Нова цена на горивата во Македонија - Бензините и дизелот поскапуваат

Нова цена на горивата во Македонија.  Бензините и дизелот од полноќ ќе бидат за половина денар поскапи, реши на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката, Дизелот и ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе бидат поскапи за половина денар и ќе се точат за 60.5 денари дизелот и 69,5 денари за 98 октанскиот СУПЕР.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС 95 нема да се промени и ќе се точи за 67 денари по литар.

Со тоа, малопродажните цени на нафтените деривати во наредните седум дена кај нас ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -95 – 67,00 денари за литар

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 – 69,50 денари за литар

Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС Д-Е V – 60,50 денари за литар

Расте цената на нафтата на светските берзи. Значаен пораст е забележан во последните неколку дена, а цената на брент нафтата стигна до близу 73 долари за барел. Причината за растот е намалената понуда и загриженоста околу новиот прекин на испораката за Блискиот исток, поради тамошните тензии.

Чоколаден колач со три состојки идеален за во лето

Се подготвува брзо и едноставно, а вкусот е фантастичен.

Состојки:

4 јајца

300 гр чоколадо

Овошје по избор

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени.

На пареа стопете 200 гр чоколадо. Одвојте ги белките од жолчките. Со миксер изматете ги белките да формираат цврста пена.

Во растопеното чоколадо ставете ги жолчките, една по една и матете со жица. Потоа наизменично додавајте ги белките и мешајте.

Смесата ставете ја во подмачкан плех или плех обложен со хартија за печење.

Печете околу 30 минути.

Кога колачот малку ќе се олади, прелејте го со останатите 100 гр растопено чоколадо, а одозгора наредете овошје по избор.

Трик со кибрит кој открива дали имате здрави бели дробови

Дали е се во ред со вашите бели дробови може да ви покаже мал тест за кој ви требаат само кибрит и запалка.

Запалете го кибритот и испружете ја раката во која ја држите пред себе. Вдишете длабоко на нос и издишете од уста.

Колку пати ова го направивте пред да го изгасите кибритот? Доколку ви требало некоклу пати за ова да го постигнете, тогаш веројатно имате проблем со белите дробови. Овие проблеми можат да бидат предизвикани од пушење, недостаток на физичка активност и хронични болести на респираторните ограни. На капацитетот на белите дробови може да влијае и начинот на живот, но и болест.

Тестот е неопходно да се прави во соба која е проветрена, и во која нема големо струење на воздух.

Контакт со поранешниот партнер – да или не?

Две различни истражувања спроведени со лица кои се во врски, открија колку често луѓето комуницираат со поранешните партнери и како тој контакт влијае врз нив. Околу 40 отсто од студентите се во контакт со поранешните партнери, а над 90 отсто почнале да комуницираат со нив неколку месеци по раскинувањето.

Многу мал број, само 13 проценти од испитаниците комуницираат со поранешните партнери неколкупати неделно. Оваа појава е  помалку присутна кај луѓе кои биле во сериозна врска, свршени или в брак.

Од друга страна пак, според стручните лица, поголема е веројатноста некој да остане во врска со поранешниот партнер ако во мигот на раскинувањето сѐ уште имал чувства кон него или неа. Во натамошната комуникација најчесто се вклучуваат оние кои се надеваат на помирување.

Исто така, поверојатно е дека ќе останат во контакт луѓето чија врска не завршила со сериозна емоционална траума за една од страните. 

Најчитани

Твитови