По Светското првенство во 2022 капацитетот и површината на стадионот ќе бидат намалени

Проектот на стадионот инспириран од традиционалните пловечки јахти е потпишан од бирото на познатиот архитект Захе Хадид.

Еден од централните стадиони на следното Светско првенство во фудбалот, закажано за зимата 2022 година, е отворен уште пред квалификациите. Топката во Ал Janoub во градот Ал Вакрах во Катар се заврте во средината на мај, како дел од Амир првенството, а влезниците за овој настан биле целосно распродадени, што не е за потценување, бидејќи на стадионот сега има 40.000 седишта.

Проектот за стадионот Ал Џенаб, потпишан од студиото Захе Хадид, беше прифатен во 2013 година, а работите започнаа следната година.

„Извонреден стадион за авантуристички град“, вака го опишуваат дизајнерите на студиото Zha. Стадионот е сместен во едно од најстарите населени места во Катар. Врховниот комитет за транспорт и наследство во Катар беше одговорен за извршување на работите и организацијата на инфраструктурата во овој дел од градот. Од компанијата велат дека комплексот во Ал Jumaylīyah не е само стадионот, туку и серија на придружни објекти како што се музеи, продавници и убави пешачки патеки околу објектите.

Стадионот има впечатлив покрив, кој, ако е потребно, може да биде целосно извлечен и затоа се користи во текот на целата година, дури и на највисока топлина. Напредните климатизери, вградени во сите делови на стадионот, може да се оладат до 18 ° C, а на теренот и до 20 ° C.

Интересно е што по Светското првенство, капацитетот и површината на стадионот ќе бидат значително намалени, благодарение на модуларните елементи на конструкцијата. Имено, веднаш по финалето, бројот на местата ќе се намали за 20 илјади, а столчињата Комитетот ќе ги донира за спортски проекти во странство. После тоа, стадионот му припаѓа на домашниот спортски клуб Ал Вакра.

Изгледот на стадионот е инспириран од едрата на традиционалните трговски бродови (Dhow) какви што често може да се сретнат на Нил, на Црвеното Море и Индискиот Океан. Со овој дизајн, архитектите од студиото Zha сакаат да потсетат на старите занаети и практики во регионот, во што спаѓаат риболов и лов на бисери.

Невремето искрши автомобили во Крива Паланка (ВИДЕО)

Невремето кое вчера беснееше во Крива Паланка попладнето, направи голема штета.

Пукнати ветробрански стакла, оштетени објекти се само дел последиците, кои се гледаат во видеото од невремето постирано на сајтот на Курир.

Невремето се случи додека цела Македонија беше во жолта фаза.

Убиство го потресе Скопјe: Семејна драма заврши трагично

Скопјанка била убиена вчера вечер во скопската населба Шуто Оризари, објави 24 Инфо.

Убиството се случило околу 22 часот и 30 минути кога 31-годишната жена настрадала сакајќи да спречи тепачка меѓу двајца братучеди. Тие почнале расправија додека седеле и пиеле во дворот на едниот од нив, па едниот се вратил со нож, а сопругата на едниот од братучедите се обидела да ги смири и раздвои., но во хаосто таа била прободена.
Од МВР го потврдија убиството, а детали денеска.

За една недела 70 нови случаи на морбили

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатава недела се регистрирани 70 нови случаи на мали сипаници што е за 17 случаи помалку во однос на претходната недела.

На Клиниката за инфективни болести се лекуваат вкупно 14 пациенти, од кои 12 возрасни и две деца. На одделот за интензивна нега продолжува лекувањето на 16-годишната пациентка со церебрална парализа и ЕPI по морбили и масивна пневмонија.

Кумулативно од почетокот на епидемијата во декември 2018, досега, во нашата држава се регистрирани 1.891 случај на мали сипаници со инциденца од 91,4 на 100.000 жители.

Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата, пак, изнесува 29.857. Од нив, 15.250 деца се вакцинирани на територија на градот Скопје, додека пак, во останатиот дел од државата вакцинирани се 14.607 деца.

„Родители ја препознаа важноста за навремено вакцинирање на децата. Не постои друга поефективна медицинска технологија што го заштитила и го унапредила човековото здравје како вакцинацијата. Таа е единствената мерка за заштита од мали сипаници“, велат од МЗ.

Во извештајот на Европската Комисија се вели дека Министерството за здравство презеде чекори за контрола на ситуацијата со епидемијата, преку директна вакцинација во училиштата и детските градинки и со започнување на голема кампања за вакцинација.

„Само со стапка на вакцинација од над 95 отсто од населението, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширење на вирусот меѓу популацијата. Сите деца што се невакцинирани, за да се заштитат од заболувањето, треба веднаш да се вакцинираат“ велат од Министерството.

Најчитани

Твитови