Што ги нервира келнерите?

Што ги нервира келнерите?

Како резултат на големата невработеност во нашата држава, многу млади момци и девојки, но и повозрасни луѓе одлучуваат да се вработат како келнери во некој кафе бар, затоа што тоа е единствената работа која лесно може да се најде. И покрај тоа што платата не е голема, на некои луѓе им е неопходна за да си ги покријат трошоците за кирија или за студирање.

Оние кои немале потреба да ја работат оваа работа, сметаат дека буквално секој може да биде келнер. Но, во реалноста келнерите, покрај тоа што работат физичка работа, трошат многу енергија и на меморирање на стотиците нарачки во текот на денот, а за возврат очекуваат поголема почит од своите муштерии.

Еве неколку ситуации во кои келнерите се чувствуваат понижено од страна на своите муштерии:

„Колку треба?“

Келнерите се чувствуваат навредено кога муштеријата ќе им ги фрли парите на маса уште пред да ја добие сметката. Гостите очекуваат дека келнерот треба на памет да ги знае сметките од сите маси и прашуваат колку чини тоа што го пиеле.

Така излегува дека келнерот не бил доволно брз (и покрај тоа што давал сé од себе за да биде), па се случува гостинот да нема трпение да ја почека сметката и да остави помалку пари.

„Немам ситно“

Точно е дека келнерите работат со пари и треба да имаат ситно во секој момент за да враќаат кусур. Но, невозможно е келнерот да има ситно ако сите муштерии плаќаат со илјадарки за сметка од 80 денари. Па тогаш келнерот, ако е сам на смена, треба да трча низ маало и да бара да му раситнат пари во локалните продавници, обложувалници, банки…

„Многу ви се високи цените“

Кафе баровите се во приватна сопственост и за цените на пијачките одлучуваат нивните сопственици. Тоа значи дека дури и келнерот да сака цените да бидат пониски, за жал нема моќ да ги промени. Неговата работа е да го внесе артиклот во компјутер, да ве послужи, да ви ја одржува масата чиста и да ви донесе сметка. Толку!

Правење неред на масата

Гостите седнуваат во кафе бар за да се релаксираат, да се видат со пријателите и да се освежат со една кафе пауза. Келнерите треба да бидат љубезни и услужливи со своите муштерии и да ги исполнуваат нивните желби за да бидат тие задоволни од услугата. Меѓутоа, само затоа што седнувањето во кафе бар кошта пари, не значи дека гостите треба намерно да истураат шеќер и кафе по масата или да кинат хартија на ситни парчиња. Келнерите навистина немаат време да раскреваат сè што муштериите ќе остават зад себе.

Зошто ШВАЈЦАРСКОТО СИРЕЊЕ има дупки?

Постои научно објаснување зошто во швајцарското сирење има дупки, но и зошто во поново време тие дупки се сè помали.

Се работи за честици сено кои останувале во млекото дури и при термичката обработка. Кога сирењето зрее, во тој процес честичката сено околу себе создава меур од воздух, што резултира со познатите дупки.

Во последните години некои производители додаваат вештачки вакви честички, за да се осигураат дека во сирењето ќе има дупки. Причина за тоа е што модерниот начин на молзење на кравите и складирање на млекото е автоматизиран и под строги контроли, па затоа тешко се случува во млекото да остане честичка од сено.

ФОТО: Сораја ја вжешти атмосферата во претесното бикини

Една од најпопуларните Балкански старлети Сораја Вучелиќ очигледно го живее животот  на „висока нога“. Таа на своите фанови на социјалните мрежи постојано им споделува фотографии на кои се гледа како ужива на егзотични дестинации.

Старлетата летово се забавува и проведува со своите исто така секси пријателки во Марбеља, Шпанија.

Зошто ви е тешко да го преболите раскинувањето?

Зошто ви е тешко да продолжите понатаму со животот после раскинувањето на врската, иако сте свесни дека тоа било најдоброто можно решение и исход?

Раскинувањето не е лесен чекор, без разлика дали одлуката била взаемна, ваша или на другата страна. Сепак сте се разделиле од личност со која некогаш сте биле среќни, во која сте биле вљубени.

Има неколку причини зошто ви е тешко да го преболите и надминете раскинувањето:

Осаменост

Една од најчестите причини зошто на луѓето им е тешко да продолжат понатаму по раскинувањето е осаменоста за која стануваат свесни во моментот кога веќе го немаат партнерот покрај себе.

Осаменоста може да нѐ натера да почнеме да копнееме по личност која не била добра за нас.

Решение за ваквите моменти на криза е префрлање на фокусот. Најдобро е фокусот да го префрлите на себе, на нешто што ви причинува среќа, задоволство и радост. Искористете го ова слободно време за нешто корисно и продуктивно и не заборавајте – подобро е да сте сами отколку со некој кој не е добар за вас.

Изгубена самодоверба

Ако сте биле во врска со личност која не била добра за вас или не ви обрнувала внимание, можно е вие да сте почнале да ја губите самодовербата уште додека сте биле во таа нефункицонална врска.

Но, не е сѐ изгубено. Тоа била вашата реакција на таа личност и таа ситуација. Сега сте сами и целото внимание е насочено на вас и вашата добросостојба.

Опкружете се со луѓе кои ве сакаат и во го посакуваат само најдоброто, луѓе кои ве ценат и ве почитуваат, кои веруваат во вас и вашите способности.

Полека, полека, ќе избледи сеќавањето на тоа дека таа личност правела да се чувствувате лошо, а вие ќе најдете начин, механизам и метод да се сакате себе си и да ја одржувате таа љубов и почит кон себе.

Најчитани

Твитови