Тони Зен го промовираше својот најнов албум „Од изворот на изборот“

Пред повеќе стотици гости, најголем дел негови пријатели и препознатливи музички имиња од домашната сцена, Тони Петковски нескриено ја искажа радоста по повод излегувањето на неговиот најнов соло албум и по тој повод пред присутните се обрати:

„Сите 8 песни се инспирирани од моите лични искуства изминативе години. Овој албум се слуша со срце. Не случајно е акустичен, мирен и сниман во 432Hz, со цел да се задржи природната фреквенција. Музиката на албумот е посветена на вистината, љубовта и просветлението“.

Меѓу присутните гости беа пеачот Виктор Апостоловски, македонската поп икона Дани Димитровска, музичарот и продуцент Мите Димовски, џез музичарот Џоле Максимовски, познатиот пеач и композитор Никола Перевски – Пере од Нокаут, Ранко Петровиќ…

Албумот е независно издаден со поддршка на СТ Продукција како дистрибуција и изработка на ЦД и обвивка. Сниман е во студиото „Knobs Keys ‘n Stuff“ заедно со Бојан Филиповски „Gloomie“, додека миксот и мастерингот го изработи Мите Димовски во Тралала студио.

Албумот има 8 песни. Текстовите ги напиша Тони Петковски – Зен, а музиката ја создаде заедно со Кирил Бабамов (гитара) и Ратко Даутовски (перкусии). Mузичари кои дадоа свој придонес на албумот се Мартин Јосифовски на бас гитара, саксофон и флејта – Борислав Веселинов, клавијатури – Борче Кузмановски и Бојан Филиповски, Александар Пешевски Сале – усна хармоника и пратечки вокали – Весна Малинова Бабамова и Бојан Филиповски.

Од денеска албумот е во продажба во музичките продавници.

Правилното дишење, златна алатка во фитнесот!

Се спремате рекреативно или поозбилно за некој маратон па покрај вниманието што го оддавате на исхраната, хидратацијата, опремата итн. не заборавајте го најважниот сегмент од секое трчање – дишењето!

Сите сме го почувствувале тој момент во некој дел од нашата тркачка историја, било како деца, рекреативни или поозбилни тркачи кога здивот се губи од контрола и целото темпо се руши поради задишаноста. Ова претставува природна компонента на спортот бидејќи телото се бори за воздух, но истата може да се скроти и пренасочи со правилни техники на дишење во текот на трчањето, но и во преостанатите животни активности.

Клучот за трчање на подолги дистанци е да му се овозможи на телото доволен доток на кислород на мускулите кои имаат побарувачка. Тука во равенката влегува правилната техника на дишење која ќе му овозможи на човекот комплетно полнење и празнење на белодробниот капацитет, а тоа ќе го зголеми вкупниот волумен на вдишан кислород.

За овој процес да се случува на оптимален начин, потребно е човекот да дише споро и длабоко во текот на активноста, наместо кратко и плитко. Всушност, правилното дишење секогаш треба да “извира” од дијафрагмата, односно, тоа да биде стомачно, бидејќи овој тип на дишење е најефикасен во споредба со другите типови.

Абдоминалниот тип на дишење, иако недоволно практикуван од широката популација (луѓето често мислат дека ширењето на градите е знак за целосно наполнето белодробие) е всушност најприродниот начин на земање на воздух, а неговото инкорпорирање во секојдневието може да се постигне со свесно менување на навиките на дишење.

Доколку не сте сигурни дали дишете на овој начин, легнете на подот и рацете ставете ги над папокот. При вдишувањето, единствен дел што треба да се подигнува и спушта се рацете односно стомакот, не и градниот кош.

Кога ќе го вметнете ваквиот тип на дишење во ваштето секојдневие, во канцеларија, при стоење итн. веќе можете да го почнете да го практикувате и во трчањето каде свесно ќе се обидете да ја одржувате што е можно помирна и длабока секоја респираторна сесија.

Храна од микробранова: Штетна или не?!

Иако повеќето од нас веќе долго ја користат, секогаш останува енигма дали е навистина безбедно да ја подготвувате храната во микробранова печка – дали загревањето или подготвувањето на храна во неа е навистина здраво?

Експертите од Харвард тврдат дека е здраво, но не е се така едноставно. Имено, иако топлината која во бранови ја грее храната не е опасна сама по себе, некои видови на храна повеќето хранливи материи ќе ги задржат со вообичаеното готвење.

Од друга стана, за готвењето во микробранова печка особено е погодна онаа храна која ќе задржи повеќе хранливи супстанци ако се приготвува пократко и со што помалку течности. На пример, зеленчукот кој содржи многу витамин Ц е подобро да го подготвувате во неа.

Експертите според тоа заклучуваат дека не само што не треба да се плашите од храната од микробранова туку и во одредени случаи таа може да биде дури и поздрава.

Течен сапун vs Обичен сапун: Која употреба е поздрава и покорисна за кожата!

Многумина го користат течниот сапун наместо оној во цврста состојба, сметајќи дека поради амбалажата се отпорни на бактерии и дека нуди повеќе чистота.

На амбалажите на течниот сапун и тоа како можат да се соберат бактерии, кои најмногу се таложат на пластичните затворачи, кога ќе ги притиснете за сапунот да излезе. Ова особено важи за оние амбалажи кои повторно ги полните со течност.

Ден Ренер од фирмата „Катол Продактс“, која произведува средства за чистење, вели дека секоја амбалажа може да дојде во допир со бактерии кои се наоѓаат во близина.

„До тоа може да дојде преку валкани раце, валкани крпи за перење, валкана вода или честички во воздухот кои се собираат по повторното полнење“, истакна тој.

Токму поради овој факт потребно е  редовно да ги дезинфиицирате амбалажите за течен сапун, а посебно ако ги користите повеќе пати и повторно ги полните со сапун.

Најчитани

Твитови