Есад Рахиќ назначен за нов директор на затворот во Шутка

На денешната владина седница Есад Рахиќ е назначен за директор на истражниот затвор во Шутка.
Тој доаѓа на местото на Ѓоко Котевски кој си поднесе оставка во февруари, по инцидентот со обвинетите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески во дворот на истражниот затвор. Тогаш Заев побара оставка од Котевски.

Оставката на Котевски му беше констатирана веднаш, но за именување на новиот директор се чекаше да завршат претседателските избри.
Рахиќ беше пратеник на СДСМ од 2002 до 2006 година кога беше исклучен од партијата и во вториот пратенички мандат делуваше како независен.

Девојката му направила "шливка" на вратот, а тој одма потоа починал

17 годишниот Хулио Гонзалес од Мексико Сити починал од гушење предизвикан од тромб, кој девојката му го направила со бакнеж.

Во текот на вечерата со фамилијата, Хулијо почнал да се гуши, неговите родители веднаш повикале помош од лекари, но тие за жал не можеле ништо да сторат и тинејџерот починал. 

За смртта на момчето се сомнева дека е “виновна“ неговата девојка која непосредно пред тоа на вратот му направила “шливка“, при што настанал тромб кој допатувал до неговиот мозок и предизвикал мозочен удар.

Според пишувањата на медиумите девојката е во бегство бидејќи е исплашена дека може да биде обвинета за смртта на младото момче.

Ова не е прв ваков случај: пред две години 44 годишна жена од Нов Зеланд останала неподвижна по мозочен удар предизвикан од слични околности.

Лекарите не можеле да објаснат која е причината за парализа на левата рака се додека не приметиле модрица на нејзиниот врат и оштететна артерија. На пациентката и била дадена терапија, па после една недела дена таа заздравила.

Вистинска случајност: Фотографии кои се направени случајно, а потсетуваат на реални ликови и животни (галерија)

Биди поразличен, оригиналот е вреден!

Водејќи се според ова мото некои луѓе биле навистина креативни и направиле вистински уметнички дела, фотографирајќи предмети и моменти од вистинскиот агол.

Едноставно уживајте и разбудете ја креативноста во себе:

12 филмски грешки од врвни филмови кои речиси и никој не ги забележува, а се очигледни (галерија)

Ние како тим и истражувачи ви претставуваме популарни и одлични филмови. Сепак, исто така знаеме дека дури и најдобрите од нив секогаш имаат неколку грешки. Тоа не ги  праваи полоши, се разбира, но по оваа галерија ќе имате добра причина да ги погледнете повторно и да се фокусирате на деталите да ги забележите недостатоците.

Погледнете:

#1# Iron Man 2

#2# Deadpool

#3# Forrest Gump

#4# Harry Potter and the Philosopher’s Stone

#5# Titanic

#6# Pulp Fiction

#7# The Fifth Element

#8# Tangled

Најчитани

Твитови