Голем љубовен хороскоп за 2020: Година на одлуки, трансформации и нови почетоци

ОВЕН

Доколку сте во лош брак или врска што не задоволува, лесно е да се продлабочи кризата во наредните 12 месеци и да ве поттикне во втората половина од годината (особено во октомври) да донесете одлуки што ќе бидат клучни за вашата иднина. Нестабилните односи тешко ќе преживеат оваа година.

Во успешните врски важно е да се постигне рамнотежа помеѓу приватниот и деловниот живот. Ќе имаи прилики за флертување, особено во текот на летото, а и есента ќе биде бурна и страстна затоа што ќе бидете освојувачки расположени. Ако сте сами, во текот на следната година внимавајте да не прифаќате врска што е под она што го заслужувате.

БИК

Пред вас е година за реновирање на вашиот љубовен живот. Уран е во вашиот знак и со него поместувате граници, доживувате нови искуства. Сè е необично, по малку и неочекувано, па може да дојде до нагли разделби, но и спојувања. Јупитер во Јарец ветува повеќе среќни можности.

Биковите кои не се во врска би можеле да најдат среќа во друг град или со личност која патува многу или е странец. Ќе има и поголем оптимизам за оние кои се во брак и во врска. За некои, 2020 година би можела да донесе втор брак, односно запознавање со личност која би можела да заврши во сериозна врска или со брак.

БЛИЗНАЦИ

Вашиот љубовен живот би можел да помине низ фаза на трансформација. Како да доаѓате до точка од која нема враќање назад и сфаќате дека е неопходно да донесете одлука. Парите и врската со партнерот ќе бидат испреплетени, ќе треба да постигнете договор. Ова е година во која би можеле да ја прекинете врската или да започнете тајна врска.

Слободните Близнаци почесто од обично ќе бидат окупирани со зафатени додворувачи, а на шармот на една таква личност би можеле да паднат на крајот на летото. Ако не успеете во тоа, можно е да се појави трета личност која дополнително ќе ги размрда темелите на вашиот однос. Затоа е многу важно да размислите што и кого сакате.

РАК

Пред вас е година на одлука. Лошите односи нема да преживеат. Напуштате сè што ве гуши. Важно е да се заштитите од лицата кои ве исцрпуваат. Пронајдете мир со минатото, а секое враќање ќе покаже дека таму за вас веќе нема ништо.

Но во годината што е пред вас ќе засадите семе за нови можности. Можеби токму новото познанство ќе ви овозможи да излезете од врската што ви е товар. Време е за заборавање на старите навики, стравови и несигурности.

ЛАВ

Пред вас е турбулентна година во љубовта, време на нови можности и големи чекори. Вашиот приватен и деловен живот Можно е о вашиот партнер да започнете бизнис или инвестиција. Ќе има и периоди на нестабилност во кои ќе се прашувате дали сте го направиле вистинскиот избор.

Ако сте сингл, можеби ќе ви се допадне лицето со кое соработувате или ќе имате контакт со некој кој е многу посветен на своите работни места и на кариерата. Но, времето што ќе го поминувате заедно ќе биде многу возбудливо, дури и романтично. Врските на кои им недостасува доверба и стабилност нема да го издржат тестот на реалноста.

ДЕВИЦА

Влегувате во време на препород, во година во која се зголемуваат можностите за подобар и посреќен љубовен живот. Јупитер ве штити, а ќе го збогати и вашиот социјален живот. Повеќе ќе излегувате, ќе уживате, ќе запознавате нови луѓе, а ноќните излегувања ќе бидат исполнети со фатална привлечност.

Во 2020 година можете да започнете нова врска, да се за вљубите, но и да се остварите низ родителската улога. Можно е да ве привлече личност помлада од вас, која ќе ве разбуди. Ќе имате впечаток дека повторно сте живи, дека уживате како што не сте уживале долго време. Не е исклучено некој од минатото да се врати во вашиот живот, односно да ја обновите врската од младоста или со лице со кое сте ги прекинале сите контакти пред неколку години.

ВАГА

Ова би можела да биде една од оние години во која ги сведувате вашите пресметки, година во која ќе одлучите што да направите и како да продолжите понатаму. Веројатно веќе забележавте дека некои луѓе заминаа од вашиот живот и дека вашиот приватен живот многу се смени. Ако сте во долга врска или во брак, би можело да дојде до поголеми проблеми или кризи кои ќе ја нарушат вашата доверба, па дури и стабилноста на врската.

