Новиот рекорд - Бугати достигнал брзина од 490 км/ч.

Подвигот на автомобилот на компанијата во состав на Фолксваген има осумлитарски W16 квад-турбо мотор и седум брзини. Новиот најбрз автомобил на светот е “бугати кајрон“ кој на тест пистата во Германија достигнал брзина од 490.47 км/ч.

Станува збор за автомобил чија цена е неверојатни 2.4 милиони евра и чиј прототип е претставен на 1-ви март 2016-та година на саемот за автомобили во Женева.

Двосед

Двоседот “бугати кајрон“ има осумлитарски W16 квад-турбо мотор и седум брзини, а примерокот кој бил тестиран морал да има ласерски систем за контрола на стабилност за да остане цврсто на земја со сите четири тркала. Автомобилот го управувал британскиот автомобилист Енди Волас, победникот на популарната трка 24 часа “Le Mana“ od 1988-та. Волас возел толку брзо што за една секунда поминал фантастични 136 метри, што е повеќе од должина на фудбалско игралиште.

„Пресреќни сме што станавме први произведувачи на автомобил кој произведе возило кое може да постигне брзина од 300 милји на час“ - изјавил Стивен Винкелмен, претседателот на Бугати.

Возачот Енди Волас објаснил зошто брзината е толку многу важна за возачите

„Поголемиот дел од оние кои сакаат брзо возење возат околу 150 милји на час, но потоа сакаат да додадат уште 20, па 30. Ние ја поминавме границата од 300 милји. Тоа е новиот рекорд и “карјонот“ влезе во целосно нова недопрена територија. Никогаш претходно некој произведувач не го постигнал тоа“ - изјавил тој.

Во овој период од животот ќе имате најдобар секс

Како што почнувате да “газите” во дваесеттите години, така се помалку се радувате на родендените, но тоа ќе се промени сега.

Имено, неодамна едно секс истражување на интернет платформата “Happify” постави многу важно прашање: Кога луѓето го имаат најдобриот секс во животот?

На основа на одговорите на луѓето кои се во своите 50-ти и 60-ти години, како искусни “играчи”, најдобриот секс во животот го имале во 40-тите години, или поточно во 46-та година.

А, изгледа дека на тоа има влијание и со кој имате секс, бидејќи поголемиот дел од овие испитаници најдобриот секс во животот го имале со моменталниот партнер.

Тоа значи дека како што животот почнува да ви се приближува кон 46-от роденден, добро размислете дали во тој момент сте со вистинскиот партнер.

Зошто само овој вид на стоногалка во домот, не смеете да ја убивајте?!

Кога ќе забележите стоногалка во вашиот дом – провидно, прилично брзо и издолжено суштество – веројатно првата реакција ќе ви биде да вреснете и да ја згазнете. Немојте да го правите тоа! Таа е предатор, членконога, која е исклучително корисна во домот.

Стоногалката уништува многу поштетни инсекти отколку што е таа самата, како што се бубашваби, молци кои јадат книги, облека и ѕидни тапети, мравки.

Тие бараат влажни места во домот и го демнат пленот и воопшто не се двоумат да го отстранат секој инсект кој шета низ вашиот дом.

Овие стоногалки ги уништуваат останатите бубачки со помош на две работи – тие се неверојатно брзи, а притоа првите две нозе им служат како канџи со отров (не грижете се, со него можат да убијат други инсекти, но вам не можат да ви наштетат). Освен тоа, имаат многу брз метаболизам што значи дека постојано се гладни и секогаш се во потрага по нов залак.

Иако името стоногалка сугерира дека имаат сто нозе, повеќето немаат повеќе од триесет. Двете предни нозе служат како клешти за да му вбризгаат отров на пленот, но тие се премногу слаби за да продрат во човечката кожа, па не мора да се плашите.

Другите нозе им овозможуваат брзо да се движат и да ги прогонуваат инсектите, користејќи тактика на заплеткување на пленот со нозете.

Ако и покрај овие информации не сакате да имате стоногалка како цимер, фатете ја во некоја тегла и исфрлете ја надвор, и задолжително потполнете ги сите дупки во ѕидовите и во домот од каде што можат да влезат.

2 банани дневно водат до неверојатни работи во организамот!

Бананите се богати со витамини и минерал и нудат бројни придобивки за здравјето.

Нутриционистите тврдат дека ако само еден месец јадете по две банани дневно, ќе му направите голема услуга на вашиот организам и здравствена состојба.

1. Подобро расположение

Ова жолто овошје ја содржи состојката триптофан, вид протеин што телото го претвора во серотонин, познат како хормон за среќа. Благодарение на него, тој побрзо продира до мозокот и нашето расположение се подобрува, односно стануваме посреќни.

Во бананите има многу триптофан, па затоа кога ќе се почувствувате лошо или ќе ви се причини дека сте на раб на депресија, навалете на ова овошје. Покрај тоа, серотонинот дејствува смирувачки и го подобрува сонот.

2. Забрзана дигестија

Ова овошје е одличен извор на влакна, поради што ги регулира сите проблеми со цревата. Доколку изедете една банана пред оброк, нема да имате проблеми со надуеноста. Тоа е така затоа што, иако многумина мислат поинаку, бананите не се виновни за запекот. Напротив, го регулираат и забрзуваат дигестивниот систем.

Најчитани

Твитови