Едно парче од облеката никако не смее да се пере на 30 степени

Треба да знаеме кој вид на облека како да го переме, зошто многумина прават грешка и ова парче го перат на 30 степени.

Се работи за чорапи. Чорапите не би требало да ги перете на ниски температури од проста причина што ниската температура нема да ги убие габите кои се наожаат во нив.

Памучните чорапи треба да се перат на 90 степени, и на тој начин ќе ги уништите микроорганизмите.

Исто така за да спречите ширење на габите, редовно мијте ги нозете а после тоа добро исушете ги, и никогаш не користете исти пешкир со другите.

Еве како да проверите дали детергентот за перење е квалитетен

Некои детергенти ги отстрануваат дамките, но оставаат траги на темни алишта, други, помалку агресивни кои се наменети за шарена облека, повеќе ја „освежуваат“ гардеробата, но не секогаш ја отстрануваат нечистотијата.

Често сме во потрага по детергент кој би ги задоволил нашите барања. Поради тоа купувајќи различни, ги тестираме, менуваме, па не секогаш сме задоволни.

Но, постои едноставен начин да се утврди квалитетот на детергентот.

Како би го утврдиле квалитетот на детергенти, направете го следново:

Растворете во чаша 1 лажичка детергент, и потоа во овој раствор ставете парче белка од варено јајце.

– Ако по 24 часа белката остане недопрена, овој детергент е со низок квалитет.

– Ако белката омекне, и ако, дури почне да се растворува – овој детергент одговара за перење шарена облека, или помалку валкана облека.

– Ако белката се растворила во целост, овој детергент идеално одговара за перење на бела и многу валкана облека.

Зошто само овој вид на стоногалка во домот, не смеете да ја убивајте?!

Кога ќе забележите стоногалка во вашиот дом – провидно, прилично брзо и издолжено суштество – веројатно првата реакција ќе ви биде да вреснете и да ја згазнете. Немојте да го правите тоа! Таа е предатор, членконога, која е исклучително корисна во домот.

Стоногалката уништува многу поштетни инсекти отколку што е таа самата, како што се бубашваби, молци кои јадат книги, облека и ѕидни тапети, мравки.

Тие бараат влажни места во домот и го демнат пленот и воопшто не се двоумат да го отстранат секој инсект кој шета низ вашиот дом.

Овие стоногалки ги уништуваат останатите бубачки со помош на две работи – тие се неверојатно брзи, а притоа првите две нозе им служат како канџи со отров (не грижете се, со него можат да убијат други инсекти, но вам не можат да ви наштетат). Освен тоа, имаат многу брз метаболизам што значи дека постојано се гладни и секогаш се во потрага по нов залак.

Иако името стоногалка сугерира дека имаат сто нозе, повеќето немаат повеќе од триесет. Двете предни нозе служат како клешти за да му вбризгаат отров на пленот, но тие се премногу слаби за да продрат во човечката кожа, па не мора да се плашите.

Другите нозе им овозможуваат брзо да се движат и да ги прогонуваат инсектите, користејќи тактика на заплеткување на пленот со нозете.

Ако и покрај овие информации не сакате да имате стоногалка како цимер, фатете ја во некоја тегла и исфрлете ја надвор, и задолжително потполнете ги сите дупки во ѕидовите и во домот од каде што можат да влезат.

Внимателно: Што смее, а што не да е уклучено во струја кога грми?

Познато е меѓу народот дека кога грми треба да изгаснеме се дома, за да не удри гром, но дали е тоа точно и што треба, а што не треба да исклучиме?

Во Европа, а и кај нас, стандарден напон е 220 волти, а ударот на громот може да ослободи напон од неколку милиони волти. Што значи тоа?

Тоа значи дека удар на гром во вашата куќа или во близината, ќе ве остави без електронски апарати кои не можат да ја издржат таа волтажа.

Единствен начин да го спречите тоа е да исклучите се од струја кога грми. И уште една многу важна работа, кога грми ако снема струја, никако не ги уклучувајте уредите веднаш кога ќе се врати. Почекајте неколку минути за да се стабилилизира, па уклучете ги апаратите.

Сепак, за едно нешто не грижете се, громот нема влијание на мобилните уреди, па можете да зборувате на мобилен без страв.

Сметката од 50.000 евра во ноќен клуб во Дубровник, се огласи и сопственикот

Последниве неколку дена се зборува за настан кој се случил во еден клуб во Дубровник.

Сметката од 50.000 евра требало да ја плати богат Саудиец кој цело време пиел и ги честел сите во клубот.

Потсетуваме дека наводно група на бгаташи сакале да си поминат убаво во ноќниот клуб, но не и да ја плати сметката од која ги заболело глава.

Една жена се пожалила на сметката и поввикала полиција, но кога полицијата пристигнала сметката веќе била платена.

„Што се однесува на цените, ако ги споредите цените на наведените пијалоци во другите ресторани и клубови, може да видите дека цените се реални“ рекол сопственикот.

„Нашите гости доаѓаат за да се забавуваат и како и секоја друга личност свесни се за цените кои им се во секој момент достапни“ рекол сопственикот.

Најскап артикл на сметката бил шампањ „Родер кристал розе“ вреден 17.000 евра, потоа “Arman de Brinjak” вредно 16.000 евра.

Најчитани

Твитови