Кое е вистинското место за икона во домот?

Во ходникот – закачете ја иконата наспроти влезната врата бидејќи ги благословува тие што влегуваат и тие што излегуваат од домот.

На источниот ѕид – свештеникот ќе ви каже дека иконата треба да се постави на источниот ѕид за да се заварди правилото на црквата. Олтарот, односно најсветиот дел во црквата е поставен на исток(тоа е делот каде што влегуваат само свештениците) и додека трае службата верниците се свртени кон олтарот, односно кон исток.

Истокот во христијанството го симболизира Христовото Воскресение.  Исто така, добро би било пред иконата на имате кандило што претставува еден вид почит кон светецот заштитник на домот.

Во детската соба – овде не е важно на кој ѕид се наоѓа иконата бидејќи децата се чисти и безгрешни како ангелите. Целта на иконата во детската соба е ангелот покровител и светителот на вашиот дом деноноќно да бдеат над вашето мало богатство.

Под перница – многу луѓе кои имаат проблематичен сон, кошмари, страдаат од месечарење и слично, поставуваат икона од својот светител заштитник под перницата додека спијат. Црквата не го негира ова.

На бирото – зависи кој влегува во просторијата и дали сакате да знаат за таа страна на вашата личност. Но некои луѓе ја поставуваат иконата на бирото да им помага и штити и да им донесе успех во тоа што го работат.

Без разлика кое место ќе го изберете за вашата икона, црквата препорачува во секој дом да биде присутна барем една икона која ќе ве потсетува секојдневно на христијанскиот морал и етика, ќе ви напомни дека треба да се молите и дека најважните нешта во животот се во Божји раце.

Да се почитуваат препораките за заштита од топлото време

Граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури со оглед на најавите дека денеска и утре Македонија ќе биде зафатена од жолта (алертна) фаза, апелира Министерството за здравство.

Носење светла и лесна облека, заштитни очила и капа, престој во затворени, климатизирани простории или почести одмори под сенка доколку се излегува надвор, внесување помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку маснотии, пиење повеќе течности, најдобро обична вода, и избегнување алкохолни пијалаци,…, се само некои од препораките на лекарите кои посебно нагласуваат дека хронично болните лица треба редовно да ја земаат препишаната терапија.

Исто така, возилата, одредено време пред влегување во нив, да се проветрат.

Поради високите температури и зголемената можност од појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје), како и термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката (доколку тоа не се направи, подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употреба истата да се загрее на + 100 степени). Се препорачува да се избегнува консумирање производи кои не се термички обработени (мајонез од домашни јајца), а внимателно да се консумираат и сладолед и разни кремови.

Министерството за здравство потсетува дека во сите градови низ државата во соработка со здравствените домови се поставени пунктови за превентивни препораки и совети за заштита од високите температури. Пунктовите функционираат секој ден од 18:30 до 21:30 часот – се мери крвен притисок и се даваат совети за превенција од топлото време и за здрав начин на живот.

Возач тешко повреден, со автомобил излетал од пат и удрил во дрво

Возач е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 22 часот на регионалниот пат Кавадарци-мотел Дреново, кај градските гробишта.

-К.Г.(55) од Кавадарци, управувајќи патничко возило „Ровер“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во дрво, информираат од МВР.

Возачот се здобил со тешки повреди, по што бил пренесен во болницата во Кавадарци.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Знаци кои покажуваат дека со сигурност бегате од љубов

Кој рече дека љубовта е едноставна? Било да сте некое време слободни или пак сте во брак во кој не чувствувате поврзаност со партнерот, големи се шансите дека во некои моменти сте се дистанцирале. Дистанцирањето иако наизглед нè заштитува од повредување, всушност прави да се чувствуваме уште поосамени.

1. Се обвинувате себеси за секое емотивно промашување

Некои фрази кои жените си ги говорат себеси се: „Не сум доволно слаба“, „Престара сум“, „Не сум доволно добра сопруга“. Колку и да е тешко да се оттргнете од овие размислувања, морате да се потрудите затоа што секој којшто сака да биде во добра врска заслужува да биде емотивно исполнет. Од помош можат да ви бидат разни мотивациски пораки кои ќе си ги кажувате и повторувате самите на себе, а исто така и посетата на терапевт може да помогне.

2. Негативни сте

Дали некогаш сте слушнале за законот за привлекување?

Доколку сѐ уште сте заглавени размислувајќи за лошите работи што ви се случиле порано, тоа нема да ви донесе ништо ново. Вашата емоционална состојба може да влијае врз вашата енергија и сигналите кои ѝ ги испраќате на околината. Доколку сте негативни, такви луѓе и ќе привлечете. Тоа секако ќе води кон нови разочарувања. Наместо да бидете негативни, запишете што не ви одговарало во претходната врска, кои ваши потреби и желби не биле задоволени и зошто. Со запишувањето ќе се натерате да навлезете длабоко и да го пронајдете коренот на проблемот.

3. Продолжувате да ги правите истите работи, а очекувате различни резултати

Понекогаш е многу тешко да се воочат шаблоните на однесување, а уште потешко е да се променат. Ако љубовта секогаш ја наоѓате на погрешни места односно во погрешни луѓе, време е да се запрашате себеси каде грешите. На кој начин вообичаено ги запознавате партнерите и кој тип мажи најмногу ви се допаѓа? Одговорите можат да ви помогнат да ги воочите шаблоните и следниот пат да пробате нешто поразлично.

Најчитани

Твитови