На продажба првите станови во највисоката зграда во Њујорк

Сега имате прилика да купите стан во највисоката стамбена зграда во Њујорк. „Central Park Tower“, кој оваа пролет ја презема титулата за највисока стамбена зграда, штотуку ги стави на продажба своите први станови.

Седумте достапни единици варираат со цена, со двособен стан кој чини 6.9 милиони,односно петособен стан од 63 милиони долари. Оваа зграда ќе биде висока 472 метри, а ќе содржи 179 најексклузивни домови во овој град, кои според големината ќе се движат од 2 до 8 соби.

Со цена од 63 милиони долари, овој стан со пет спални соби и пети и пол купатила, зафаќа околу 700 квадрати, а поседува и гигантска кујна, дневна соба, фоаје во стил на галерија и салон со неверојатен поглед на парк.

Во прилог на самите станбени единици, оваа зграда ќе вклучува и ексклузивен Централен парк клуб, кој ветува 5.000 квадрати со внимателно дизајнирани луксузни удобности, распоредени на три спрата. Овде ќе биде сместен и фитнес центарот, спа центарот и прекрасната тераса со базен, простор за сончање и приватни ложи.

Кога си ќерка на Бил Гејтс ова го добиваш за дипломирање: Поклон од кои ќе ви се заврти во глава! (ФОТО)

Џенифер е името на ќерката на еден од најбогатите луѓе во светот Бил Гејтс.

21 годишната Џенифер која за неколку месеци треба да го заврши своето школување на американски универзитет Стенфорд, како подарок за дипломата ќе добие ни помалку ни повеќе туку цела фарма со коњи во Норт Салем, која се протега на 124 јутри кошта 16 милиони долари.

Како што пренесуваат американските медиуми таа планирала да се посвети на јавачката кариера одреден период а потоа да го продолжи школувањето на медицински факултет. 

Љубители на цигарите ова е за Вас: Погледнете што му прави никотинот на вашето срце! (ВИДЕО)

Општо познто е дека цигарите се најголемото зло за човековото здравје. Цигарите се број еден непријател и причинител за многу болеси.

Светска здравствена организација поради овој факт објави видео со цел да ја подигне свеста за негативното влијание на цигарите врз човековиот организам и да ги охрабри пушачите да се откажат од оваа штетната навика.

Во видеото е напоменато и дека пасивното пушење го зголемува ризикот од срцев и мозочен уда. Така да љубители на цигарите, погледнете го видеото што следи и подзамислете се за вашето здравје...

Дознајте како подзнакот влијае на вашиот карактер!

Сигурно сте слушнале дека секој човек како хороскопски знак има и подзнак. Подзнакот се определува од позицијата на Сонцето, кога се раѓате. За да дознаете што сте во подзнак ви треба датум, час на раѓање и локација. Еве што зборува подзнакот за вашата личност.

Лав - Подзнак Лав ја зајакнува вербата во себе. Вие имате желба да го откриете и „покорувате“ светот. Овој подзнак ве прави многу харизматични како личности, па затоа лесно ги фасцинирате луѓето.

Вага - Вие сте многу отворени личности кои сакаат да комуницираат со луѓето и да создадат повеќе контакти.

Овен - Вие имате потреба да бидете во постојано движење. За вас е недозволиво да стоите и да не правите ништо. Вие исто така сте и многу импулсивни.

Бик - За вас секој нов ден е нова битка и докажување на вашите можности.

Близнаци - Вие се адаптирате лесно кон секакви ситуации и настани. Вие не се плашите од проблемите и храбро ги решавате.

Рак - Вие имате потреба да се чувствувате сигурни. А оваа безбедност ја чувствувате кога сте со вашите блиски. Со годините почнувате да се плашите да разговарате со другите.

Девица - Луѓето родени под овој подзнак се перфекционисти.

Скорпија - Откривате многу малку работи за себе и се криете под маската на друг човек. Тоа е вашето средство за заштита.

Стрелец - Луѓето родени под подзнакот Стрелец живеат за да им помогнат на другите, а кога се работи за нив не прифаќаат никаква помош. За овие луѓе најважно е да бидат независни.

Јарец - Со текот на времето станувате помалку материјалисти и се насочувате кон духовното богатство.

Водолија - Со текот на времето станувате прилично емоционално нестабилни .

Риби - Овие луѓе трошат многу време за да се разубавуваат, за да го привлечат вниманието на спротивниот пол.

Најчитани

Твитови