Сега пред вас се 12 месеци на многу интензивни и бурни љубовни искуства кои не само што ќе ви донесат нови познанства, туку можеби и нова љубовна приказна која ќе ве оддалечи од минатото и постојаното враќање кон него. Ако сте сами, дозволете си време за истражување, сè додека не ја пронајдете онаа личност за која ќе можете да речете дека е вистинската!

СКОРПИЈА

Следната година, по астролошки параметри, за вас треба да биде успешна и продуктивна. Во љубовниот живот ви пристигнуваат повеќе задоволства и нови можности. Можно е да се најдете во сериозно искушение, односно да ве привлече личност која е сосема поинаква од вашиот идеален вид партнер и тоа ќе ви биде многу возбудливо.

Прашање е колку ќе можете да ја одржите лојалноста, но ако навистина го сакате партнерот, сигурно ќе донесете правилна одлука.

Сега можете да ги стабилизирате и да ги зајакнете односите со луѓето за кои се грижите и да внесете нови содржини во врската или во бракот. Сепак, нема да толерирате никакви стеги и окови.

СТРЕЛЕЦ

Нов почеток е пред вас. Во 2020 година време е да го оплодите наученото и да го примените сфатеното. Можеби ќе ставите точка на една врска и ќе започнете нова, а можеби ќе сфатите што сè добивате во постоечка врска и колку е таа важна за вас.

За што и да се работи, едно е сигурно. Во следната година влегувате во период на преродба. Kако да не дозволувате ништо да ве исфрли од колосекот. Ќе се разбуди и вашиот авантуристички дух, па од почетокот на јули до крајот на годината незапирливо ќе освојувате и ќе уживате во богатиот љубовен и социјален живот.

ЈАРЕЦ

Јупитер, Сатурн и Плутон во вашиот знак ве креваат на нозе и длабоко ги менуваат вашите љубовни околности. Нема повеќе лоши компромиси, а ако во врската се откажете од вашите принципи и го занемарувате што од врската и го запоставите она што ви е важно, ќе се појават фрустрации и вознемиреност.

Некои луѓе веќе заминаа од вашиот живот, некои допрва ќе заминат, но нивното заминување ќе создаде простор за да создадете нешто ново. И Јупитер ќе ви помогне во тоа. Затоа, ако сте осамени или сонувате за врска со личност која ќе ве „разбуди“, тогаш активирајте се и уште во јануари тргнете во „лов“.

ВОДОЛИЈА

Групирањето на три планети, Јупитер, Сатурн и Плутон „зад вашиот грб“, во знакот на Јарец, на некој начин ќе биде подготовка на теренот за она што ќе влезе во вашиот живот во 2021 година. Затоа искористете ја следната година за да направите ретроспектива на вашиот љубовен живот и да бидете свесни за стравовите и несигурностите што ве кочат.

Ова е време кога би можеле нешто да доведете до крај, односно да сфатите што сакате, а што не во вашиот приватен простор. Некои тајни, како и сè што е потиснато, ќе излезат на површина, па ако тргнете во тајна или забранета врска, можеби нема да можете долго да ја криете.

РИБИ

Пред вас е добра љубовна година, на многу начини постабилна од 2019 година. Ќе има многу помалку неизвесност и нејаснотии. Работите ќе се наредат и подредат, а вие само ќе треба да „пловите“ по таа река на случувања.

Планетите во голема мера ќе го збогатат вашиот социјален живот, но и ќе ве променат.

Личностите кои не се добри за вас, како и врските кои беа лоши, едноставно ќе исчезнат од вашиот живот. Она што долго го чекавте, сега би можеле и да го остварите. Како полесно да ги спуштите вашите соништа на земјата и да ги материјализирате. Ќе имате многу додворувачи, а новата љубов би можела да почне како пријателство.

Хороскопски знаци кои се недостапни кога станува збор за љубовта

Како го замислувате вашиот идеален партнер? Повеќето луѓе кај својот партнер од соништата најчесто гледаат поддршка и личност со којашто можат да ги споделат добрите, но и лошите моменти. Но доколку налетате на некој од следниве хороскопски знаци, можеби ќе помислите дека тие се далеку од совршениот партнер.

Припадниците на следниве 3 хороскопски знаци се речиси секогаш недостапни кога станува збор за љубовта. Доколку сакате да ги освоите, ќе ви бидат потребни многу труд и упорност.

