Какви се женските девици под површината?

Припадничките на понежниот пол кои се родени во знакот девица се трудољубиви, исклучително вредни и услужливи личности. Тие се секогаш желни да им прават услуги и да им помагаат на членовите на семејството, пријателите, соседите.

Интересен податок за женските девици е дека тие сакаат мали животинчиња, па немојте да се изненадите доколку тие чуваат две малечки мачиња или кучиња мали по раст.

Добра линија

Овие мили девојки внимаваат каква храна консумираат, бидејќи девиците обично многу пазат на своето здравје. Тие често се изложуваат на здрави режими на исхрана, нискокалорична органска храна и зеленчуци.

Интерес за медицина

Можеби некои од вас би се изненадиле од овој податок, но типично за женските девици е да имаат огромен интерес за медицината. Како резултат на нивната перфекционистичка природа, тие умеат да научат како со примена на медицината може да се спасуваат човечки животи, па затоа не е необично нивната професионална определба да биде токму во некое поле од медицината.

Талентирани за пишување

Девиците имаат одлично око за фаќање детали. Кај многу девици, токму таа нивна особина им овозможува да станат фантастични писателки. Тоа не значи дека сите родени во овој знак ќе станат мега популарни новелисти, но повеќето од нив се талентирани за да бидат добри новинари, да создаваат јаки проекти или да водат убав личен дневник.

Без цензура: Карлеуша како од мајка родена!

Јелена Карлеуша стана заштитно лице на кампањата ПЕТА за Европа, па нејзините голи фотографии ќе се најдат на билбордите ширум континентот. Рамо до рамо со светските ѕвезди како Ева Мендез, Наоми Кемпбел и многу други подржувачки, пејачката се фотографираше гола под заедничкиот слоган „Подобро гола отколку во крзно“

Понудата да биде токму таа во акцијата против употреба на крзно во модната индустрија веројатно ќе треба да ја оправда со тоа што нема, ниту да купува, ниту да се појавува, во облека и со модни додатоци од крзно, па останува да видиме...

Тим научници открија: Што ги прави мажите среќни во бракот?

Тим на научници откри дека за мажите естетскиот момент е многу важен и дека остануваат што подолго во брачните води ако покрај себе имаат убава партнерка, бидејќи се среќни.

Убавината на партнерката, за повеќето мажи е пресудна за успешен брак – покажало истражувањето. Студијата траела четири години и е спроведена на 450 парови, кои пред почетокот на истражувањето имале задача да го оценат партнерот, за неговата убавина. Резултатите покажале дека мажите и пред и по истражувањето не го промениле мислењето и оцената за убавината на својата партнерка. За разлика од мажите за жените убавината е на второ место. На прво место им е интелигенцијата и комуникативноста на партнерот.

Овие хороскопски знаци се оние кои најмногу изневеруваат!

Некои луѓе се склони кон обновувањето на љубовните врски со поранешните партнери иако се во брак, други тоа го прават бидејќи уживаат кога се во центарот на вниманието, а некои пак едноставно имаат силен сексуален нагон кој не знаат да го контролираат.

Скорпија

Луѓето родени во овој знак имаат силен сексуален нагон што може да ги доведе до ситуација да го изневерат својот партнер и тоа во случај доколку нивниот однос не е доволно страствен. Кога Скорпиите ќе видат нешто што сакаат да го имаат, без разлика дали станува збор за некоја личност или пак нешто материјално, ќе направат се за да го добијат. Тоа вклучува и лажење и манипулирање доколку е потребно.

Вага

Кога ќе дојде до проблем во врската, Вагите ќе направат се за да се реши ситуацијата. Но, тие не сакаат расправии и ќе се обидат на секој начин да ги избегнат. Понекогаш знаат да се преправаат дека не забележуваат што се случува за да има мир во куќата. Иако луѓето родени во овој знак не се склони кон прељуба, ќе го направат тоа за да се чувствуваат подобро, за да почувствуваат дека и понатаму се пожелни и да ја пополнат празнината која ја чувствваат бидејќи се во несреќна врска.

Лав

Сите знаат дека Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и тешко ќе им одолеат на луѓето кои ги третираат на тој начин. Нивното его и самодоверба може да биде атрактивно за другите. Тоа е и причината поради која големи се шансите да извршат прељуба, особено ако оној кој пробува да ги освои го храни нивното его.

Стрелец

Луѓето родени во овој знак имаат немирен дух, многу се радознали и секогаш бараат нешто ново и возбудливо. Многу се спонтани и често постапуваат без да размислат за последиците. Кога се Стрелците несреќни во врска, ќе го изневерат партнерот со еден или повеќе љубовници. Нивната слободоумност и авантуристички дух за другите се многу привлечни.

Најчитани

Твитови