ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ: Еве кој е бизнисменот кој бил рекетиран од Боки 13 во име на Катица Јанева!

Познатиот скопски бизнисмен Јордан (Орце) Камчев бил мета на рекет од страна на Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски познат како Кичеец – дознава Лидер од извори на истрагата.

Камчев е сопственик на Орка Холдинг, Аџибадем Систина, ЗК Пелагонија и уште неколку успешни бизниси. Во минатото тој се поврзуваше со името на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Како што неофицијално дознаваме, Камчев го пријавил случајот откако осомничените и пристапиле на неговата сопруга и на неколку средби со него им побарале 8 милиони евра за ослободителна пресуда за случајот на СЈО “Империја” или 5 милиони евра за поблага пресуда.

Јовановски и Милевски, на Камчев успеале да му извлечат 1.5 милиони евра. Како што неофицијално дознаваме, во рекетот биле вмешани и неколку политичари од владејачката СДСМ со кои Јовановски е во постојана комуниникација и блиски односи. Во јавноста се шпекулира дека Камчев дури успеал и да ги сними рекетарите додека во неговиот дом од него изнудуваат пари. Овие снимки се наведуваат како главна причина поради која ОЈО го отвора случајот.

Непосредно откако му ги земале парите на Камчев, Јанева ја тргна мерката домашен притвор за него а подоцна и му го врати пасошот.

Економски Лидер од извори во истрагата дознава дека денешната оставка на Јанева е поврзана токму со апсењето на Јовановски и Милевски, затоа што, двајцата изнудувале пари од познат бизнисмен за да стопираат истражна постапка на Специјалното Јавно Обвинителство. Неофицијално, од непотврдени извори дознаваме дека се работи за случајот Империја.

Имено, како што дознаваме, контроверзниот Боки 13 изнудувал пари благодарение на неговата бизнис поврзаност со Катица Јанева,чиј син, Лазар Јанев, е вработен во раководните структури на 1 ТВ како директор на маркетинг.

Оваа поврзаност на Боки 13 со Катица Јанева е основата на рекетот, а како што дознава Лидер од извори во истрагата, Јанева исто така била вмешана во рекетот и се истражува текот на парите за да се види дали и во нејзиното семејство завршиле дел од изнудените пари. Во наредните денови се очекува таа да биде повикана на распит.

Освен тоа што нејзиниот син е вработен во телевизијата на Јовановски, Јанева со сега приведениот е во блиски пријателски односи веќе неколку години.

Како што дознаваме, токму затоа, денеска Јанева си поднесе оставка, со образложение дека тоа го прави за политичките партии да немаат проблем во преговорите за продолжување на мандатот на СЈО.

Инаку, за да му завршат работа на бизнисменот кој важи за еден од најбогатите во Македонија, Јовановски и Милевски му барале 8 милиони евра за ослободителна пресуда или 5 милиони евра за намалување на казната. Договориле парите да ги добиваат на рати, а тие пред да бидат уапсени успеале да наплатат 1.5 милиони евра.

Обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, соопшти првоосомничениот го искористил своето влијание кај јавен обвинител и зел 1,5 милиони евра од лице под истрага за да му ја олесни положбата. Второосомничениот овозможувал средби со лицето под истрага, кое во оваа истрага е сведок. При овие средби, кажа Рускоска, биле побарани 8 милиони евра од сведокот за да се запре кривичната постапка против него, но откако добиле 1,5 милиони евра, тие се посомневале во доверливоста на сведокот и престанале со средбите.

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднела оставка токму поради ова што е дел од случајот и знаела што ќе се случува и дека можно и нејзино приведување. Во нејзината официјална оставка, таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат нејзиниот наследник.

–Во моментот кога со консензус на сите политички партии бев избрана за специјален јавен обвинител, себеси и на граѓаните на Република Северна Македонија ветив дека функцијата Специјален јавен обвинител ќе ја извршувам во интерес на владеењето на правото и борбата против криминалот и коруцпијата во Република Северна Македонија. Се нафатив на функцијата во исклучително тешки околности и целосно свесна за задачата која ми е дадена. Чест ми беше да и служам на државата и да бидам на чело на исклучително професионален обвинителски тим, истражителски тим и тим на вработени кои безрезревно и посветено ги извршуваат своите работни задачи, вели Јанева.

Додава дека со месеци ги следи медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство и дека нема да дозволи да биде искористена за нечие алиби.

–Еве, денес ја користам приликата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции на мојата земја, вели Јанева.

Зошто ШВАЈЦАРСКОТО СИРЕЊЕ има дупки?

Постои научно објаснување зошто во швајцарското сирење има дупки, но и зошто во поново време тие дупки се сè помали.

Се работи за честици сено кои останувале во млекото дури и при термичката обработка. Кога сирењето зрее, во тој процес честичката сено околу себе создава меур од воздух, што резултира со познатите дупки.

Во последните години некои производители додаваат вештачки вакви честички, за да се осигураат дека во сирењето ќе има дупки. Причина за тоа е што модерниот начин на молзење на кравите и складирање на млекото е автоматизиран и под строги контроли, па затоа тешко се случува во млекото да остане честичка од сено.

ФОТО: Сораја ја вжешти атмосферата во претесното бикини

Една од најпопуларните Балкански старлети Сораја Вучелиќ очигледно го живее животот  на „висока нога“. Таа на своите фанови на социјалните мрежи постојано им споделува фотографии на кои се гледа како ужива на егзотични дестинации.

Старлетата летово се забавува и проведува со своите исто така секси пријателки во Марбеља, Шпанија.

Зошто ви е тешко да го преболите раскинувањето?

Зошто ви е тешко да продолжите понатаму со животот после раскинувањето на врската, иако сте свесни дека тоа било најдоброто можно решение и исход?

Раскинувањето не е лесен чекор, без разлика дали одлуката била взаемна, ваша или на другата страна. Сепак сте се разделиле од личност со која некогаш сте биле среќни, во која сте биле вљубени.

Има неколку причини зошто ви е тешко да го преболите и надминете раскинувањето:

Осаменост

Една од најчестите причини зошто на луѓето им е тешко да продолжат понатаму по раскинувањето е осаменоста за која стануваат свесни во моментот кога веќе го немаат партнерот покрај себе.

Осаменоста може да нѐ натера да почнеме да копнееме по личност која не била добра за нас.

Решение за ваквите моменти на криза е префрлање на фокусот. Најдобро е фокусот да го префрлите на себе, на нешто што ви причинува среќа, задоволство и радост. Искористете го ова слободно време за нешто корисно и продуктивно и не заборавајте – подобро е да сте сами отколку со некој кој не е добар за вас.

Изгубена самодоверба

Ако сте биле во врска со личност која не била добра за вас или не ви обрнувала внимание, можно е вие да сте почнале да ја губите самодовербата уште додека сте биле во таа нефункицонална врска.

Но, не е сѐ изгубено. Тоа била вашата реакција на таа личност и таа ситуација. Сега сте сами и целото внимание е насочено на вас и вашата добросостојба.

Опкружете се со луѓе кои ве сакаат и во го посакуваат само најдоброто, луѓе кои ве ценат и ве почитуваат, кои веруваат во вас и вашите способности.

Полека, полека, ќе избледи сеќавањето на тоа дека таа личност правела да се чувствувате лошо, а вие ќе најдете начин, механизам и метод да се сакате себе си и да ја одржувате таа љубов и почит кон себе.

Најчитани

Твитови