Дали постои зависност од порнографија?

Актерката Џејда Пинкет Смит неодамна јавно зборуваше за нејзината зависност од порно филмови. Подоцна таа кажа дека во периодот кога се обидувала да апстинира имала нездрав однос кон порнографијата.

Таа рече дека го користела порното за да ја исполни емоционалната празнина.

„Тоа беше како пополнување празнина, барем така си мислите, а всушност не е“, објасни Смит.

Порнографијата во ера на паметни телефони, таблети и лаптопи стана попристапна од кога било досега. Додека некои луѓе може да уживаат во порнографски содржини на здрав начин, за други може да стане нездрава опсесија.

Она што уште може со сигурност да се каже дека уште не е дијагностицирана зависност од порнографија како пореметување.

Долго време меѓу психолозите се води дискусија околу тоа дали компулсивното гледање на порнографски содржини може да се смета за зависност.

Но, во најновото издание на Прирачникот за дијагностика и статистика на ментални пореметувања не е наведена зависноста од порнографија. Иако имаше дискусии за додавање на хиперсексуални пореметувања во кои би било вклучено компулсивното користење порнографија, во конечниот предлог идејата беше одбиена поради недостиг на научни истражувања.

Некои експерти сметаат дека компулсивното користење на порнографски содржини би можело да биде манифестација на CSBD – пореметување што се карактеризира со постојана шема на неуспешно контролирање на интензивни, повторувачки сексуални импулси или нагони што резултираат со повторување на сексуалното однесување.

„Голем број поединци поминуваат премногу време гледајќи порно. Иако тоа само по себе не претставува пореметување на менталното здравје, ако личноста продолжува да гледа порно филмови и тоа им штети на нејзините емоции и секојдневното функционирање до степен личноста да не може да ја промени таа навика, тоа изгледа како психичко пореметување, исто како и коцкањето“, вели психологот Рори Рејд.

Едно мало истражување спроведено на Универзитетот Кембриџ во 2014 година покажа дека кај личностите со компулсивно сексуално однесување гледање порнографија е регистрирана мозочна активност слична како кај зависниците од дрога.

Меѓутоа, иако овие заклучоци се интересни, ниту едно истражување нема докази дека овие поединци се зависни од порнографија. Тоа не значи дека нема луѓе кои се борат со компулсивно-опсесивно гледање порно.

Иако не е регистрирана како зависност, оваа појава има сериозни негативни последици.

„Кога употребата на порнографија се одразува штетно на личните односи на поединецот, претставува ризик за работното место и негативно влијае на нивниот сексуален живот, тоа се први знаци дека тоа зазема размери на зависност“, вели Рејд.

Невремето искрши автомобили во Крива Паланка (ВИДЕО)

Невремето кое вчера беснееше во Крива Паланка попладнето, направи голема штета.

Пукнати ветробрански стакла, оштетени објекти се само дел последиците, кои се гледаат во видеото од невремето постирано на сајтот на Курир.

Невремето се случи додека цела Македонија беше во жолта фаза.

Убиство го потресе Скопјe: Семејна драма заврши трагично

Скопјанка била убиена вчера вечер во скопската населба Шуто Оризари, објави 24 Инфо.

Убиството се случило околу 22 часот и 30 минути кога 31-годишната жена настрадала сакајќи да спречи тепачка меѓу двајца братучеди. Тие почнале расправија додека седеле и пиеле во дворот на едниот од нив, па едниот се вратил со нож, а сопругата на едниот од братучедите се обидела да ги смири и раздвои., но во хаосто таа била прободена.
Од МВР го потврдија убиството, а детали денеска.

За една недела 70 нови случаи на морбили

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатава недела се регистрирани 70 нови случаи на мали сипаници што е за 17 случаи помалку во однос на претходната недела.

На Клиниката за инфективни болести се лекуваат вкупно 14 пациенти, од кои 12 возрасни и две деца. На одделот за интензивна нега продолжува лекувањето на 16-годишната пациентка со церебрална парализа и ЕPI по морбили и масивна пневмонија.

Кумулативно од почетокот на епидемијата во декември 2018, досега, во нашата држава се регистрирани 1.891 случај на мали сипаници со инциденца од 91,4 на 100.000 жители.

Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата, пак, изнесува 29.857. Од нив, 15.250 деца се вакцинирани на територија на градот Скопје, додека пак, во останатиот дел од државата вакцинирани се 14.607 деца.

„Родители ја препознаа важноста за навремено вакцинирање на децата. Не постои друга поефективна медицинска технологија што го заштитила и го унапредила човековото здравје како вакцинацијата. Таа е единствената мерка за заштита од мали сипаници“, велат од МЗ.

Во извештајот на Европската Комисија се вели дека Министерството за здравство презеде чекори за контрола на ситуацијата со епидемијата, преку директна вакцинација во училиштата и детските градинки и со започнување на голема кампања за вакцинација.

„Само со стапка на вакцинација од над 95 отсто од населението, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширење на вирусот меѓу популацијата. Сите деца што се невакцинирани, за да се заштитат од заболувањето, треба веднаш да се вакцинираат“ велат од Министерството.

Најчитани

Твитови