Време е за промени во раководството на Ракометната федерација на Македонија!

Велат, рибата од главата мириса, а тоа се покажа и докажа по опсежните анализи за Европското првенство во ракомет 2020 година, откако нашата репрезентација доживеа пораз, а можеше многу повеќе. Сите прстот го вперија во играчите на теренот, но дали навистина е така? Дали раководството на македонската ракометна федерација не сфати дека со пензионирањето на носечките играчи Мојсовски, Миркуловски, Митков и останатите ќе дојде до ова, или едноставно важно им беше да се „заштеди“ на пари, па резултатите ги ставија во втор план. По се изгледа дека за првите луѓе на федерацијата ниту периодот од 4 години не беше доволен да се разумат дека Раул, Червр и Обрван не може да ги најде во Брестовац. Сплетот на раководните игри донесе се освен квалитетна игра со врвни резултати на терен на ЕП во Виена.

Желбите се едно, можностите друго. Добрите познавачи на ракометот велат дека, слабостите на селекторот Брестовац испливаа на површина и на последните мечеви со Чешка и Австрија на Европското првенство. Но сепак, самиот Брестовац не е виновен, секој работи како знае, во неговиот случај не знаењето го зема данокот, толку умее. Некој се дрзна да му даде позиција во моќна фотелја, но притоа му даде и слаб тим. Тимот треба да се менува, факт е  тоа, но не по секоја цена доколку искуството и знаењето не е на повеќе од потребното ниво.

И додека сите учат од туѓите грешки, некој не умее ни од своите. За неквалитетното менаџирање на македонсиот ракомет на државно ниво, повеќе од доволно зборуваа и неуспесите на женската ракометна репрезентација. 

Ниту еден од младите ракометари не е соодветна замена за оние кои заминаа од овие редови. Едноставно се чини немаше кој да ги воведе во вистинскиот пат. Тоа води кон прашањето, колку раководството е стручно, кога немаат доблест, мудрост и знаење да превенираат. После милионските суми (евра) доделени минатите години од Агенцијата за млади и спорт, раководството на македонската ракометна репрезентација не успеа, или не сакаше, да создаде буџет за селектори од редот на Червр или Раул.

За жал, ракометот не може, а и не треба да го водат луѓе кои до вчера беа навивачи. Напротив националниот ракомет се сака и се води од луѓе што целиот живот директно го вложиле во ракометот. Сепак резултатите се јасни до каде стасавме и каков пласман добивме. Тука се наметнува и дали актуелниот селектор е само марионета на функцијата...

Македонските ракометари се сакаат и кога ги освојуваат медалите, но и кога ги носат поразите, а тоа го докажуваат навивачите на секој натпревар. Навивачи од земјава, но и дијаспората од четири до пет илјади на број како да беа заборавени од раководството на федерацијата. Не најдоа ниту време ниту простор од федерацијата да ги посетат во фан зоните. Дали така се однесуваа од лични или профит фрустрации знаат тие, но јасно им е и на навивачите.

Младите рекометари во актуелниот состав не се на ранг на Лазаров, Стоилов и Манасков кои секогаш ја имаат поддршката од сите кои живеат на македонска земја и чии корени се од Македонија. Последните четири години поради слабата организација нема ниту еден врвен играч...

Раководството уште еднаш ја изгуби вербата и кредибилитетот кај фановите, новинарите, поддржувачите на македонскиот ракомет.

ПРОМЕНИ... ВЕДНАШ!

За сите оние кои имаат сестри: Прекрасната сестринска врска низ илустрации!

Ако имате сестра, сигурно сте се карале како мали, таа била ваша непријателка и ривал, кодош кој ги информирал родителите за секој ваш чекор... Се разбира дека таа врска сестра-сестра се менувала низ годините и сега, откако пораснавте, вие двете сте неразделни – најдобри пријателки засекогаш.

Во илустрациите на Елена Сорокина ќе се пронајдат сите кои имаат сестра.

извор: Femina.mk

Тајната на среќата: Мисли за поубав ден, поисполнет живот и повеќе радости и насмевки!

Среќата е важен дел од нашиот живот. Искористете го секој момент за да го зачините вашиот живот со радости и насмевки. Вашата среќа дупло ќе се зголеми, доколку и туѓите срца ги исполните со среќа. Радувајте му се на секој нов ден!

