Како да препознаете дека сте интолерантни на храна?

Кога некои работи редовно се појавуваат и ви создаваат проблеми, и тоа набрзо откако ќе се најадете, тоа би можело да значи дека сте интолерантни на некои намирници.

Еве на кои симптоми треба да обрнете внимание.

Желба за храна

Кога е во прашање интлеранцијата на некоја храна, не поминува она правило дека во сѐ можете умерено да уживате. Консумирањето на храна на која сме осетливи, доведува до интензивна работа на системот за варење кој дава сигнали дека нешто не е во ред. Ако после некое време повторно почувствувате желба за одредена храна и повторно дојде до проблеми во системот за варење, значи дека сте интолерантни на хистамин и дека мора да избегнувате намирници кои се богати со овој биоген амин кој често се наоѓа во преработената храна.

Замор

Хроничен замор кој се јавува и после неколку часа сон може да биде показател дека сте интолерантни на намирниците кои ги јадете секој ден, а не сте свесни за тоа. Заморот и недостатокот од енергија означува дека храната не се разградува како што треба и дека телото не може да ги апсорбира сите тие хранливи материи. Телото вложува големи напори за да се ослободи од соединенијата кои му штетат, поради што нивото на енергија секој ден се намалува, а заморот расте.

Киселини

Иако најчеста причина за ова е ниското ниво на желудочна киселина, понекогаш болките во стомакот се појавуваат поради консумирање на храна на која сте интолерантни. Ако забележите дека лековите за киселини не ви помагаат тогаш веројатно токму таа интолеранција е причина да се јавуваат тие киселини.

Болки во зглобовите

Повеќето луѓе сметаат дека болките во зглобовите се знаци на старост, но понекогаш таа болка е индикатпр на хронични воспаленија во нашето тело. Болките во зглобовите знаат да се појават откако ќе се напиеме млеко или некој млечен производ, а потоа можат да следуваат разни воспалителни процеси. Храната која предизвикува болк проследени со други симптоми, како проблеми во варењето или главоболки, може да биде знак на интолеранција на одредени намирници како што е глутенот.

Осип

Кожата е наш најголем орган па проблемите во внатрешноста на организмот често се манифестираат надвор, на кожата. Зачестените проблеми со кожата, дури и кога сме ги испробале сите можни третмани, можат да бидат показатели за интолеранција на храната која секојдневно ја консумираме. Затоа се препорачува да се обрнува внимание на состојбата на кожата кога јадеме нешто што може да предизвика кожни проблеми.

Пречки во варењето

Најчест симптом на интолеранција на храна се токму пречките во варењето кои вклучуваат гасови, надуеност и запек. Причина за тоа е пореметувањето на добрите бактерии кои се дел од нашето варење, а на оние кои редовно имаат проблеми им се препорачува да одат на лекар и да дознаат дали станува збор за интолеранција на некоја храна.

Секој од симтомите, освен на здравјето, влијае и на нашиот изглед и доброто расположение. Затоа треба да се земе предвид дека она што го јадеме секој ден можеби не е добро за нашиот организам.

Оваа храна е чувар на здравјето: Го штити срцето, лекува анемија и депресија

Црвената храна е вистински чувар на здравјето, лекува се и помага за многу состојби на телото.Во последно време врдноста на храната не се мери само по витамините, туку и по бојата, а несомнено црвената храна е една од најздравите.

Црвената боја помага за подобра циркулација, за јакнење на мускулите, за енергија и виталност.

Помага и за умор, како и против депресија и стрес.

Лекува анемија, го јакне имунитетот, го штити и срцето.

Затоа, јадете вишни, цреши, црвена пиперка, ротквици, малини и јагоди, Консумирајте и брусници, црвен кромид.

Брзо ќе видите позитивни промени.

„Сте станале на лева нога“ - еве од каде доаѓа оваа фраза и што значи!

Во сите народни верувања, десната и левата страна не се исти.

Левата страна се верува дека води кон разврат и зло (Ѓаволот) додека десната кон напредок и среќа (Бог) и е подилна страна.

Многу често ја користиме фразата „ станал на лева нога„ односно значи дека не му е добар денот.

Тоа верување потекнува од старите Римјани кои верувале дека ако со левата нога го допрете подот кога станувате од кревет, денот ќе ви биде „баксузен„ и ништо нема да ви оди од рака, па затоа ти се труделе секогаш когаа стануваат да станат на десната нога, а исто така и кога влегувале во куќа тоа  било со десната нога, за да не си предизвикаат некаква несреќа или зло во домот.

Интересно е и тоа дека англискиот збор "sinister" што значи злобен или грешен настанал од латинскиот збор „sinister„ кој на латински значи лев.

Дали сте жена за забава или за сериозна врска?!

Најчесто жените за забава не се доживуваат себеси на тој начин и затоа многу често се случува да западнат во депресија, бидејќи не им е јасно зошто не можат да остварат вистинска врска. За мажите постојат две категории на жени: жени за забава и жени за врска.

Женa за врска

Овие жени својата страст ја откриваат со говорот на телото и заведуваат префинето. Сексуалноста е дел од нивната личност и делуваат потполно природно. Кога заведуваат умеат да го задржат интересот на мажите со комплименти. На тој начин му даваат до знаење на мажот дека се заинтересирани за него, но дека тој сѐ уште треба да се труди околу нив. Интересните детали ја подигнуваат атмосферата, па така овие жени знаат да ја остават „расфрлена” својата долна облека со тантела низ станот со цел тој да ја види, односно знаат како да ја подигнат атмосферата и да ја одржат страста на идната врска.

Жена за забава

Жените кои мажите ги гледаат како забава за една ноќ, уште на првиот состанок со нив зборуваат за секс. Овие жени секогаш на состанокот доаѓаат во предизвикувачка, провокативна облека, која ги открива сите атрибути. Мажите во секоја прилика им даваат комплименти, а најдоцна на третиот состанок овој тип на жени е веќе во долна облека. Дури иако се договорат дека нема ништо да се случува помеѓу нив, сепак од галењето ќе прејдат на секс на првите состаноци и тука се појавува проблем. Веќе после третиот состанок искрата се гасне, бидејќи тој добил сѐ што сакал.

Најчитани

Твитови