Луна Џогани првпат ги прошета новите гради и тоа во проѕирен фустан (ФОТО)

Победничката на српското реално шоу „Задруга“, Луна Џогани, дел од парите што ги доби како награда реши да ги вложи во себе и со тоа да си го подобри изгледот.

Имено, Луна пред неколку дена била во посета на една приватна пластична хирургија во Белград каде што си ставила силиконски гради.

Таа и додека беше во „Задруга“ отворено зборуваше дека не е задоволна со големината на своите гради, па конечно сега имаше прилика да ги зголеми.

Папарацо-фотографите ја сликале во проѕирен фустан од кој се наѕирале новите гради.

Таа имаше изјавено дека сака да има „крушкаст“ облик на гради, а дали го постигнала тој резултат, пресудете од фотографиите.

Кога си ќерка на Бил Гејтс ова го добиваш за дипломирање: Поклон од кои ќе ви се заврти во глава! (ФОТО)

Џенифер е името на ќерката на еден од најбогатите луѓе во светот Бил Гејтс.

21 годишната Џенифер која за неколку месеци треба да го заврши своето школување на американски универзитет Стенфорд, како подарок за дипломата ќе добие ни помалку ни повеќе туку цела фарма со коњи во Норт Салем, која се протега на 124 јутри кошта 16 милиони долари.

Како што пренесуваат американските медиуми таа планирала да се посвети на јавачката кариера одреден период а потоа да го продолжи школувањето на медицински факултет. 

Љубители на цигарите ова е за Вас: Погледнете што му прави никотинот на вашето срце! (ВИДЕО)

Општо познто е дека цигарите се најголемото зло за човековото здравје. Цигарите се број еден непријател и причинител за многу болеси.

Светска здравствена организација поради овој факт објави видео со цел да ја подигне свеста за негативното влијание на цигарите врз човековиот организам и да ги охрабри пушачите да се откажат од оваа штетната навика.

Во видеото е напоменато и дека пасивното пушење го зголемува ризикот од срцев и мозочен уда. Така да љубители на цигарите, погледнете го видеото што следи и подзамислете се за вашето здравје...

Дознајте како подзнакот влијае на вашиот карактер!

Сигурно сте слушнале дека секој човек како хороскопски знак има и подзнак. Подзнакот се определува од позицијата на Сонцето, кога се раѓате. За да дознаете што сте во подзнак ви треба датум, час на раѓање и локација. Еве што зборува подзнакот за вашата личност.

Лав - Подзнак Лав ја зајакнува вербата во себе. Вие имате желба да го откриете и „покорувате“ светот. Овој подзнак ве прави многу харизматични како личности, па затоа лесно ги фасцинирате луѓето.

Вага - Вие сте многу отворени личности кои сакаат да комуницираат со луѓето и да создадат повеќе контакти.

Овен - Вие имате потреба да бидете во постојано движење. За вас е недозволиво да стоите и да не правите ништо. Вие исто така сте и многу импулсивни.

Бик - За вас секој нов ден е нова битка и докажување на вашите можности.

Близнаци - Вие се адаптирате лесно кон секакви ситуации и настани. Вие не се плашите од проблемите и храбро ги решавате.

Рак - Вие имате потреба да се чувствувате сигурни. А оваа безбедност ја чувствувате кога сте со вашите блиски. Со годините почнувате да се плашите да разговарате со другите.

Девица - Луѓето родени под овој подзнак се перфекционисти.

Скорпија - Откривате многу малку работи за себе и се криете под маската на друг човек. Тоа е вашето средство за заштита.

Стрелец - Луѓето родени под подзнакот Стрелец живеат за да им помогнат на другите, а кога се работи за нив не прифаќаат никаква помош. За овие луѓе најважно е да бидат независни.

Јарец - Со текот на времето станувате помалку материјалисти и се насочувате кон духовното богатство.

Водолија - Со текот на времето станувате прилично емоционално нестабилни .

Риби - Овие луѓе трошат многу време за да се разубавуваат, за да го привлечат вниманието на спротивниот пол.

Најчитани

Твитови