За една недела 70 нови случаи на морбили

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатава недела се регистрирани 70 нови случаи на мали сипаници што е за 17 случаи помалку во однос на претходната недела.

На Клиниката за инфективни болести се лекуваат вкупно 14 пациенти, од кои 12 возрасни и две деца. На одделот за интензивна нега продолжува лекувањето на 16-годишната пациентка со церебрална парализа и ЕPI по морбили и масивна пневмонија.

Кумулативно од почетокот на епидемијата во декември 2018, досега, во нашата држава се регистрирани 1.891 случај на мали сипаници со инциденца од 91,4 на 100.000 жители.

Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата, пак, изнесува 29.857. Од нив, 15.250 деца се вакцинирани на територија на градот Скопје, додека пак, во останатиот дел од државата вакцинирани се 14.607 деца.

„Родители ја препознаа важноста за навремено вакцинирање на децата. Не постои друга поефективна медицинска технологија што го заштитила и го унапредила човековото здравје како вакцинацијата. Таа е единствената мерка за заштита од мали сипаници“, велат од МЗ.

Во извештајот на Европската Комисија се вели дека Министерството за здравство презеде чекори за контрола на ситуацијата со епидемијата, преку директна вакцинација во училиштата и детските градинки и со започнување на голема кампања за вакцинација.

„Само со стапка на вакцинација од над 95 отсто од населението, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширење на вирусот меѓу популацијата. Сите деца што се невакцинирани, за да се заштитат од заболувањето, треба веднаш да се вакцинираат“ велат од Министерството.

Малите кучиња се поагресивни

И покрај верувањата дека најагресивни и најопасни кучиња се бул-териерите (пит бул, стафордски териер), доберманите и ротвајлерите, ново американско истражување посочува дека најопасни се малите раси. Трудот е објавен во списанието „Аплајд енимал бихејвиор сајенс“, а спроведен од Универзитетот на Пенсилванија.

Тоа опфатило 6.000 испитаници, сопственици на 33 раси кучиња, и се покажало дека најагресивно куче е – дакелот (познат и како јазавичар). Според наводите, секој петти дакел гризнал непознато лице или нападнал друго куче, а секој дванаесетти го нападнал својот сопственик. На второ место е чивавата, а трети е „Џек Расел“ териерот.

Најнеагресивни се басетите, златните ретривери, лабрадорите, сибирските хаски и англиските кратковлакнести борзои. Бул-териерите и ротвајлерите се некаде на средина, а некои и под просекот. Научниците напомнуваат и дека за нападите на оние „големите кучиња“ нај многу се говори оти тие се посилни и поопасни од другите.

Истражување: Малите кучиња се поагресивни | opserver.mk

Карлеуша се смири со најголемата ривалка, познати деталите

Кристина Киа Коcкар и Јелена Карлеуша се смирија.
 
Фолк дивата одлучи да ги „закопа военаите секири“ заради мајката на Киа која во младоста му помагала на нејзиниот сопруг Душко.

– „Никогаш не мислев ништо лошо, без врска се препукувавме … Бев културна, постојано велев дека тоа е само шоубизнис. Имаше една работа што многу ми пречеше, но сега нема да зборувам за тоа. Било, па поминало. На Карлеуша и се случи трагедија во случајот со мајка и, па јас не продолжив повеќе да полемизирам со неа. Потоа видов дека на Инстаграм Јелена ми ја лајкнала нејзината песна што јас ја изведував. Јас на настапите пејам дури четири нејзини песни“  – изјави Киа за српски „Гламур“.

Решете го стресот на работа со овие едноставни трикови!

Овие совети ќе ви помогнат да не се нервирате премногу на работното место…

Три четвртини од жените чувствуваат стрес на работното место и сметаат дека токму тој го загрозува здравјето и го убива расположението. Нешто помал број (но сепак значаен) се оние кои поради стресот со кој се соочуваат секојдневно развиваат сиптоми на депресија. Со оглед на состојбата во друштвото, мал број на работни места и силната конкуренција разбирливо е зошто толку многу стресот е присутен. Се обидовме да пронајдеме решенија што ќе ви помогнат засекогаш да го победите стресот:

Земете пауза!

Иако понекогаш се чини дека тоа ќе предизвика катастрофа од поголеми размери ако го напуштите работното место, тоа нема да се случи. Направете пауза од половина час, прошетајте, јадете ужина во мир или разбистретете ја главата на свеж воздух. Тргнувајќи се од стресната средина, па макар и на кратко, ќе ве опушти, ќе се смирите и ќе ги наполните батериите, а со тоа ќе бидете и продуктивни.

Џвакајте!

Бројни студии покажале дека гумите за џвакање го намалуваат стресот за дури 17%, а освен тоа што смируваат, за дури 67% ги подобруваат мултитаскинг способностите.

Најчитани

Твитови