Корисни намирници за детокс на организмот

Лубеници - Содржат големи количини L- цитрулин, аминокиселини кои во бубрезите се претвораат во аминокиселина L- аргинин. Таа чисти амонијак и други отрови од телото. Важи за добар извор на калории,  ја поддржува работата на бубрезите и е голема помош во чистењето на организмот.

Краставици - Висока содржина на водата во краставиците го поттикнува уринарниот состав на работата и исфрлање на токсини. Од друга страна можете да ги јадете многу, а да не се здебелите, бидејќи половина дланка исечени краставици имаат едвај 8 калории.

Лимон - Црниот дроб сака лимон -тој е стимуланс за црниот дроб и влијае така што ја раствора уринарната киселина и други отрови во телото. Лимонот го алкализира организмот, па помага да се врати рамнотежата на телесната pH вредност. Чаша вода со малку лимон и мед наутро на гладно, од друга страна, го стимулира системот за варење и помага да се спасите од хроничен затвор.

Нане - Нането,  дали како зачин, или во облик на чај, помага полесно да ја свариме храната и го подобрува протокот на жолчката од црниот дроб, која во тенкото црево влијае во разградување на прехранбените маснотии. Неколку ливчиња нане може да додадете на студена летна салата, или во свежа лимонада, само претходно малку згмечете ги со прсти или нож како би пуштиле сок.

Зеленчук на пареа - Зеленчукот е одличен извор на влакна за варење и спречување на затвор. Можете да го испечете на скара, или на тава, но користете притоа што помалку маснотии. Сепак, најдобар начин на подготовка е готвење на пареа. Зеленчукот кој не подготвен, туку само обарен на пареа, имено, задржува повеќе хранливи материи.

Зелен чај - Пијте многу зелен чај бидејќи е богат со полифеноли, билни состојки кои влијаат како силен антиоксиданс. Полифенолите ги стимулираат ензимите на црниот дроб да го исфрлаат отровот од организмот. Може да го пиете пред оброк, или за време на оброци, па ќе го поттикнете варењето. Сепак имајте на ум дека содржи високи нивоа на теин, состојка која дејствува слично како и кофеинот, па не би смееле да претерувате и не е добро да го пиете навечер.

Во овој период од животот ќе имате најдобар секс

Како што почнувате да “газите” во дваесеттите години, така се помалку се радувате на родендените, но тоа ќе се промени сега.

Имено, неодамна едно секс истражување на интернет платформата “Happify” постави многу важно прашање: Кога луѓето го имаат најдобриот секс во животот?

На основа на одговорите на луѓето кои се во своите 50-ти и 60-ти години, како искусни “играчи”, најдобриот секс во животот го имале во 40-тите години, или поточно во 46-та година.

А, изгледа дека на тоа има влијание и со кој имате секс, бидејќи поголемиот дел од овие испитаници најдобриот секс во животот го имале со моменталниот партнер.

Тоа значи дека како што животот почнува да ви се приближува кон 46-от роденден, добро размислете дали во тој момент сте со вистинскиот партнер.

Зошто само овој вид на стоногалка во домот, не смеете да ја убивајте?!

Кога ќе забележите стоногалка во вашиот дом – провидно, прилично брзо и издолжено суштество – веројатно првата реакција ќе ви биде да вреснете и да ја згазнете. Немојте да го правите тоа! Таа е предатор, членконога, која е исклучително корисна во домот.

Стоногалката уништува многу поштетни инсекти отколку што е таа самата, како што се бубашваби, молци кои јадат книги, облека и ѕидни тапети, мравки.

Тие бараат влажни места во домот и го демнат пленот и воопшто не се двоумат да го отстранат секој инсект кој шета низ вашиот дом.

Овие стоногалки ги уништуваат останатите бубачки со помош на две работи – тие се неверојатно брзи, а притоа првите две нозе им служат како канџи со отров (не грижете се, со него можат да убијат други инсекти, но вам не можат да ви наштетат). Освен тоа, имаат многу брз метаболизам што значи дека постојано се гладни и секогаш се во потрага по нов залак.

Иако името стоногалка сугерира дека имаат сто нозе, повеќето немаат повеќе од триесет. Двете предни нозе служат како клешти за да му вбризгаат отров на пленот, но тие се премногу слаби за да продрат во човечката кожа, па не мора да се плашите.

Другите нозе им овозможуваат брзо да се движат и да ги прогонуваат инсектите, користејќи тактика на заплеткување на пленот со нозете.

Ако и покрај овие информации не сакате да имате стоногалка како цимер, фатете ја во некоја тегла и исфрлете ја надвор, и задолжително потполнете ги сите дупки во ѕидовите и во домот од каде што можат да влезат.

2 банани дневно водат до неверојатни работи во организамот!

Бананите се богати со витамини и минерал и нудат бројни придобивки за здравјето.

Нутриционистите тврдат дека ако само еден месец јадете по две банани дневно, ќе му направите голема услуга на вашиот организам и здравствена состојба.

1. Подобро расположение

Ова жолто овошје ја содржи состојката триптофан, вид протеин што телото го претвора во серотонин, познат како хормон за среќа. Благодарение на него, тој побрзо продира до мозокот и нашето расположение се подобрува, односно стануваме посреќни.

Во бананите има многу триптофан, па затоа кога ќе се почувствувате лошо или ќе ви се причини дека сте на раб на депресија, навалете на ова овошје. Покрај тоа, серотонинот дејствува смирувачки и го подобрува сонот.

2. Забрзана дигестија

Ова овошје е одличен извор на влакна, поради што ги регулира сите проблеми со цревата. Доколку изедете една банана пред оброк, нема да имате проблеми со надуеноста. Тоа е така затоа што, иако многумина мислат поинаку, бананите не се виновни за запекот. Напротив, го регулираат и забрзуваат дигестивниот систем.

Најчитани

Твитови