Драстичните промени на храната што ја внесувате може да имаат негативни последици

Конечно сте решиле дека е потребно да го промените начинот на исхрана кон подобро и планирате тоа да го направите веднаш. Имајте на ум дека не е препорачливо да брзате во ниту една работа, па ниту во оваа. Наглата промена од храна полна со маснотии и шеќери кон здрава храна, може да му предизвика шок на телото и да предизвика одредени здравствени тешкотии. Затоа, пред конечно да почнете да се храните здраво, неколку денови претходно подгответе го телото.

Наутро наместо кафе пијте чај или сок од свежо цедено овошје, за ручек јадете салата и сл.

Надуеност во стомакот

Доколку наеднаш започнете да јадете исклучиво здрава храна и здрави намирници, а претходно целиот ваш живот сте јаделе обилни оброци во кои имало многу калории, првиот симптом што ќе го почувствувате е надуеност во стомакот и чувство на тежина во желудникот.

Можете да се здебелите

Колку и да ви изгледа неверојатно, сепак и кога јадете исклучиво здрава храна, вие можете да се здебелите. Тоа е така бидејќи луѓето што јаделе целиот свој живот мрсна и зачинета храна, кога ќе се преориентираат на здрава исхрана, имаат континуирано чувство на глад. Токму поради тоа, тие постојано внесуваат нова и нова храна, притоа сметајќи дека здравата храна нема да влијае тие да се здебелат. Сепак, тоа ни оддалеку не е така. Токму поради тоа обрнете внимание, затоа што дури и здравата храна во својот состав има калории.

Ја изгубивте желбата да продолжите

Луѓето што почнуваат да јадат храна што е здрава, а претходно постојано јаделе висококалорична храна, но и храна привлечна на изглед, кога ќе го променат начинот на исхрана, се чувствуваат лошо, нерасположено, гладно…

Се случува да имаат чувство дека се жртвуваат, а не дека му прават трајно добро на своето здравје. Токму поради ваквото чувство на незадоволство, луѓето што се обидуваат да го променат начинот на исхрана, многу брзо ја губат желбата и мотивираноста и сакаат да се откажат.

Сепак, не правете го тоа, бидете цврсти, упорни и истрајни, а резултатите и придобивките што ќе ги почувствувате, ќе бидат очигледни за многу кратко време.

Во овој период од животот ќе имате најдобар секс

Како што почнувате да “газите” во дваесеттите години, така се помалку се радувате на родендените, но тоа ќе се промени сега.

Имено, неодамна едно секс истражување на интернет платформата “Happify” постави многу важно прашање: Кога луѓето го имаат најдобриот секс во животот?

На основа на одговорите на луѓето кои се во своите 50-ти и 60-ти години, како искусни “играчи”, најдобриот секс во животот го имале во 40-тите години, или поточно во 46-та година.

А, изгледа дека на тоа има влијание и со кој имате секс, бидејќи поголемиот дел од овие испитаници најдобриот секс во животот го имале со моменталниот партнер.

Тоа значи дека како што животот почнува да ви се приближува кон 46-от роденден, добро размислете дали во тој момент сте со вистинскиот партнер.

Зошто само овој вид на стоногалка во домот, не смеете да ја убивајте?!

Кога ќе забележите стоногалка во вашиот дом – провидно, прилично брзо и издолжено суштество – веројатно првата реакција ќе ви биде да вреснете и да ја згазнете. Немојте да го правите тоа! Таа е предатор, членконога, која е исклучително корисна во домот.

Стоногалката уништува многу поштетни инсекти отколку што е таа самата, како што се бубашваби, молци кои јадат книги, облека и ѕидни тапети, мравки.

Тие бараат влажни места во домот и го демнат пленот и воопшто не се двоумат да го отстранат секој инсект кој шета низ вашиот дом.

Овие стоногалки ги уништуваат останатите бубачки со помош на две работи – тие се неверојатно брзи, а притоа првите две нозе им служат како канџи со отров (не грижете се, со него можат да убијат други инсекти, но вам не можат да ви наштетат). Освен тоа, имаат многу брз метаболизам што значи дека постојано се гладни и секогаш се во потрага по нов залак.

Иако името стоногалка сугерира дека имаат сто нозе, повеќето немаат повеќе од триесет. Двете предни нозе служат како клешти за да му вбризгаат отров на пленот, но тие се премногу слаби за да продрат во човечката кожа, па не мора да се плашите.

Другите нозе им овозможуваат брзо да се движат и да ги прогонуваат инсектите, користејќи тактика на заплеткување на пленот со нозете.

Ако и покрај овие информации не сакате да имате стоногалка како цимер, фатете ја во некоја тегла и исфрлете ја надвор, и задолжително потполнете ги сите дупки во ѕидовите и во домот од каде што можат да влезат.

2 банани дневно водат до неверојатни работи во организамот!

Бананите се богати со витамини и минерал и нудат бројни придобивки за здравјето.

Нутриционистите тврдат дека ако само еден месец јадете по две банани дневно, ќе му направите голема услуга на вашиот организам и здравствена состојба.

1. Подобро расположение

Ова жолто овошје ја содржи состојката триптофан, вид протеин што телото го претвора во серотонин, познат како хормон за среќа. Благодарение на него, тој побрзо продира до мозокот и нашето расположение се подобрува, односно стануваме посреќни.

Во бананите има многу триптофан, па затоа кога ќе се почувствувате лошо или ќе ви се причини дека сте на раб на депресија, навалете на ова овошје. Покрај тоа, серотонинот дејствува смирувачки и го подобрува сонот.

2. Забрзана дигестија

Ова овошје е одличен извор на влакна, поради што ги регулира сите проблеми со цревата. Доколку изедете една банана пред оброк, нема да имате проблеми со надуеноста. Тоа е така затоа што, иако многумина мислат поинаку, бананите не се виновни за запекот. Напротив, го регулираат и забрзуваат дигестивниот систем.

Најчитани

Твитови