Pokemon Company на конференција во Токио најави нова апликација/игра наречена Pokemon Sleep. Играта ќе можете да ја инсталирате на своите уреди во 2020 година, а ќе биде достапна и за Android и за iOS.
“Играчите ќе уживаат во добриот сон заедно со Pokemon, а будењето ќе биде вистинско задоволство. Доколку податоците за спиењето на корисникот се пренесат на телефон, нешто забавно ќе го дочека кога ќе се разбуди” велат од компанијата Pokemon.

До неодамна Покемоните беа достапни само за уреди на Nintendo, но преминот на смартфони навистина се исплатеше. Играта Pokemon Go и денес заработува многу пари, а од Nintendo најавија дека ќе почнат да продаваат и нова верзија на Pokemon go plus +.
Во текот на денот ќе можете да го користите за Pokemon Go, а пред спиење да го ставите на перница за да го следи вашето спиење и да испраќа информации на телефон преку Bluetooth.