Децата најмногу учат додека набљудуваат

Работата на родител никогаш не завршува, секогаш постои уште нешто на што можеме да ги научиме своите деца. Но покрај сето она на кое наменски и свесно го учиме, постојат работи кои децата ги учат од нас и доследно ги применуваат, а за кои воопшто и не сме свесни.

Некои најважни лекции за животот нашите деца ги учат од нас во моментите кога не знаеме дека не набљудуваат.

Децата учат како да се носат со стресот, тешкотиите и фрустрациите. Кога сте вознемирени ако реагирате со викање, плачење или нервоза, децата тоа го гледаат, иако таквите реакции не се насочени кон нив.

Родителите, кои се нервозни може да одгледаат мошне нервозни деца, иако тоа не го сакаат. Исто така ако родителите ги потиснуваат емоциите, децата од нив ќе учат како да ги потиснат своите емоции. Секогаш имајте на ум дека тие мали очиња ве набљудуваат. Секако сите ние сме само луѓе и не можеме секогаш да го контролираме чувството на фрустрација, но важно е на детето да му објасниме зошто сме реагирале на одреден начин, како и дека постојат алтернативи на таквата реакција и однесување.

Децата учат гледајќи како нивните родители комуницираат или како се однесуваат во нивниот меѓусебен однос. Како вие комуницирате со партнерот? Кој донесува одлуки? Дали несогласувањата резултираат со викање или со солзи? Дали секојдневно покажувате почитување еден кон друг?

Дали децата ги гледаат моментите кога сте нежни еден кон друг? Важно е да одговорите на овие прашања со цел децата подобро да ги научите за односите во врските или во бракот. Тоа не значи дека децата треба да изградат идеална слика. Секако нормално е да видат дека во односот меѓу две лица има несогласувања. Важно е да се знае дека децата ќе го споредуваат односот на своите родители со нивните идни врски. Поради тоа е добро да се даде добар, но реален пример.

Доколку изнајмите дадилка за да го почува детето за да можете со брачниот партнер да излезете и да ја прославите годишнината, ќе го научите дете колку е битно во бракот партнерите да имаат време еден за друг.

Доколку на пример одлучите со детето да играте „Не лути се човеку“, наместо да ја чистите бањата, детето ќе научи дека вашето заедничко време е поважно од се и ќе го преземе тој модел. Секако треба да му објасните дека таквите работи не можат да се одложуваат секој ден и дека во еден момент навистина морате да ја исчистите бањата. Вашите деца учат за приоритетите со гледање, а не со слушање.

Што мислите што го научивте денеска своето дете? Можеби не сте свесни, но би биле изненадени со пораките кои им ги испраќаме на своите деца токму во моментите кога немаме таква намера. На децата не можеме да им одржиме лекција за односите, емоциите и приоритетите во животот. Тие работи едноставно можеме само да им ги покажеме.

Убавина е во деталите - Во Неуромедика посетете го естетскиот и пласитичен хирург д-р Чагри Саде

Деталите на вашиот лик, големината на вашите усни, совршената кожа која го содржи животното искуство, но и суптилно и естетски подобрено на префинет начин кој едноставно ја поттикнува вашата внатрешна убавина. Деталите на вашиот изглед на тело, графи, стомак, нозе кои со многу едноставни и лесни процедури можат да го подобрат изгледот и да ја поттикнат вашата самодоверба.  

Секој од овие детали можат да бидат онакви какви посакувате само реализирани од вештите раце на естетскиот и пласитичен хирург д-р Чагри Саде. 

Изборот на доктор и хирург на кој го доверувате вашиот физички изглед е од непроценцлива важност. Особа која пред се е медицинско лице кое работи повеќе години во својата струка и има стотици задоволни пациенти, вистински професионалец кој континуирано ги следи сите светски трендови во реализирање на сите инетервенции, естета која ги разгледува и интерпретира интервенциите според највисоки естетски норми.

 

Д-р. Чагри Саде е паслетичен и естетски хирург кој доаѓа од Истанбул, Турција, земјата која е 5та во свет во категорија на естетски хирурзи и беспрекорните резултати од самите интервенции во поглед на реализација и секако естетика и убавина.

Tретмани и интервенции кои ги изработува д-р. Чагри Саде се:

⦁ Ринопластика – естетски хируршки зафат на нос

⦁ Отопластика – хируршка корекција на истакнати уши

⦁ Секундарен хируршки зафате на нос

⦁ Зголемување на гради

⦁ Покревање и зголемување на гради

⦁ Мамопластика – покревање на гради

⦁ Намалување на гради

⦁ Блефаропластика – хируршка интервенција на очните капаци

⦁ Палпебрае инфериорна хирургија

⦁ Масно вбризгување (лице)

⦁ Ласерска/васер хи-дефо липосукција

⦁ Целосен лифтинг на лице

⦁ Среден лифтинг на лице

⦁ Абдоменопластика

⦁ Хирургија на раце

⦁ Хирургија на фемур

⦁ Трансплатација на коса

⦁ Лифтинг на веѓи

⦁ Француски лифтинг

⦁ Аква голд третман

⦁ Ботокс

⦁ Полнење филер

Закажете термин кај д-р Чагри Саде за среда (24.01.2020) во Болница Неуромедика на телефонските броеви 02 3133 313 и 075 402 000 или plasticsurgery@neuromedica.com.mk

Секс поза која ќе ви ја „зачини“ постелата!

Совршена за оние кои толку се прејале руска салата, што не можат да се помрднат.

„Возење санки“ е идеална за новогодишната ноќ или кога сакате луда забава во кревет, благодарение на својата празнична тема. Оваа „мрзлива“ поза во сексот вклучува и малку помрднување и може да се постигне многу едноставно.

Легнете на кревет свртени на стомак, исправете ги нозете, а колковите благо подигнете ги, за да го намалите притисокот на стомакот.

Партнерот нека легне врз вас (слично како во doggy поза). Доколку сте имале обилен оброк непосредно пред чинот, не се грижете, бидејќи во оваа положба нема да почувствувате силна тензија во стомакот.

Велат и дека е добра за „лечење“ од мамурлак.

Похован леб со бадеми е вистинско уживање!

Повеќето го јадат за доручек, но навистина е добар и доколку станувате подоцна и имате мамурлак.

Похован леб јадеме многу често, а најмногу во слатко издание. Еден од повкусните рецепти е оној со тостирани бадеми и шеќер во прав, на кого навистина е тешко да се одолее. Припремата трае некои 15 минути, но би било убаво лебот некое време да отстои во ладилникот пред печење.

СОСТОЈКИ:

– 100 грама бадеми како листови

– 3 јајца

– 250 милилитри млеко

– 3 лажици брашно

– малку сол

– 1/2 лажичка прашок за пециво

– 1/2 лажичка екстракт од бадеми

– 6 тенки кришки леб (или 12 од багет)

– 3 лажици сончогледово масло

– шеќер во прав

ПРИПРЕМА:

1. Пропржете ги ливчињата бадеми и кога ќе добијат златникава боја, тргнете ги од ринглата.

2. Тавата обложете го со хартија за печење.

3. Во голем сад измешајте ги јајцата, млекото, брашното, прашокот за пециво, солот и екстрактот од бадеми.

4. Натопете ги кришките од двете страни во смесата, ставете ги на тавата и префрлете ги во ладилникот на саат време да отстојат.

5. Загрејте го сончогледовото масло во тавчето. Лебот од едната страна посипете го со бадеми, па пржете го по неколку минути на двете страни.

6. Пред да ги послужите кришките, ставете шеќер во прав.

Пријатен апетит!

Најчитани

Твитови