12 илјади тони храна завршува во ѓубре, а може да нахрани 26 илјади луѓе

Според податоците на „Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации“ (ФАО), во нашата земја, 30 проценти од храната завршува како отпад. И тоа нависитна е голема штета. Затоа што со намалување на количеството отпад од храна и дистрибуција на вишокот храна на луѓето на кои навистина тоа им е потребна, Северна Македонија дополнително може да го намали проблемот со сиромаштијата, но и да ги поттикне веќе воспоставените позитивни промени во општеството.

Ова денеска го порача претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на „Донаторската конференција на 50-те најголеми компании за храна“, организирана од „Сите сити“, при што информира дека Владата е вклучена во овозможување законски основи и поддршка на изградбата на систем што ќе го зголеми пристапот на граѓаните до квалитетна храна. Во наредниот период, рече тој, очекуваме да се донесе Законот за донирање на вишокот храна.

-Почитувајќи ги овие приоритети и воведувајќи европски стандарди за социјална заштита, оваа Влада, се посвети на донесување мерки за директно намалување на сиромаштијата. И затоа, безрезервно ја подржуваме програмата за поддршка на ранливите категории, преку донирање храна од страна на бизнис операторите, истакна Заев.

Премиерот упати јавна покана, во функционирањето на системот да се вклучат и други субјекти, со цел да се зголеми неговиот капацитет и да се опслужат што повеќе граѓани на кои им е потребна храна.

-Помошта не се однесува само на обезбедување храна за дел од нашите сограѓани, кои не можат да си ги дозволат сите оброци во текот на денот, туку и за правилна употреба на илјадниците тони безбедна храна која завршува на отпад и депонии, рече Заев.

Минитерката за труд и социјална политика Мила Царовска рече дека во Македонија имаме 12 тони отпад храна и дека со тоа ќе се нахранат 26 илјади наши сограѓани.

– Тоа ни кажува дека сите оние кои се во системот на социјална заштита и примаат одреден додаток ќе можеме да им го надополниме дневното мени и да добијат соодветен оброк, истакна Царовска.

„Сите сити„ е мрежа од 31 граѓанска организација која функционира во 10 градови во земјава. Како што информира престедателот на организацијата Блаже Јосифовски , главната дистрибуција на храна се врши во Скопје, но и дека се организираат тримесечни акции во девет градови за храната да се дистрибуира и таму. Појасни дека организацијата помага на 7.000 граѓани кои некои на дневна, неделна или месечна услуга добиваат од храната.  За жал, рече тој,  460.000 граѓани во Северна Македонија ги немаат сите оброци, а имаме 10.000 тона безбедна храна која се фрла.

Зошто само овој вид на стоногалка во домот, не смеете да ја убивајте?!

Кога ќе забележите стоногалка во вашиот дом – провидно, прилично брзо и издолжено суштество – веројатно првата реакција ќе ви биде да вреснете и да ја згазнете. Немојте да го правите тоа! Таа е предатор, членконога, која е исклучително корисна во домот.

Стоногалката уништува многу поштетни инсекти отколку што е таа самата, како што се бубашваби, молци кои јадат книги, облека и ѕидни тапети, мравки.

Тие бараат влажни места во домот и го демнат пленот и воопшто не се двоумат да го отстранат секој инсект кој шета низ вашиот дом.

Овие стоногалки ги уништуваат останатите бубачки со помош на две работи – тие се неверојатно брзи, а притоа првите две нозе им служат како канџи со отров (не грижете се, со него можат да убијат други инсекти, но вам не можат да ви наштетат). Освен тоа, имаат многу брз метаболизам што значи дека постојано се гладни и секогаш се во потрага по нов залак.

Иако името стоногалка сугерира дека имаат сто нозе, повеќето немаат повеќе од триесет. Двете предни нозе служат како клешти за да му вбризгаат отров на пленот, но тие се премногу слаби за да продрат во човечката кожа, па не мора да се плашите.

Другите нозе им овозможуваат брзо да се движат и да ги прогонуваат инсектите, користејќи тактика на заплеткување на пленот со нозете.

Ако и покрај овие информации не сакате да имате стоногалка како цимер, фатете ја во некоја тегла и исфрлете ја надвор, и задолжително потполнете ги сите дупки во ѕидовите и во домот од каде што можат да влезат.

Внимателно: Што смее, а што не да е уклучено во струја кога грми?

Познато е меѓу народот дека кога грми треба да изгаснеме се дома, за да не удри гром, но дали е тоа точно и што треба, а што не треба да исклучиме?

Во Европа, а и кај нас, стандарден напон е 220 волти, а ударот на громот може да ослободи напон од неколку милиони волти. Што значи тоа?

Тоа значи дека удар на гром во вашата куќа или во близината, ќе ве остави без електронски апарати кои не можат да ја издржат таа волтажа.

Единствен начин да го спречите тоа е да исклучите се од струја кога грми. И уште една многу важна работа, кога грми ако снема струја, никако не ги уклучувајте уредите веднаш кога ќе се врати. Почекајте неколку минути за да се стабилилизира, па уклучете ги апаратите.

Сепак, за едно нешто не грижете се, громот нема влијание на мобилните уреди, па можете да зборувате на мобилен без страв.

Сметката од 50.000 евра во ноќен клуб во Дубровник, се огласи и сопственикот

Последниве неколку дена се зборува за настан кој се случил во еден клуб во Дубровник.

Сметката од 50.000 евра требало да ја плати богат Саудиец кој цело време пиел и ги честел сите во клубот.

Потсетуваме дека наводно група на бгаташи сакале да си поминат убаво во ноќниот клуб, но не и да ја плати сметката од која ги заболело глава.

Една жена се пожалила на сметката и поввикала полиција, но кога полицијата пристигнала сметката веќе била платена.

„Што се однесува на цените, ако ги споредите цените на наведените пијалоци во другите ресторани и клубови, може да видите дека цените се реални“ рекол сопственикот.

„Нашите гости доаѓаат за да се забавуваат и како и секоја друга личност свесни се за цените кои им се во секој момент достапни“ рекол сопственикот.

Најскап артикл на сметката бил шампањ „Родер кристал розе“ вреден 17.000 евра, потоа “Arman de Brinjak” вредно 16.000 евра.

Најчитани

Твитови