Златна есен е пред нас: Љубовен хороскоп до крајот на 2019.

Движењето на планетите до крајот на 2019 година навестуваат промени од корен и настани кои ќе имаат големо влијание и кај оние кои се во врска, но нема да ги одминат ниту оние слободните.

Овен

Оваа есен оние кои се сами, ќе продолжат да ја бараат љубовта на својот живот. Сите слободни Овни ќе имаат потешкотии во пронаоѓање на партнер. Оние зафатените, пак, ќе се обидат да го средат својот емотивен живот.

Бик

Во текот на есента, биковите ќе ги сносат последиците од летните авантури, обидувајќи се на сите начини да остане само на тоа. Некои ќе успеат, додека другите ќе ја претворат летната авантура во сериозна врска. Со доаѓањето на зимата ќе се смират и страстите на Биковите. Оние слободните ќе продолжат да ја бараат својата сродна душа.

Близнаци

Близнаците ќе бидат подготвени за нови почетоци. Тоа воглавно се однесува на оние кои со години ги избегнуваат сериозните врски или брак. Сега таквите ќе бидат подготвени и за такви чекори.

Рак

Оние Ракови кои се во врска или се во брак, ќе имаат прилично тежок период. Односот со партнерот ќе биде на тест, а и двајцата често ќе бидат тврдоглави и упорни, терајќи инает еден на друг. За раковите кои не се во врска, ситуацијата ќе биде поинаква. Тие ќе запознаваат нови лица во својот живот и ќе бидат подготвени за уживање, истражување и забава како никогаш до сега.

Лав

Со доаѓањето на есента, следи уште една „доза на помрачување“ која е поврзана со емотивните партнерства. Лавовите навистина ќе мораат да се борат за својата љубовна приказна. Слободните лавови во овој период ќе бидат во своето стандардно расположение, уживање и слобода! Но, не очајувајте зимата ќе донесе постабилен период на љубовно поле.

Девица

Врските кои завршиле во првата половина во годината, има големи шанси да се обноват. Оние девици пак кои веќе се во врска да внимаваат може да дојде до раскинување на врската. Со доаѓањето на зимата се враќаат љубовните приказни. Многу врски ќе одат кон брак, па дури и принова.

Вага

Вагите во врска или брак ќе можат да бидат мирни, меѓунив ќе попушта напнатоста. Толеранцијата во врската е неопходна и Вагите знаат како да ја воспостават. Слободните Ваги ќе им се предадат на своите страсти сѐ додека не ги погоди минатото и личноста која оставила трага во нивното срце. Повторно ќе започнат љубовните игри.

Шкoрпија

Како пристига есента, така сѐ ќе се врати на своето место. Сега знаете на што сте. Ова се однесува на оние кои се во брак или во долга врска. Што се однесува до слободните, тие во овој период некако ќе лутаат, малку се враќаат во минатото, малку ќе се активираат околу нови љубови, иако ќе бидат свесни дека со нив можат да имаат имаат само авантури.

Стрелец

На есен стрелците во брак или во емотивна врска ќе се соочат со проблеми во меѓусебните односи. Постојат шанси некои од нив на почетокот на есента да стават точка на врската или бракот, или нивниот партнер ќе се одлучи дека повеќе не сака ништо со нив. Слободните стрелци ќе бидат свртени кон минатото, така што постои голема веројатност дека повторно ќе му се придружат на поранешниот партнер. Со почеток на зимата може да ви се провлече некој стар проблем. Внимавајте!

Јарец

Оваа есен оние кои се во врска ќе имаат прилика да ја стабилизираат ситуацијата со саканата особа, но тоа ќе биде прилично тешка задача. Поголемиот дел од Јарците кои не се во врска, ќе уживаат во овој период. Врски од минатото повторно ќе се појават, па треба да се размисли дали е вредно да се подигне од пепел или не. Новостите ќе се менуваат многу брзо, ваше е само да уживате во нив.

