понасилни.

Студијата опфатила 600 мажи на возраст од 18-50 години и утврдено е дека тие кои се чувствувале помалку мажествено имаат три пати поголема веројатност да станат насилници.

Стручните лица тврдат дека ниските мажи се чувствуваат поранливо и се склони кон параноја. Но, треба да се наведе дека тестираната група сепак е премногу мала за да може да се извлечат коректни заклучоци.

Зошто сексот на плажа понекогаш е лоша идеја?

Иако звучи многу привлечно и романтично, природата не работи во ваша полза кога се во прашање интимните и страствени моменти. Освен тоа што има многу работи кои ќе ви пречат, ризикувате и опасност од инфекции.

А навистина звучи секси: море, плажа, песок, двајца заљубени… Но, не е се така едноставно како што изгледа. Еве зошто сексот на плажа може да се претвори во ноќна мора.

Песокот влегува секаде

Песочните плажи изгледаат како од бајка, но не се идеално место за секс. Ситните песочни зрнца ќе ви се вовлечат речиси во сите делови од телото, а ако ви се залепат за телото, тогаш ќе ви сметаат за време на односот, а можно е и да почувствувате болка ако влезат во интимните делови.

Сексот би требало да биде спонтан

Но, не е. За почеток ќе посакате да ставите нешто под себе, затоа што не можете да бидете голи ниту на песок, а особено не на камења, бидејќи ќе ве боли. Морате да ставите пешкир или ќебе, но за да не ви пречат, ќе мора да ставите камења на краевите за ветерот да не ги вее. Кога ќе го направите тоа, сфаќате дека сепак има премногу луѓе околу вас, па потоа одите да барате поосамени плажи. Кога ќе го направите се ова, подготвени сте за акција. Но, дали? Или попатно сте ја изгубиле желбата затоа што тоа веќе е навистина детално планиран секс.

Летен пинџур со тиквички - вкусно и брзо се прави

Многу лесно и вкусно пинџурче за ручек во жешки денови.

Се сецкаат тиквички, модар патлиџан, пиперки и домати и се ставаат во тава.

Се посолуваат и се става малку зејтин, се меша и се пече околу пола час на 180 степени. Треба да се промешува неколку пати за време на печењето. Пред крајот се додава сецкан лук и магдонос, се промешува и се пече уште 5 минути.

Состојки 2 тиквички 5,6 пиперки (благи и по некоја лута ако сакате) 3 домати 1 модар патлиџан 1 голема лажица свеж магдонос 2 чешниња лук по вкус масло и сол

Се сервира со павлака и сиренце.Наздравје! Прочитај повеќе: 

Најчитани

Твитови