Џенифер Лопез по 18 години призна голема грешка: Тоа е работа која не можам да ја прежалам

Во изјава за магазинот „Vanity fair“ за изданието „Hollywood 2000“, на чија насловна страница се наоѓа и славната пејачка и актерка Џенифер Лопез, таа откри дека и ден денеска жали за улогата во филмот „Unfaithful“ (Неверен), која не ја прифати пред 18 години.

– Требаше да знам дека Едријан Лајн ќе го направи филмот одличен, но тогаш не бев сигурна во тоа – вели Џеј Ло за овој познат режисер на драми и трилери.

Таа додала и дека Дајан Лејн (54) била совршен избор, а споменатата актерка поради улогата во остварувањето „Unfaithful“ беше номинирана за Оскар.

Сепак, Џеј Ло не го крие разочарувањето од својот избор, бидејќи смета оти требало да направи подобра проценка и вели дека и е неизмерно криво поради пропуштената шанса.

И покрај тоа што не ја преземала таа улога, оваа суперѕвезда во текот на својата цела кариера беше дел од многу други успешни филмови.

Најсвеж е примерот со „Hustlers“, во кој таа ја толкува улогата на стриптизерката Рамона, во приказната за група на стриптизерки од Њујорк кои ги ограбуваат своите богати клиенти.

За оваа улога популарната Џеј Ло доби номинација за Златен глобус, кој не го освои, а многумина велат дека таа заслужила и номинација за Оскар, пренесува Фокс Њуз.

Покрај тоа што е актерка, Џенифер Лопез е и мајка на две деца и уметничка која е номинирана за Греми наградата, а оваа година заедно со Шакира ќе настапи на Супербоул.

-Секогаш ме прашуваат за кариерата и тоа е во ред. Но, ако ме прашувате што се наоѓа на мојата листа на желби, би ви кажала дека сакам да живеам некаде надвор од Америка, во некој мал град во Италија или на друг крај од светот, на пример во Бали. Би сакала да пронајдам друг начин на живот кој е поедноставен и поприроден, во кој можете да возите велосипед, да купите леб, да го ставите во својата корпа, па да одите дома и да си намачкате џем на него, и само да јадете и да се сликате, или пак да седите во удобно столче со прекрасен поглед кон стебла од маслинки и само да ги вдишувате миризбите од природата – вели Џенифер Лопез за медиумите, откривајќи ги своите скриени желби.

Хороскопски знаци кои се недостапни кога станува збор за љубовта

Како го замислувате вашиот идеален партнер? Повеќето луѓе кај својот партнер од соништата најчесто гледаат поддршка и личност со којашто можат да ги споделат добрите, но и лошите моменти. Но доколку налетате на некој од следниве хороскопски знаци, можеби ќе помислите дека тие се далеку од совршениот партнер.

Припадниците на следниве 3 хороскопски знаци се речиси секогаш недостапни кога станува збор за љубовта. Доколку сакате да ги освоите, ќе ви бидат потребни многу труд и упорност.

1. Девица

Девиците тешко влегуваат во врски, односно не го прават тоа сè додека не ја променат личноста и не ја прилагодат на себе. Перфекционизмот им е особено важен на Девиците и го бараат и кај нивните партнери. Неретко од вас ќе го очекуваат невозможното, а за да го освоите нивното срце ќе мора да вложите многу труд.

2. Скорпија

Кога ќе ги земете предвид изразените амбиции, Скорпиите немаат време да се впуштаат во врски кои бараат премногу прилагодување, со партнер кој допрва треба да го запознаваат. Скорпиите многу ретко ги ставаат туѓите потреби на прво место доколку не го средиле нивниот живот како што сакаат.

3. Овен

Иако зрачат со самодоверба и харизма, Овните навистина сакаат да контролираат. Па веројатно ќе ви биде тешко да се справите со нивната посесивност и постојана желба за внимание. Доколку имате силен карактер, можете да го повредите егото на Овенот. Во тој момент, тој ќе стане недостапен за вас. Овните можат да се отворат само пред оној партнер пред кој чувствуваат дека можат да го имаат главниот збор.

Што за тебе денес беше поважно од љубовта?

Кое е твоето денешно златно теле?

Што е тоа што го опседнува твоето внимание и фантазија?

Што е тоа што очекуваш да те исполни и направи среќен/а?

Што е тоа што си замислил/а дека е поважно од љубовта, од инспирацијата, од внатрешниот глас, од твојата вистина?

Тоа е твојата замислена ментална конструкција, без оглед на нејзината содржина.

И секогаш изгледа толку реална, важна и примамлива.

Но, не е.

И ќе се ослободиш од неа, ќе доживеаш хармонија кога ќе препознаеш дека не е и кога одново ќе се фокусираш на сопствената вистина, на фактот дека животот тече на неверојатни магични начини, кога одново ќе се фокусираш на безусловната љубов која ја носиш во себе и ќе препознаеш дека сѐ што си имал/а во себе, сѐ уште е тука.

Само тоа може да биде на прво место, сѐ останато е секундарно.

И сѐ останато ќе се нареди само од себе.

На овие начини ги активирате хормоните за слабеење

Губењето на килограми за некои луѓе е многу тешка задача, но ако успеете да ги активирате хормоните кои влијаат на слабеењето, за кратко време ќе успеете да го решите овој проблем.

Намалете ја потребата за храна така што ќе јадете заштитена храна

Дозволете вашата храна да ве наполни и ослободете се од друга. Ова ќе го забележите, колку долго ќе се чувствувате сити по јадењето. Хормонот заслужен за регулација на тежината кој е одговорен за ситоста се нарекува лептин. Храната богата со проетеини е одличен начин да го нахраните телото и да го активирате лептинот за да подолго време се чувствувате сити. Лептинот му кажува на мозокот дека повеќе не сте гладни и да престанете да јадете.

Изградете мускулна маса

Истиот хормон кој ја зголемува мускулната маса кај бодибилдерите, кај вас е клучен за слабеење. Хормонот тестестерон е присутен и кај мажите и кај жените, а може да го зголемите со кревање на тегови. Колку е поголемо нивото на тестестероните, толку полесно ќе ослбнете.

Не прескокнувајте го доручекот

Додека спиете вашето тело е во пост  и согорува помалку калории. Работата на срцето и дишењето се поспори, тоа значи дека метаболизмот е спор додека спите. Да се разбуди телото и да предизвика скок во метаболизмот, започнете го денот со протеини добиени од растителни растенија, како и растителни извори на масти и јаглехидрати. Не надминувајте 800 калории и дозволете пропорцијата на јаглехидрати во оброкот да биде помала од процентот на протеини и масти.

Согорувајте ги мастите и додека седите

Тироидните хормони кои влијаат на губењето килограми ја создаваат жлездата во облик на пеперутка на грлото, позната како тироидна жлезда. Доволно е да изгубите 5килограми, за да се активира тироидната жлезда и да продолжите да слабеете.  

Добар сон

Ако немате добар сон, нивото на лептинот се намалува, па ќе имате поголема потреба за храна за да го надоместите недостатокот од сон.

Јога

Фокусирање на дишењето кое го практивуваат јога мајстори, го менува нивото на надбубрежните жлезди  задолжени за слабеење.

Најчитани

Твитови