БОРЦИ ПРОТИВ РАКОТ: Овие три намирници го убиваат канцерот!

Идеалната здрава трпеза се состои од 50 проценти зеленчук - останатите се протеини од животинско потекло, житарици и масти.

Следуваат трите најдобри „борци“ против рак. Тие се многу блиску, во нашето окружување. 

Брокули 

Глукозинолати кои се наоѓаат во брокулата на овој зеленчук му даваат лут вкус, но и ја намалуваат веројатноста за појава на малигни клетки. Оваа состојка е многу активна при жвакањето и во текот на варењето и исклучително е ефикасна во борбата против рак на дојка и рак на мочниот меур. 

Риба 

Кај жените кои конзумираат премногу мрсна храна, ризикот од заболување на рак на дојка е и до 55 проценти. Нутриционистите јасно дефинираа што е „премногу“: јадење мрсна храна повеќе од три пати неделно. Оние кои се преориентирани на риба (три пати неделно е сосема доволно), го намалуваат ризикот од малигно заболување и до 65 проценти. Омега 3-масните киселини во рибата не само што се обидуваат да го спречат настанувањето на малигните ќелии, туку го спречуваат и понатамошниот развој на веќе формираните. Кај лицата заболени од рак, кај кои рибата е често на трпезата, постои голема шанса канцерогените ќелии во нивниот организам понатаму да не се развиваат.

Домати 

Црвените плодови не само што се нискокалорични (100 грама содржи од 17 до 20 калории) туку се и многу вкусни. Доматот е зеленчук кој има најмногу ликопен, супстанца поради која оваа билка е со црвена боја и служи како многу значаен заштитник на срцето и крвните садови. Ликопенот, меѓутоа, може и повеќе - да го забави растот на малигните ќелии и до 50 проценти - а во комбинација со витамин Е кој се наоѓа во масла и масти од растително потекло, нивниот раст се намалува дури и до 70 проценти. Неговата концентрација се зголемува со загревање - зготвен или термички обработен (на пример во вид на ќечап или сос) доматот е многу ефикасен во борба против рак отколку кога се конзумира сиров.

Чоколаден колач со три состојки идеален за во лето

Се подготвува брзо и едноставно, а вкусот е фантастичен.

Состојки:

4 јајца

300 гр чоколадо

Овошје по избор

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени.

На пареа стопете 200 гр чоколадо. Одвојте ги белките од жолчките. Со миксер изматете ги белките да формираат цврста пена.

Во растопеното чоколадо ставете ги жолчките, една по една и матете со жица. Потоа наизменично додавајте ги белките и мешајте.

Смесата ставете ја во подмачкан плех или плех обложен со хартија за печење.

Печете околу 30 минути.

Кога колачот малку ќе се олади, прелејте го со останатите 100 гр растопено чоколадо, а одозгора наредете овошје по избор.

Трик со кибрит кој открива дали имате здрави бели дробови

Дали е се во ред со вашите бели дробови може да ви покаже мал тест за кој ви требаат само кибрит и запалка.

Запалете го кибритот и испружете ја раката во која ја држите пред себе. Вдишете длабоко на нос и издишете од уста.

Колку пати ова го направивте пред да го изгасите кибритот? Доколку ви требало некоклу пати за ова да го постигнете, тогаш веројатно имате проблем со белите дробови. Овие проблеми можат да бидат предизвикани од пушење, недостаток на физичка активност и хронични болести на респираторните ограни. На капацитетот на белите дробови може да влијае и начинот на живот, но и болест.

Тестот е неопходно да се прави во соба која е проветрена, и во која нема големо струење на воздух.

Контакт со поранешниот партнер – да или не?

Две различни истражувања спроведени со лица кои се во врски, открија колку често луѓето комуницираат со поранешните партнери и како тој контакт влијае врз нив. Околу 40 отсто од студентите се во контакт со поранешните партнери, а над 90 отсто почнале да комуницираат со нив неколку месеци по раскинувањето.

Многу мал број, само 13 проценти од испитаниците комуницираат со поранешните партнери неколкупати неделно. Оваа појава е  помалку присутна кај луѓе кои биле во сериозна врска, свршени или в брак.

Од друга страна пак, според стручните лица, поголема е веројатноста некој да остане во врска со поранешниот партнер ако во мигот на раскинувањето сѐ уште имал чувства кон него или неа. Во натамошната комуникација најчесто се вклучуваат оние кои се надеваат на помирување.

Исто така, поверојатно е дека ќе останат во контакт луѓето чија врска не завршила со сериозна емоционална траума за една од страните. 

Најчитани

Твитови