Ракометарот Тони Шопов - Најважен животен натпревар одигран во Болница Неуромедика

За борба многу добро знам. Од моите родители, сопругата и ќерката, до сите ракометни натпревари кои ги имам изиграно. Но изминатите две години се период од нашиот живот кој на никого не му го посакувам. Период на неизвесности, тага, среќа, разочарување, континуирана борба, борба за здравје и живот. Пред две години бев опериран поради малиген процес на левата половина на дебелото црево во состојба на Илеус – преплет црева. Отстранет е делот од дебелото црево зафатен со патолошкиот процес како налагаат хируршките принципи и воспоставен континуитет на дебелото црево. Дијагнозата рак на дебело црево беше удар за целото мое семејство, но уште повеќе за мене. Операцијата и постоперативниот третман и активности беа нешто за кое мислев дека ги оставив зад мене.

Година дена потоа почнуваат тегобите со левиот бубрег. Болки во левиот слабински предел, честа појава на температури лечени со антибиотска терапија, во еден наврат изолирана Ешерихиа коли од урината. Но за жал, животот со мене си поигра и повторно ја стави на тест мојата и силата на моите најблиски. На рутинско испитување со комплутерска томографија на абдомен и карлица детектирани се наголемени лимфни жлезди парааортално лево, задебелување на горна и средна третина на левиот уретер, плус ткиво околу утретерот, задебелување и некроза во еден дел на мускулот Псоас од левата страна, заради што е потребна оперативна интервенција. Но јас бев решен повторно да го победам и да излезам како победник. Потребно ми беше да го добијам најдобриот тим за да го изиргам вториот најважен натпревар во мојот живот.

Капетанот на мојот тим е, за мене најважниот играч, пред се најголемиот и најдобриот човек, доктор, хирург, д-р Бошко Ставрески, специјалист по општа хирургија во Болница Неуромедика. Личност која по втор пат ми го спасува животот, личност која ја има мојата и на моето семејство неизмерна доверба. Состојбата во која бев беше комплексна, но д-р Бошко Ставрески го комплетираше тимот на врвни експерти, прим. д-р Воислав Кајевски, специјалист уролог, д-р Анкица Васовиќ, специјалист анестезиолог, сестра Марија, инструметарка, сестра Маријана, главната медицинска сестра и Мартина, анестетичар, кои повеќе од 8 часа беа на теренот на кој се бореа за моето здравје и живот.

Во Болница Неуромедика, д-р Бошко Ставрески како и секој одличен капетан неколку дена пред операцијата, покрај класичните предоперативни подготовки, ме подготвуваше со разговор кој на мене и на моето семејство ни беа повеќе од потребни. На денот на самата операција секој од докторите имаше одвоено повеќе од час и половина да разговара со нас за целиот процес и резултати, разговори кои делуваа терапевтски, нешто што до сега го немав доживеано во ниедна друга Болница.

Самата операција захтеваше интраоперативно чистење на целиот ретроперитонеален простор од патолошкиот процес, бидејќи две третини од левиот уретер беа инфитрирани од патолошкиот процес и беше целоснио непрооден, а левиот бубрег повеќе од 6 месеци непокажуваше активност на лачење, се отстрани радикално. Постоперативниот тек помина сосема уредно, виталните параметри за цело време беа стабилни, лабораторијските вредности во физиолошки граници. Бев беше отпушен на понатамошно домашно опоравување, во добра општа состојба со уреден локален наод. Трпението и укажаната поддршка на целиот персонал на болницата беше нешто што се разликува од сите други. Одиграниот натпревар на најдобриот тим на Болница Неуромедика, д-р Бошко Ставрески, прим. д-р. Воислав Кајевски и д-р Анкица Васовиќ поентираше со моето испраќање дома со солзи радосници на лицето.

Девојката му направила "шливка" на вратот, а тој одма потоа починал

17 годишниот Хулио Гонзалес од Мексико Сити починал од гушење предизвикан од тромб, кој девојката му го направила со бакнеж.

Во текот на вечерата со фамилијата, Хулијо почнал да се гуши, неговите родители веднаш повикале помош од лекари, но тие за жал не можеле ништо да сторат и тинејџерот починал. 

За смртта на момчето се сомнева дека е “виновна“ неговата девојка која непосредно пред тоа на вратот му направила “шливка“, при што настанал тромб кој допатувал до неговиот мозок и предизвикал мозочен удар.

Според пишувањата на медиумите девојката е во бегство бидејќи е исплашена дека може да биде обвинета за смртта на младото момче.

Ова не е прв ваков случај: пред две години 44 годишна жена од Нов Зеланд останала неподвижна по мозочен удар предизвикан од слични околности.

Лекарите не можеле да објаснат која е причината за парализа на левата рака се додека не приметиле модрица на нејзиниот врат и оштететна артерија. На пациентката и била дадена терапија, па после една недела дена таа заздравила.

Вистинска случајност: Фотографии кои се направени случајно, а потсетуваат на реални ликови и животни (галерија)

Биди поразличен, оригиналот е вреден!

Водејќи се според ова мото некои луѓе биле навистина креативни и направиле вистински уметнички дела, фотографирајќи предмети и моменти од вистинскиот агол.

Едноставно уживајте и разбудете ја креативноста во себе:

12 филмски грешки од врвни филмови кои речиси и никој не ги забележува, а се очигледни (галерија)

Ние како тим и истражувачи ви претставуваме популарни и одлични филмови. Сепак, исто така знаеме дека дури и најдобрите од нив секогаш имаат неколку грешки. Тоа не ги  праваи полоши, се разбира, но по оваа галерија ќе имате добра причина да ги погледнете повторно и да се фокусирате на деталите да ги забележите недостатоците.

Погледнете:

#1# Iron Man 2

#2# Deadpool

#3# Forrest Gump

#4# Harry Potter and the Philosopher’s Stone

#5# Titanic

#6# Pulp Fiction

#7# The Fifth Element

#8# Tangled

Најчитани

Твитови