Нови цени на горивата во Македонија

Утре нови цени на горивата во Македонија, новата цена ќе важи од полноќ.

РКЕ по најавената измена или нова методологија за цените на горивата ги намали цените минатиот понеделник.

Засега цената на „еуросупер 95“ е 69,50 денари за литар, „еуросупер 98“ е 72 денара за литар, а „еуродизелот“ се продава за 62,50 денари. Екстра лесното масло, се продава по цена од 52 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС сега е 35,118 денари.

За потсетување, откако бензинските сами ги утврдуваат цените на горивата и заврши старата методологија на пресметка со истекувањето на купородажниот договор со Окта, регулаторна повторно ги утврдува цњените во Македонија.

Во новата методологија РКЕ ја зголеми малопродажната маржа од сегашните 3,2 на 4,6 денари по литар, иако трговците бараа таа да изнесува од 6,2 до 6,5 денари за литар. Покрај тоа, трошокот за транспорт во државата е пресметан на 0,75 денари за литар.

И со новата методологија, курсот на доларот во однос на денарот и движењето на цената на суровата нафта и на нафтените деривати на светските берзи остануваат главни критериуми од кои зависи малопродажната цена на горивата на бензинските пумпи низ земјава.

Со донесувањето на новата методологија престанува времената либерализација на пазарот на горивата во земјава што траеше две недели поради не потпишувањето на измените на Законот за енергетика од поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов кои беа неопходни за да се донесе подзаконскиот акт за одредување на новата методологија.

Девојката му направила "шливка" на вратот, а тој одма потоа починал

17 годишниот Хулио Гонзалес од Мексико Сити починал од гушење предизвикан од тромб, кој девојката му го направила со бакнеж.

Во текот на вечерата со фамилијата, Хулијо почнал да се гуши, неговите родители веднаш повикале помош од лекари, но тие за жал не можеле ништо да сторат и тинејџерот починал. 

За смртта на момчето се сомнева дека е “виновна“ неговата девојка која непосредно пред тоа на вратот му направила “шливка“, при што настанал тромб кој допатувал до неговиот мозок и предизвикал мозочен удар.

Според пишувањата на медиумите девојката е во бегство бидејќи е исплашена дека може да биде обвинета за смртта на младото момче.

Ова не е прв ваков случај: пред две години 44 годишна жена од Нов Зеланд останала неподвижна по мозочен удар предизвикан од слични околности.

Лекарите не можеле да објаснат која е причината за парализа на левата рака се додека не приметиле модрица на нејзиниот врат и оштететна артерија. На пациентката и била дадена терапија, па после една недела дена таа заздравила.

Вистинска случајност: Фотографии кои се направени случајно, а потсетуваат на реални ликови и животни (галерија)

Биди поразличен, оригиналот е вреден!

Водејќи се според ова мото некои луѓе биле навистина креативни и направиле вистински уметнички дела, фотографирајќи предмети и моменти од вистинскиот агол.

Едноставно уживајте и разбудете ја креативноста во себе:

12 филмски грешки од врвни филмови кои речиси и никој не ги забележува, а се очигледни (галерија)

Ние како тим и истражувачи ви претставуваме популарни и одлични филмови. Сепак, исто така знаеме дека дури и најдобрите од нив секогаш имаат неколку грешки. Тоа не ги  праваи полоши, се разбира, но по оваа галерија ќе имате добра причина да ги погледнете повторно и да се фокусирате на деталите да ги забележите недостатоците.

Погледнете:

#1# Iron Man 2

#2# Deadpool

#3# Forrest Gump

#4# Harry Potter and the Philosopher’s Stone

#5# Titanic

#6# Pulp Fiction

#7# The Fifth Element

#8# Tangled

Најчитани

Твитови