Србиноски во болница по сообраќајна незгода

Поранешниот селектор и актуелен тренер на Гостивар, Марјан Србиноски се наоѓа во болница во Тетово откако заработи тешки телесни повреди во сообраќајна незгода која се случила на автопатот Гостивар – Тетово.

Тој со своето возило излетал од патот и удрил во бандера.

„На 16.06.2019 година во 04.00 часот на автопатот Гостивар – Тетово, кај клучката Жеровјане, патничко возило „Фолксваген Пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.С.(44) од Гостивар, излетало од патот и удрило во бандера за улично осветлување. Во незгодата со повреди се здобил возачот М.С. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово“, велат од МВР.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајна незгода имал уште еден тренер – Александар Јончевски. Јончевски бил удрен од товарно моторно возило додека возел мотоцикл заедно со својата сопруга. Сопругата е на операција, но вон животна опасност.

Сузана Гавазова се соблече на крајот од летото (ФОТО)

Познатата фолк-пејачка Сузана Гавазова очигледно ги фаќа последните летни зраци, бидејќи таа дури сега успеа да најде време да се одмори по напорната агенда изминативе три месеци.

Гавазова на Инстаграм објави неколку фотографии на кои позира во бикини, но не ја откри локацијата каде ужива ова „лето“, но тоа не е толку важно.

Важно е дека атрактивната пејачка уште еднаш покажа дека не биле за бадијала теретаните преку целата година.

Погледнете:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#makedonka #beach

A post shared by Suzana (@suzanagavazova) on

Секогаш перфектно облечена за секоја прилика: Беспрекорното издание на Меланија Трамп! (ФОТО)

Споменикот на Џорџ Вашингтон, попознат под името Washington Monument некое време беше затворен за туристите и посетителите поради модернизација на лифтот и унапредување на безбедносните стандарди.

Работите се готови, а популарната културна и туристичка атракција повторно може да се посетува, а свеченото повторно отворање го направи првата дама на Америка Меланија Трамп.

Убавата Словенка ја пресече лентата во прекрасен бел фустан во нејзиниот препознатлив стил – едноставната тоалета со крој А до под колена со бел појас беше одличен избор за оваа свечена прилика.

Покрај фустанот таа облече и бели салонки со принт и висока потпетица, кои дефинитивно се нејзин заштитен знак.

Доколку овие знаци ги забележите кај партнерот, најдобро е да седнете и разговарате за истото

Вашиот партнер се однесува чудно и имате чувство дека не е баш среќен како што знае да биде или пак некогаш бил. Се сомневате, но не сте сигурни во ова и не сакате да кажете или посочите нешто предвреме, за да не ги расипете односите. Подолу прочитајте седум знаци кои ќе ви укажат или потврдат дека вашиот партнер навистина не е среќен во врската.

1. Често заглавува на работа

Ако партнерот почне да останува често на работа и после работно време или често оди на бизнис кафиња и состаноци, ова е знак дека ве избегнува.

2. Постојано е нерасположен и делува депресивно

Ако делува тивко и повлечено повеќе од обично и ако лесно се нервира и избувнува без очигледна причина, ова се знаци дека тој/таа не е среќен во ситуацијата во која што е.

3. Не се труди ни да се расправа

Иако никој не сака кавги, дискусии и расправии се дел од секоја здрава врска. Па ако вашиот партнер одеднаш почнува да не се труди да реши нешто со вас и да се расправа на некоја тема што обично би се расправал, ова значи дека не се ни труди и дека можеби веќе се откажал од вас.

4. Останува до доцна навечер многу после вас

Ова важи за паровите што живеат заедно – ако чека да си легнете и не си легнува со вас, за секс, гушкање или читање нешто, има некој проблем. Ако без конретна причина партнерот го прави ова, значи дека ве избегнува.

5. Бара внимание

Ако не сте му посветувале доволно време на партнерот, ќе почне очигледно да бара внимание од вас. Ова може да биде директно посочување на проблемот или пак индиректно – барање помош од вас за ситници.

6. Го нервира се кај вас

Ако партнерот почне да ви префрла или да ги критикува сите оние нешта што некогаш ги сметал за кул, интересни и уникатни кај вас, има проблем. Дури и да не правите ништо погрешно, ова може да се случи и е знак дека најверојатно се ближи крај на врската.

7. Не прашува за вашиот ден

Вашиот парнер треба да одвои минута за да ве праша како ви поминал денот, што се случило на работа со задачата која што ви била бито и слично. Но ако веќе не го прави тоа или заборава на вашите обврски кои добро ги знае, значи дека веќе не се грижи толку за вас.

Најчитани

Твитови