Возач е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 22 часот на регионалниот пат Кавадарци-мотел Дреново, кај градските гробишта.
-К.Г.(55) од Кавадарци, управувајќи патничко возило „Ровер“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во дрво, информираат од МВР.

Возачот се здобил со тешки повреди, по што бил пренесен во болницата во Кавадарци.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.