Убавина е во деталите - Во Неуромедика посетете го естетскиот и пласитичен хирург д-р Чагри Саде

Деталите на вашиот лик, големината на вашите усни, совршената кожа која го содржи животното искуство, но и суптилно и естетски подобрено на префинет начин кој едноставно ја поттикнува вашата внатрешна убавина. Деталите на вашиот изглед на тело, графи, стомак, нозе кои со многу едноставни и лесни процедури можат да го подобрат изгледот и да ја поттикнат вашата самодоверба.  

Секој од овие детали можат да бидат онакви какви посакувате само реализирани од вештите раце на естетскиот и пласитичен хирург д-р Чагри Саде. 

Изборот на доктор и хирург на кој го доверувате вашиот физички изглед е од непроценцлива важност. Особа која пред се е медицинско лице кое работи повеќе години во својата струка и има стотици задоволни пациенти, вистински професионалец кој континуирано ги следи сите светски трендови во реализирање на сите инетервенции, естета која ги разгледува и интерпретира интервенциите според највисоки естетски норми.

 

Д-р. Чагри Саде е паслетичен и естетски хирург кој доаѓа од Истанбул, Турција, земјата која е 5та во свет во категорија на естетски хирурзи и беспрекорните резултати од самите интервенции во поглед на реализација и секако естетика и убавина.

Tретмани и интервенции кои ги изработува д-р. Чагри Саде се:

⦁ Ринопластика – естетски хируршки зафат на нос

⦁ Отопластика – хируршка корекција на истакнати уши

⦁ Секундарен хируршки зафате на нос

⦁ Зголемување на гради

⦁ Покревање и зголемување на гради

⦁ Мамопластика – покревање на гради

⦁ Намалување на гради

⦁ Блефаропластика – хируршка интервенција на очните капаци

⦁ Палпебрае инфериорна хирургија

⦁ Масно вбризгување (лице)

⦁ Ласерска/васер хи-дефо липосукција

⦁ Целосен лифтинг на лице

⦁ Среден лифтинг на лице

⦁ Абдоменопластика

⦁ Хирургија на раце

⦁ Хирургија на фемур

⦁ Трансплатација на коса

⦁ Лифтинг на веѓи

⦁ Француски лифтинг

⦁ Аква голд третман

⦁ Ботокс

⦁ Полнење филер

Закажете термин кај д-р Чагри Саде за среда (24.01.2020) во Болница Неуромедика на телефонските броеви 02 3133 313 и 075 402 000 или plasticsurgery@neuromedica.com.mk

Хороскопски знаци кои се недостапни кога станува збор за љубовта

Како го замислувате вашиот идеален партнер? Повеќето луѓе кај својот партнер од соништата најчесто гледаат поддршка и личност со којашто можат да ги споделат добрите, но и лошите моменти. Но доколку налетате на некој од следниве хороскопски знаци, можеби ќе помислите дека тие се далеку од совршениот партнер.

Припадниците на следниве 3 хороскопски знаци се речиси секогаш недостапни кога станува збор за љубовта. Доколку сакате да ги освоите, ќе ви бидат потребни многу труд и упорност.

1. Девица

Девиците тешко влегуваат во врски, односно не го прават тоа сè додека не ја променат личноста и не ја прилагодат на себе. Перфекционизмот им е особено важен на Девиците и го бараат и кај нивните партнери. Неретко од вас ќе го очекуваат невозможното, а за да го освоите нивното срце ќе мора да вложите многу труд.

2. Скорпија

Кога ќе ги земете предвид изразените амбиции, Скорпиите немаат време да се впуштаат во врски кои бараат премногу прилагодување, со партнер кој допрва треба да го запознаваат. Скорпиите многу ретко ги ставаат туѓите потреби на прво место доколку не го средиле нивниот живот како што сакаат.

3. Овен

Иако зрачат со самодоверба и харизма, Овните навистина сакаат да контролираат. Па веројатно ќе ви биде тешко да се справите со нивната посесивност и постојана желба за внимание. Доколку имате силен карактер, можете да го повредите егото на Овенот. Во тој момент, тој ќе стане недостапен за вас. Овните можат да се отворат само пред оној партнер пред кој чувствуваат дека можат да го имаат главниот збор.

Што за тебе денес беше поважно од љубовта?

Кое е твоето денешно златно теле?

Што е тоа што го опседнува твоето внимание и фантазија?

Што е тоа што очекуваш да те исполни и направи среќен/а?

Што е тоа што си замислил/а дека е поважно од љубовта, од инспирацијата, од внатрешниот глас, од твојата вистина?

Тоа е твојата замислена ментална конструкција, без оглед на нејзината содржина.

И секогаш изгледа толку реална, важна и примамлива.

Но, не е.

И ќе се ослободиш од неа, ќе доживеаш хармонија кога ќе препознаеш дека не е и кога одново ќе се фокусираш на сопствената вистина, на фактот дека животот тече на неверојатни магични начини, кога одново ќе се фокусираш на безусловната љубов која ја носиш во себе и ќе препознаеш дека сѐ што си имал/а во себе, сѐ уште е тука.

Само тоа може да биде на прво место, сѐ останато е секундарно.

И сѐ останато ќе се нареди само од себе.

На овие начини ги активирате хормоните за слабеење

Губењето на килограми за некои луѓе е многу тешка задача, но ако успеете да ги активирате хормоните кои влијаат на слабеењето, за кратко време ќе успеете да го решите овој проблем.

Намалете ја потребата за храна така што ќе јадете заштитена храна

Дозволете вашата храна да ве наполни и ослободете се од друга. Ова ќе го забележите, колку долго ќе се чувствувате сити по јадењето. Хормонот заслужен за регулација на тежината кој е одговорен за ситоста се нарекува лептин. Храната богата со проетеини е одличен начин да го нахраните телото и да го активирате лептинот за да подолго време се чувствувате сити. Лептинот му кажува на мозокот дека повеќе не сте гладни и да престанете да јадете.

Изградете мускулна маса

Истиот хормон кој ја зголемува мускулната маса кај бодибилдерите, кај вас е клучен за слабеење. Хормонот тестестерон е присутен и кај мажите и кај жените, а може да го зголемите со кревање на тегови. Колку е поголемо нивото на тестестероните, толку полесно ќе ослбнете.

Не прескокнувајте го доручекот

Додека спиете вашето тело е во пост  и согорува помалку калории. Работата на срцето и дишењето се поспори, тоа значи дека метаболизмот е спор додека спите. Да се разбуди телото и да предизвика скок во метаболизмот, започнете го денот со протеини добиени од растителни растенија, како и растителни извори на масти и јаглехидрати. Не надминувајте 800 калории и дозволете пропорцијата на јаглехидрати во оброкот да биде помала од процентот на протеини и масти.

Согорувајте ги мастите и додека седите

Тироидните хормони кои влијаат на губењето килограми ја создаваат жлездата во облик на пеперутка на грлото, позната како тироидна жлезда. Доволно е да изгубите 5килограми, за да се активира тироидната жлезда и да продолжите да слабеете.  

Добар сон

Ако немате добар сон, нивото на лептинот се намалува, па ќе имате поголема потреба за храна за да го надоместите недостатокот од сон.

Јога

Фокусирање на дишењето кое го практивуваат јога мајстори, го менува нивото на надбубрежните жлезди  задолжени за слабеење.

Најчитани

Твитови