Водолија

Есента за Водолијата е време за испитување на ситуацијата, но ни во овој период нема да биде лесно. Некои врски нема да биде можно да се сочуваат.  Од друга страна, оние кои се во подолги емотивни врски можат да отидат во друга крајност и да се одлучат неочекувано да впловат во брачни води. Што се однесува до слободните, некои од нив ќе се одлучат да се вратат на својот поранешен партнер, додека други ќе започнат нови љубовни авантури.

Риба

Есента носи проблеми на Рибите кои се во било каква забранета врска, без разлика дали се слободни или не. Некои од дилемите дефинитивно ќе завршат и тие ќе се одлучат кому треба да му посветат внимание. Со доаѓањето на зимата Рибите ќе ја имаат саканата личност покрај себе. Оние во брак или врска можат да уживаат во еден убав љубовен период.

Зошто ШВАЈЦАРСКОТО СИРЕЊЕ има дупки?

Постои научно објаснување зошто во швајцарското сирење има дупки, но и зошто во поново време тие дупки се сè помали.

Се работи за честици сено кои останувале во млекото дури и при термичката обработка. Кога сирењето зрее, во тој процес честичката сено околу себе создава меур од воздух, што резултира со познатите дупки.

Во последните години некои производители додаваат вештачки вакви честички, за да се осигураат дека во сирењето ќе има дупки. Причина за тоа е што модерниот начин на молзење на кравите и складирање на млекото е автоматизиран и под строги контроли, па затоа тешко се случува во млекото да остане честичка од сено.

ФОТО: Сораја ја вжешти атмосферата во претесното бикини

Една од најпопуларните Балкански старлети Сораја Вучелиќ очигледно го живее животот  на „висока нога“. Таа на своите фанови на социјалните мрежи постојано им споделува фотографии на кои се гледа како ужива на егзотични дестинации.

Старлетата летово се забавува и проведува со своите исто така секси пријателки во Марбеља, Шпанија.

Зошто ви е тешко да го преболите раскинувањето?

Зошто ви е тешко да продолжите понатаму со животот после раскинувањето на врската, иако сте свесни дека тоа било најдоброто можно решение и исход?

Раскинувањето не е лесен чекор, без разлика дали одлуката била взаемна, ваша или на другата страна. Сепак сте се разделиле од личност со која некогаш сте биле среќни, во која сте биле вљубени.

Има неколку причини зошто ви е тешко да го преболите и надминете раскинувањето:

Осаменост

Една од најчестите причини зошто на луѓето им е тешко да продолжат понатаму по раскинувањето е осаменоста за која стануваат свесни во моментот кога веќе го немаат партнерот покрај себе.

Осаменоста може да нѐ натера да почнеме да копнееме по личност која не била добра за нас.

Решение за ваквите моменти на криза е префрлање на фокусот. Најдобро е фокусот да го префрлите на себе, на нешто што ви причинува среќа, задоволство и радост. Искористете го ова слободно време за нешто корисно и продуктивно и не заборавајте – подобро е да сте сами отколку со некој кој не е добар за вас.

Изгубена самодоверба

Ако сте биле во врска со личност која не била добра за вас или не ви обрнувала внимание, можно е вие да сте почнале да ја губите самодовербата уште додека сте биле во таа нефункицонална врска.

Но, не е сѐ изгубено. Тоа била вашата реакција на таа личност и таа ситуација. Сега сте сами и целото внимание е насочено на вас и вашата добросостојба.

Опкружете се со луѓе кои ве сакаат и во го посакуваат само најдоброто, луѓе кои ве ценат и ве почитуваат, кои веруваат во вас и вашите способности.

Полека, полека, ќе избледи сеќавањето на тоа дека таа личност правела да се чувствувате лошо, а вие ќе најдете начин, механизам и метод да се сакате себе си и да ја одржувате таа љубов и почит кон себе.

Најчитани

Твитови