Што забележуваат мажите кај партнерката за време на сексот

Многу од жените за момент би сакале да бидат во машкиот мозок и да видат што тој размислува за нив за време на сексот.

Секако секоја жена се труди да биде беспрекорна, згодна, привлечна, за мажот особено во креветот па затоа се трудат да ослабнат, да го остранат целулитот итн, без да размислат дека тоа воопшто не му е ни важно на мажот.

При сексот најважна е хемијата, односно многу е важно да го привлекувате партнерот, за да има добар секс.

А доколку не знаете што мажите забележуваат кај жените за време на сексот ние ви откриваме.

Внимавајте тој ја забележува вашата иницијатива, доколку вие смао лежите и чекате се на него, тој ќе помисли дека не сте заинтересирани. Па жени, фрлете се во акција и преземете ги работите во свои раце.

Немојте да бидете многу стегнати, опуштете се и уживајте во овој момент. Имајте доволно самодоверба во вас, галете го по телото без срам, така ќе знае дека ви е убаво и уживате во неговото тело.

Многу важна работа за време на сексот е вашиот поглед. Мажите обожаваат да ги гледаат вашите очи и затоа не избегнувајте да го гледате додека водите љубов.

Дишењето е еден од најважните моменти при сексот. Секако тоа не знаи дека постојано мора да испуштате некои звуци, но вашите воздивнувања и шепотења го возбудуваат мажот дополнително. 

Дополнителна возбуда во сексот внесува и долната облека, самата помисла дека сте се подготвиле за овој чин за него е плус, да даде се од себе за да ве задоволи.

Да се почитуваат препораките за заштита од топлото време

Граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури со оглед на најавите дека денеска и утре Македонија ќе биде зафатена од жолта (алертна) фаза, апелира Министерството за здравство.

Носење светла и лесна облека, заштитни очила и капа, престој во затворени, климатизирани простории или почести одмори под сенка доколку се излегува надвор, внесување помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку маснотии, пиење повеќе течности, најдобро обична вода, и избегнување алкохолни пијалаци,…, се само некои од препораките на лекарите кои посебно нагласуваат дека хронично болните лица треба редовно да ја земаат препишаната терапија.

Исто така, возилата, одредено време пред влегување во нив, да се проветрат.

Поради високите температури и зголемената можност од појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје), како и термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката (доколку тоа не се направи, подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употреба истата да се загрее на + 100 степени). Се препорачува да се избегнува консумирање производи кои не се термички обработени (мајонез од домашни јајца), а внимателно да се консумираат и сладолед и разни кремови.

Министерството за здравство потсетува дека во сите градови низ државата во соработка со здравствените домови се поставени пунктови за превентивни препораки и совети за заштита од високите температури. Пунктовите функционираат секој ден од 18:30 до 21:30 часот – се мери крвен притисок и се даваат совети за превенција од топлото време и за здрав начин на живот.

Возач тешко повреден, со автомобил излетал од пат и удрил во дрво

Возач е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 22 часот на регионалниот пат Кавадарци-мотел Дреново, кај градските гробишта.

-К.Г.(55) од Кавадарци, управувајќи патничко возило „Ровер“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во дрво, информираат од МВР.

Возачот се здобил со тешки повреди, по што бил пренесен во болницата во Кавадарци.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Знаци кои покажуваат дека со сигурност бегате од љубов

Кој рече дека љубовта е едноставна? Било да сте некое време слободни или пак сте во брак во кој не чувствувате поврзаност со партнерот, големи се шансите дека во некои моменти сте се дистанцирале. Дистанцирањето иако наизглед нè заштитува од повредување, всушност прави да се чувствуваме уште поосамени.

1. Се обвинувате себеси за секое емотивно промашување

Некои фрази кои жените си ги говорат себеси се: „Не сум доволно слаба“, „Престара сум“, „Не сум доволно добра сопруга“. Колку и да е тешко да се оттргнете од овие размислувања, морате да се потрудите затоа што секој којшто сака да биде во добра врска заслужува да биде емотивно исполнет. Од помош можат да ви бидат разни мотивациски пораки кои ќе си ги кажувате и повторувате самите на себе, а исто така и посетата на терапевт може да помогне.

2. Негативни сте

Дали некогаш сте слушнале за законот за привлекување?

Доколку сѐ уште сте заглавени размислувајќи за лошите работи што ви се случиле порано, тоа нема да ви донесе ништо ново. Вашата емоционална состојба може да влијае врз вашата енергија и сигналите кои ѝ ги испраќате на околината. Доколку сте негативни, такви луѓе и ќе привлечете. Тоа секако ќе води кон нови разочарувања. Наместо да бидете негативни, запишете што не ви одговарало во претходната врска, кои ваши потреби и желби не биле задоволени и зошто. Со запишувањето ќе се натерате да навлезете длабоко и да го пронајдете коренот на проблемот.

3. Продолжувате да ги правите истите работи, а очекувате различни резултати

Понекогаш е многу тешко да се воочат шаблоните на однесување, а уште потешко е да се променат. Ако љубовта секогаш ја наоѓате на погрешни места односно во погрешни луѓе, време е да се запрашате себеси каде грешите. На кој начин вообичаено ги запознавате партнерите и кој тип мажи најмногу ви се допаѓа? Одговорите можат да ви помогнат да ги воочите шаблоните и следниот пат да пробате нешто поразлично.

Најчитани

Твитови