Ако се доделуваат награди за вистински спортски подвиг и достигнување, годинава тоа би требало да замине во рацете на 37 – годишната Сара Томас.
Американсакта пливачка ја заврши турата во каналот ЛА Манш, кој го преплива не еднаш, не двапатиили, три, туку четири пати без престан. Таа пливаше без да застане вкупно 54 часа и 10 минути.
- Не можам да поверувам дека успеав, сега одам да спијам, бидејќи поприлично сум уморна, изјави Томас.
Сара Томас е првата пливачка во историјата која успеала да го преплива четри пати Ла Манш. Требала да преплива 130 километри, но заради силните струи морала да го менува правецот и така преплива 210 километри.
Со овој подвиг ги надмина Џон Ериксон, Филип Рус, АлисонСтритер и Клое Меккардел, кои три пати по ред го препливаа Ла Манш.
Успехот на Томас е поголем, бидејќи подвигот е направен откако го победи ракот на градите и тоа пред само една година.
- Најтешко ми беше да се борам со солената вода заради која устата игрлото ми отекоа. Но луѓето во екипата беа одлични, ми помагаа и ме држеа силна, истакна Американката.

Таа подвигот го почна на брегот од градот Довер во Анфлија и пливаше до Грис Нез во Франција. Температурата на водата била 18 степени, но тоа не ја премисли. Се врати до Довер и уште веднаш стигна до Франција и се врати назад.
- Секоја должина имаше нешто по што беше тешка . Кога прв пат се вратив во Англија сакав да се откажам. Си помислив „Треба тука да завршам и да се откажам“, но од екипата ми рекоа: „Знаеш што? Ти можеш подобро, Можеш да продолжиш“, откри Сара, која за време на својот подвиг пиела протеини помешани со електролити за да добие енергија и малку кофеин да ја разбие поспаноста, а кога го заврши подвигот и излезе од водата во Довер ја пречекаа со шампањ и чоколадо.
Томас се занимава со далечинско пливање од 2007 година, а Ла Манш го има препливано и во 2012 и 2016 година.