Интересни Гинисови рекорди

Најголем број родени деца – Најголем број на деца родени од една мајка, е рекорд поставен во периодот од 1725 до 1765 година, а него го држи жената на еден руски земјоделец, Фјодор Васиљев. Во тој период таа родила дури 69 деца, од кои 16 пати близнаци, 7 пати тројка, 4 пати четворка и 4 единци.

Најдолг врат – Жените од Мианмар (Бурма) од племето Падаунг, според нивната традиција треба да го издолжуваат вратот со метални прстени. Најдолгиот врат измерен во нивното племе достигнал 40 сантиметри.

Најмал струк – Етл Греинџер од Кембриџ, Велика Британија во 1939 година го поседувала најтесниот струк, кој изнесувал само 33 см во обем.

Најдолга брада, но на жена – Овој рекорд го држи Џенис Давери од Кентаки, САД која во 1884 година имала брада долга запрепастувачки 36 см.

Најголемо јаболко – Најголемото јаболко во светот е најдено во Јапонија и тежело 1,849 килограми.

Најголем лимон – Најголемиот лимон во светот е најден во Израел и тежел 5,265 килограми.

Девојката му направила "шливка" на вратот, а тој одма потоа починал

17 годишниот Хулио Гонзалес од Мексико Сити починал од гушење предизвикан од тромб, кој девојката му го направила со бакнеж.

Во текот на вечерата со фамилијата, Хулијо почнал да се гуши, неговите родители веднаш повикале помош од лекари, но тие за жал не можеле ништо да сторат и тинејџерот починал. 

За смртта на момчето се сомнева дека е “виновна“ неговата девојка која непосредно пред тоа на вратот му направила “шливка“, при што настанал тромб кој допатувал до неговиот мозок и предизвикал мозочен удар.

Според пишувањата на медиумите девојката е во бегство бидејќи е исплашена дека може да биде обвинета за смртта на младото момче.

Ова не е прв ваков случај: пред две години 44 годишна жена од Нов Зеланд останала неподвижна по мозочен удар предизвикан од слични околности.

Лекарите не можеле да објаснат која е причината за парализа на левата рака се додека не приметиле модрица на нејзиниот врат и оштететна артерија. На пациентката и била дадена терапија, па после една недела дена таа заздравила.

Вистинска случајност: Фотографии кои се направени случајно, а потсетуваат на реални ликови и животни (галерија)

Биди поразличен, оригиналот е вреден!

Водејќи се според ова мото некои луѓе биле навистина креативни и направиле вистински уметнички дела, фотографирајќи предмети и моменти од вистинскиот агол.

Едноставно уживајте и разбудете ја креативноста во себе:

12 филмски грешки од врвни филмови кои речиси и никој не ги забележува, а се очигледни (галерија)

Ние како тим и истражувачи ви претставуваме популарни и одлични филмови. Сепак, исто така знаеме дека дури и најдобрите од нив секогаш имаат неколку грешки. Тоа не ги  праваи полоши, се разбира, но по оваа галерија ќе имате добра причина да ги погледнете повторно и да се фокусирате на деталите да ги забележите недостатоците.

Погледнете:

#1# Iron Man 2

#2# Deadpool

#3# Forrest Gump

#4# Harry Potter and the Philosopher’s Stone

#5# Titanic

#6# Pulp Fiction

#7# The Fifth Element

#8# Tangled

Најчитани

Твитови