1. Девица

Девиците тешко влегуваат во врски, односно не го прават тоа сè додека не ја променат личноста и не ја прилагодат на себе. Перфекционизмот им е особено важен на Девиците и го бараат и кај нивните партнери. Неретко од вас ќе го очекуваат невозможното, а за да го освоите нивното срце ќе мора да вложите многу труд.

2. Скорпија

Кога ќе ги земете предвид изразените амбиции, Скорпиите немаат време да се впуштаат во врски кои бараат премногу прилагодување, со партнер кој допрва треба да го запознаваат. Скорпиите многу ретко ги ставаат туѓите потреби на прво место доколку не го средиле нивниот живот како што сакаат.

3. Овен

Иако зрачат со самодоверба и харизма, Овните навистина сакаат да контролираат. Па веројатно ќе ви биде тешко да се справите со нивната посесивност и постојана желба за внимание. Доколку имате силен карактер, можете да го повредите егото на Овенот. Во тој момент, тој ќе стане недостапен за вас. Овните можат да се отворат само пред оној партнер пред кој чувствуваат дека можат да го имаат главниот збор.

Што за тебе денес беше поважно од љубовта?

Кое е твоето денешно златно теле?

Што е тоа што го опседнува твоето внимание и фантазија?

Што е тоа што очекуваш да те исполни и направи среќен/а?

Што е тоа што си замислил/а дека е поважно од љубовта, од инспирацијата, од внатрешниот глас, од твојата вистина?

Тоа е твојата замислена ментална конструкција, без оглед на нејзината содржина.

И секогаш изгледа толку реална, важна и примамлива.

Но, не е.

И ќе се ослободиш од неа, ќе доживеаш хармонија кога ќе препознаеш дека не е и кога одново ќе се фокусираш на сопствената вистина, на фактот дека животот тече на неверојатни магични начини, кога одново ќе се фокусираш на безусловната љубов која ја носиш во себе и ќе препознаеш дека сѐ што си имал/а во себе, сѐ уште е тука.

Само тоа може да биде на прво место, сѐ останато е секундарно.

И сѐ останато ќе се нареди само од себе.

На овие начини ги активирате хормоните за слабеење

Губењето на килограми за некои луѓе е многу тешка задача, но ако успеете да ги активирате хормоните кои влијаат на слабеењето, за кратко време ќе успеете да го решите овој проблем.

Намалете ја потребата за храна така што ќе јадете заштитена храна

Дозволете вашата храна да ве наполни и ослободете се од друга. Ова ќе го забележите, колку долго ќе се чувствувате сити по јадењето. Хормонот заслужен за регулација на тежината кој е одговорен за ситоста се нарекува лептин. Храната богата со проетеини е одличен начин да го нахраните телото и да го активирате лептинот за да подолго време се чувствувате сити. Лептинот му кажува на мозокот дека повеќе не сте гладни и да престанете да јадете.

Изградете мускулна маса

Истиот хормон кој ја зголемува мускулната маса кај бодибилдерите, кај вас е клучен за слабеење. Хормонот тестестерон е присутен и кај мажите и кај жените, а може да го зголемите со кревање на тегови. Колку е поголемо нивото на тестестероните, толку полесно ќе ослбнете.

Не прескокнувајте го доручекот

Додека спиете вашето тело е во пост  и согорува помалку калории. Работата на срцето и дишењето се поспори, тоа значи дека метаболизмот е спор додека спите. Да се разбуди телото и да предизвика скок во метаболизмот, започнете го денот со протеини добиени од растителни растенија, како и растителни извори на масти и јаглехидрати. Не надминувајте 800 калории и дозволете пропорцијата на јаглехидрати во оброкот да биде помала од процентот на протеини и масти.

Согорувајте ги мастите и додека седите

Тироидните хормони кои влијаат на губењето килограми ја создаваат жлездата во облик на пеперутка на грлото, позната како тироидна жлезда. Доволно е да изгубите 5килограми, за да се активира тироидната жлезда и да продолжите да слабеете.  

Добар сон

Ако немате добар сон, нивото на лептинот се намалува, па ќе имате поголема потреба за храна за да го надоместите недостатокот од сон.

Јога

Фокусирање на дишењето кое го практивуваат јога мајстори, го менува нивото на надбубрежните жлезди  задолжени за слабеење.

Најчитани

Твитови