АЕК: Нереално висока сметка за роаминг пријавиле 16 проценти од корисниците

Во 16 проценти од случаите при користење роаминг од корисници од државава имало нереално висока сметка што претставува пад од два процента во однос на минатата година. Повеќето од лицата што добиле висока сметка за роаминг сметаат дека таа се должи на користењето разговори (36 проценти) и користење на интернет (32 проценти), додека 40 проценти не знаат на што се должи висината на сметката.

Тоа  се дел од клучните наоди од испитувањето на јавното мислење од аспект на заштита на корисници на елекотронски комуникациски услуги, спроведено за потребите на Агенцијата за електронски комуникации од 24 до 31 минатиот месец врз репрезентативен примерок од 1 100 испитаници.

Скоро една петтина од испитаниците кои знаат што е роаминг слушнале за договорот за регионален роаминг. Oд нив 16 проценти ја користеле таа поволност. Половина од корисниците на регионален роаминг, пак, сметаат дека тој е незначително поевтин.

Ново намалување на цените на услугите во роаминг помеѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ ќе има од понеделник. Од тој датум цените ќе се намалат за 27 отсто, а од јули 2021 година ќе бидат целосно укинати, согласно со Договорот потпишан на Вториот дигитален самит за Западен Балкан, како предуслов за почнување на постапката за укинување на роамингот кон Европската унија.

Според податоците на АЕК, во последните 12 месеци, 18 проценти од населението  од државава користело роаминг. Повеќе од една четвртина (27 проценти) од корисниците на роаминг се информираат за цената за роаминг во соодветната земја. Роамингот најчесто се користи за испраќање на СМС пораки –78 проценти и за разговори 54,8 проценти, додека интернет во роаминг користеле само 18 проценти од корисниците на роаминг.

Во мобилната телефонија бројот на корисници кои потпишале двегодишен договор бележи раст од  седум проценти во однос на 2018 година и изнесува 65 проценти. Мнозинството од корисниците што склучуваат договор доплатиле за телефонски апарат (53 проценти) или добиле телефонски апарат бесплатно (30 проценти).

Корисниците на интернет преку мобилен телефон бележат раст годинава (69 проценти) во однос на  минатата година (64 проценти). Задоволството кај овие корисници во однос на брзината и достапноста на мобилниот интернет е зголемено во 2019 година во споредба со претходната година, додека задоволството од цената на оваа услуга останува речиси непроменето.

Телефонски приговарале девет проценти од корисниците на мобилна телефонија и 21 процент од нив биле потполно задоволни од одговорот на операторите. Бројот на незадоволни корисници од одговорот е намален во однос на 2018 за шест проценти. Писмен приговор упатиле два процента од корисниците на мобилна телефонија, од кои повеќето , 82 проценти приговарале за висината на сметката. На 82 проценти од испитаниците што поднеле писмен приговор им е одговорено за помалку од 15 дена. 

Девојката му направила "шливка" на вратот, а тој одма потоа починал

17 годишниот Хулио Гонзалес од Мексико Сити починал од гушење предизвикан од тромб, кој девојката му го направила со бакнеж.

Во текот на вечерата со фамилијата, Хулијо почнал да се гуши, неговите родители веднаш повикале помош од лекари, но тие за жал не можеле ништо да сторат и тинејџерот починал. 

За смртта на момчето се сомнева дека е “виновна“ неговата девојка која непосредно пред тоа на вратот му направила “шливка“, при што настанал тромб кој допатувал до неговиот мозок и предизвикал мозочен удар.

Според пишувањата на медиумите девојката е во бегство бидејќи е исплашена дека може да биде обвинета за смртта на младото момче.

Ова не е прв ваков случај: пред две години 44 годишна жена од Нов Зеланд останала неподвижна по мозочен удар предизвикан од слични околности.

Лекарите не можеле да објаснат која е причината за парализа на левата рака се додека не приметиле модрица на нејзиниот врат и оштететна артерија. На пациентката и била дадена терапија, па после една недела дена таа заздравила.

Вистинска случајност: Фотографии кои се направени случајно, а потсетуваат на реални ликови и животни (галерија)

Биди поразличен, оригиналот е вреден!

Водејќи се според ова мото некои луѓе биле навистина креативни и направиле вистински уметнички дела, фотографирајќи предмети и моменти од вистинскиот агол.

Едноставно уживајте и разбудете ја креативноста во себе:

12 филмски грешки од врвни филмови кои речиси и никој не ги забележува, а се очигледни (галерија)

Ние како тим и истражувачи ви претставуваме популарни и одлични филмови. Сепак, исто така знаеме дека дури и најдобрите од нив секогаш имаат неколку грешки. Тоа не ги  праваи полоши, се разбира, но по оваа галерија ќе имате добра причина да ги погледнете повторно и да се фокусирате на деталите да ги забележите недостатоците.

Погледнете:

#1# Iron Man 2

#2# Deadpool

#3# Forrest Gump

#4# Harry Potter and the Philosopher’s Stone

#5# Titanic

#6# Pulp Fiction

#7# The Fifth Element

#8# Tangled

Најчитани

Твитови