Isla Sa Ferradura – вистински рај за секој од нас!

Ибица е веќе истражено игралиште за љубителите на добри забави, бурен ноќен живот и сè друго што доаѓа со него.

Дури и денес, клубовите кои ја прославија работат, но за оние туристи кои не сакаат нивниот одмор да помине во непроспиени ноќи и забави до зори, блиските острови нудат многу поинтересни опции.

Инсајдерската тајна на жителите на Ибица и тврдоглавите светски патници која ви ја откриваме овој пат е Isla Sa Ferradura, која е вистински рај за секој од нас. Приватниот имот кој се наоѓа таму доаѓа со шест спални соби, два базени и персонал на располагање во текот на целиот ден.

Овие хороскопски знаци се оние кои најмногу изневеруваат!

Некои луѓе се склони кон обновувањето на љубовните врски со поранешните партнери иако се во брак, други тоа го прават бидејќи уживаат кога се во центарот на вниманието, а некои пак едноставно имаат силен сексуален нагон кој не знаат да го контролираат.

Скорпија

Луѓето родени во овој знак имаат силен сексуален нагон што може да ги доведе до ситуација да го изневерат својот партнер и тоа во случај доколку нивниот однос не е доволно страствен. Кога Скорпиите ќе видат нешто што сакаат да го имаат, без разлика дали станува збор за некоја личност или пак нешто материјално, ќе направат се за да го добијат. Тоа вклучува и лажење и манипулирање доколку е потребно.

Вага

Кога ќе дојде до проблем во врската, Вагите ќе направат се за да се реши ситуацијата. Но, тие не сакаат расправии и ќе се обидат на секој начин да ги избегнат. Понекогаш знаат да се преправаат дека не забележуваат што се случува за да има мир во куќата. Иако луѓето родени во овој знак не се склони кон прељуба, ќе го направат тоа за да се чувствуваат подобро, за да почувствуваат дека и понатаму се пожелни и да ја пополнат празнината која ја чувствваат бидејќи се во несреќна врска.

Лав

Сите знаат дека Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и тешко ќе им одолеат на луѓето кои ги третираат на тој начин. Нивното его и самодоверба може да биде атрактивно за другите. Тоа е и причината поради која големи се шансите да извршат прељуба, особено ако оној кој пробува да ги освои го храни нивното его.

Стрелец

Луѓето родени во овој знак имаат немирен дух, многу се радознали и секогаш бараат нешто ново и возбудливо. Многу се спонтани и често постапуваат без да размислат за последиците. Кога се Стрелците несреќни во врска, ќе го изневерат партнерот со еден или повеќе љубовници. Нивната слободоумност и авантуристички дух за другите се многу привлечни.

Кога е вистинско време за брак?!

Бракот всушност не е најсреќен на почетокот, колку и тоа да ви изгледа вистинито - американските научници тврдат дека треба да поминат отприлика 20 години, за работите да си дојдат на свое место.

„Иако разводот денес е многу честа појава, половина од браковите траат засекогаш. Долгорочната прогноза за таквите бракови е оптимистична, бидејќи нивото на среќата и задоволството стануваат сè поголеми, а незадоволството се намалува“, изјавил еден од водачите на студијата на Универзитетот Пенсилванија, Пол Амато.

Сер Пол Колерид, од Фондацијата за брак, вели: „Луѓето сакаат стабилен и задоволителен моногамен однос. Ако ги надминат сите предизвици со кои што се соочуваат низ животот, можат да го постигнат тој однос“.

Причината за ова зголемено ниво на брачната среќа, лежи во фактот дека партнерите после толку многу години наоѓаат подлабоки нивоа на приврзаност, што води до поголемо уживање во друштво на својата друга половина.

Најверојатно, тајната за успешен брак е да бидете трпеливи со вашиот животен партнер, бидејќи тоа на крајот се исплати.

На што треба да внимавате летно време за да избегнете труење од храна!

Во текот на летото поради високите температури се зголемува ризикот од болести кои се пренесуваат преку храната. Стручните лица предупредуваат, ако се сомневате дека храната е расипана, обавезно да ја фрлите. Освен тоа постојат две причини поради кои храната во лето е опасна и мораме да бидеме особено внимателни при подготовка и чување.

1. Зголемената температура и влажноста на воздухот се погодни за размножување на бактериите како што се салмонела и ешерихија коли, преносливи преку храната.

2. Летото носи зголемени активности надвор од вашиот дом, па миењето и складирање на храната не ни е секогаш достапно. Измијте си ги рацете и работната површина најмалку 20 секунди пред да ја допрете храната и суровото месо, но не заборавајте на други правила. Обавезно да си ги измиете рацете по напуштањето на тоалетот, менување на пелените или по допир на вашите куќни миленици.

3. Ако одите на излет или кампување прашајте дали таму водата е чиста. Ако не е чиста, понесете си со себе вода за припрема на храната и дезинфекциски гелови за чистење на рацете. За да ги зачувате остатоците од храната, користете само чиста пластична кеса или чист сад со капак.

Храната треба да се приготвува на соодветна температура и ако можете користете дигитален термометар за да бидете сигурни дека храната е безбедна за консумирање.

Запомнете, бактериите се размножуваат кога ќе дозволите храната да се лади полека. Кога патувате, не е лошо фижидерот да го сместите во најладниот дел од автомобилот и под сенка кога тоа е возможно. Доколку мразот во фрижидерот се одмрзне, веднаш фрлете ја храната.

Најчитани

Твитови