„Држи ја среќата како птица, што понежно и полесно. Ако се чувствува слободна, со задоволство ќе ти остане во раката.“ – Фридрих Хабел

„Јадицата секогаш нека ви биде фрлена. На местото каде што најмалку очекувате, ќе има риба.“ – Овидие

„Внимавај на себе, да не бидеш згмечен под нечие туѓо тркало на среќата.“ – Станислав Јержи Лец

„Што е среќата? Да се знае што се сака и тоа страсно да се посакува!“ – Фелисиен Марсеан

„Вистинската тајна на среќата е во тоа, многу да бараме од себеси, а многу малку од другите.“ – Алберт Гордон

„Надежта е сама по себе еден вид среќа и можеби најголемата среќа што може да ни ја донесе овој свет.“ – Семјуел Џонсон

„Среќата им припаѓа на оние кои самите себеси си се доволни, бидејќи надворешните извори на среќата и на уживањето по својата природа се несигурни, неизвесни, минливи и зависат од случајот.“ – Шопенхауер

„Не зборувајте му за својата среќа на човек кој е помалку среќен од вас.“– Питагора

„Со секоја минута помината во лутина губите 60 секунди среќа“ – Ралф Валдо Емерсон

„Луѓето се обично среќни онолку колку што ќе одлучат да бидат.“ – Абрахам Линколн

„Велат дека на човек му требаат три нешта за да биде вистински среќен во овој свет: некого да сака, нешто да прави и нешто за што ќе се надева.“ – Том Бодет

„Ниедна медицина не може да го излечи она што не може ни среќата.“ – Габриел Гарсија Маркез

„Не можеш да бидеш среќен ако понекогаш не си и несреќен.“ – Лорен Оливер

„До среќата не може да се допатува, таа не може да се поседува, спечали, износи или потроши. Среќата е духовно чувство на живеење секоја минута со љубов, милост и благодарност.“ – Денис Вејтли

„Биди среќен за овој момент. Овој момент е твојот живот.“ – Омар Хајам

„Биди среќен со она што го имаш и она што си, биди дарежлив со двете и нема да треба трагаш по среќа.“ – Вилијам Гледстоун

„Не е важно колку имаме, туку колку уживаме, тоа е среќа.“ – Чарлс Сперџен

„Има само еден пат до среќата, а тоа е да престанеме да се грижиме за работите кои се надвор од моќта на нашата волја.“ – Епиктет

„Не чекај другите луѓе да те направат среќен. Секоја среќа што ја добиваш мора самиот да си ја создадеш.“ – Алис Вокер

„Среќата често се протнува низ врата која не знаеш дека си ја оставил отворена.“ – Џон Баримор

Детокс со моркови за 1 ден: Ова е го планот!

Морковите имаат многу предности. Покрај тоа, овој зеленчук е многу корисен и дава чувство на ситост, исто така е и нискокалорично и има способност да го отстрани вишокот вода од организмот и да го исчисти стомакот од токсините.

Совршено, нели?

Класичната верзија на дневниот пост со моркови ја вклучува само употребата на овој зеленчук. Морковите можат да се јадат сурови и варени, во форма на сокови и пијалоци.

Исто така, не заборавајте да пиете 1,5-2 литри чиста минерална вода. Благодарение на морковот, можете да ја нормализирате работата на желудникот, па дури и да ги изгубите килограмите и вишокот на течности.

Како да се организира еднодневен пост со моркови?

Ако сакате да организирате еднодневен пост со моркови, можете да изберете една опција од менито за себе.

Детокс 1

Појадок: 200 гр моркови

Ужинка: 1 суров морков

Ручек: супа од моркови (200-300 гр)

Ужина: 150 гр салата од моркови со јаболко

Вечера: 200 гр варени моркови

Време за спиење: чаша сок од моркови или смути

Детокс 2

Појадок: 200 гр салата од моркови и цвекло

Ужина: 150 гр рендани сурови моркови со јогурт

Ручек: супа од моркови

Ужина: 1 суров морков

Вечера: шницла од моркови

Пред спиење: 1 суров морков

Најчитани

Твитови