Знаци дека дефинитивно сте ја пронашле совршената љубов

Се поврзувате без напор

Можеби сте се запознале преку заеднички пријатели. Можеби случајно сте налетале еден на друг. Можеби заедно сте седеле во кафана. Во секој случај, во моментот кога конечно сте се поздравиле и сте започнале муабет, хемијата била неверојатна.

Се создала длабока и интензивна поврзаност низ разговор и говор на тело. Кај некои парови, ова чувство избледува со текот на времето, но со вашата сродна душа, тоа чувство станува сѐ посилно и поинтензивно.

Нивото на комуникација е беспрекорно

Успехот на секоја долготрајна врска може да се препише на способноста за комуникација. Се работи за реална комуникација во која ништо не е скриено и е лишена од лаги. Ова ве прави отворени и ранливи пред вашите партнери. Понекогаш ова се вежба, но сѐ оди полесно со сродната душа. Важно е сродните души да ги изразуваат своите потреби и да знаат дека комуникацијата има различни облици.

Зошто само овој вид на стоногалка во домот, не смеете да ја убивајте?!

Кога ќе забележите стоногалка во вашиот дом – провидно, прилично брзо и издолжено суштество – веројатно првата реакција ќе ви биде да вреснете и да ја згазнете. Немојте да го правите тоа! Таа е предатор, членконога, која е исклучително корисна во домот.

Стоногалката уништува многу поштетни инсекти отколку што е таа самата, како што се бубашваби, молци кои јадат книги, облека и ѕидни тапети, мравки.

Тие бараат влажни места во домот и го демнат пленот и воопшто не се двоумат да го отстранат секој инсект кој шета низ вашиот дом.

Овие стоногалки ги уништуваат останатите бубачки со помош на две работи – тие се неверојатно брзи, а притоа првите две нозе им служат како канџи со отров (не грижете се, со него можат да убијат други инсекти, но вам не можат да ви наштетат). Освен тоа, имаат многу брз метаболизам што значи дека постојано се гладни и секогаш се во потрага по нов залак.

Иако името стоногалка сугерира дека имаат сто нозе, повеќето немаат повеќе од триесет. Двете предни нозе служат како клешти за да му вбризгаат отров на пленот, но тие се премногу слаби за да продрат во човечката кожа, па не мора да се плашите.

Другите нозе им овозможуваат брзо да се движат и да ги прогонуваат инсектите, користејќи тактика на заплеткување на пленот со нозете.

Ако и покрај овие информации не сакате да имате стоногалка како цимер, фатете ја во некоја тегла и исфрлете ја надвор, и задолжително потполнете ги сите дупки во ѕидовите и во домот од каде што можат да влезат.

Внимателно: Што смее, а што не да е уклучено во струја кога грми?

Познато е меѓу народот дека кога грми треба да изгаснеме се дома, за да не удри гром, но дали е тоа точно и што треба, а што не треба да исклучиме?

Во Европа, а и кај нас, стандарден напон е 220 волти, а ударот на громот може да ослободи напон од неколку милиони волти. Што значи тоа?

Тоа значи дека удар на гром во вашата куќа или во близината, ќе ве остави без електронски апарати кои не можат да ја издржат таа волтажа.

Единствен начин да го спречите тоа е да исклучите се од струја кога грми. И уште една многу важна работа, кога грми ако снема струја, никако не ги уклучувајте уредите веднаш кога ќе се врати. Почекајте неколку минути за да се стабилилизира, па уклучете ги апаратите.

Сепак, за едно нешто не грижете се, громот нема влијание на мобилните уреди, па можете да зборувате на мобилен без страв.

Сметката од 50.000 евра во ноќен клуб во Дубровник, се огласи и сопственикот

Последниве неколку дена се зборува за настан кој се случил во еден клуб во Дубровник.

Сметката од 50.000 евра требало да ја плати богат Саудиец кој цело време пиел и ги честел сите во клубот.

Потсетуваме дека наводно група на бгаташи сакале да си поминат убаво во ноќниот клуб, но не и да ја плати сметката од која ги заболело глава.

Една жена се пожалила на сметката и поввикала полиција, но кога полицијата пристигнала сметката веќе била платена.

„Што се однесува на цените, ако ги споредите цените на наведените пијалоци во другите ресторани и клубови, може да видите дека цените се реални“ рекол сопственикот.

„Нашите гости доаѓаат за да се забавуваат и како и секоја друга личност свесни се за цените кои им се во секој момент достапни“ рекол сопственикот.

Најскап артикл на сметката бил шампањ „Родер кристал розе“ вреден 17.000 евра, потоа “Arman de Brinjak” вредно 16.000 евра.

Најчитани

Твитови