Децата најчесто заболуваат од варичела, но возрасните завршуваат во болница со компликации

Заболувањето е многу заразно односно ако сте во просторија со инфицирано лице речиси и да не постојат шанси да не се разболите.

Оваа зима, покрај сезонскиот грип, честа причина на подолго отсуство на децата од училиштата и градинки е и сипаницата – варичела. Епидемиолозите велат дека бројот на заболени е нешто поголем во однос на 2018 и 2017 година и сега изнесува скоро 3.000 само во Скопје. Лекарите објаснуваат дека оваа сипаница кај децата не прави компликации освен досадно чешање од кое може да останат белези на кожата, но кај возрасните може да предизвика и тешки и животно загрозувачки компликации како воспаление на мозочното ткиво и мозочните обвивки. Додека да се воведе вакцина против ова заразно заболување, најдобро е децата да ја прележат сипаницата додека се мали и така да стекнат доживотен имунитет.

Епидемиолошките податоци покажуваат дека во нашиот регион, 99,9 отсто од децата на возраст од 10 до15 години заболуваат од варичела. На таа возраст болеста поминува лесно.

-Кај децата многу ретко дава компликации. Но во подоцнежна возраст заболувањето е со поизразена клиничка слика, интензивен осип, висока температура, може да се јават и секундарни инфекции на кожата, воспаление на белите дробови и поретко воспаление на мозочното ткиво и мозочните обвивки – објаснува примариус д-р Билјана Даниловска, раководител на одделение за епидемиологија при Центарот за јавно здравје.

На Клиниката за инфективни болести има четворица возрасни пациенти со варичела од кои тројца имаа бронхопневмонија и една пациентка со секундарна инфекција на кожата пиодермија. Од клиниката велат дека сите пациенти се во стабилна здравствена состојба.

Варичелата е предизвикана од вирусот варичела зостер. Инкубација на заболувањето трае од 12 до 15 дена. Инфицираниот станува заразен два до три дена пред да ги добие симптомите. Прво се појавуваат општи симптоми, како болки во грло, главоболка, покачена температура, малаксаност, се воспалуваат непцата во устата и потоа почнува осипот  во форма на меурчиња полни со течност. Специфично е што осипот е во различни фази, едни меурчиња пукаат и се сушат како красти, а други излегуваат. Осипот трае околу 15 дена. Вкупниот период на заразност е од 10 до 15 дена.

Без цензура: Карлеуша како од мајка родена!

Јелена Карлеуша стана заштитно лице на кампањата ПЕТА за Европа, па нејзините голи фотографии ќе се најдат на билбордите ширум континентот. Рамо до рамо со светските ѕвезди како Ева Мендез, Наоми Кемпбел и многу други подржувачки, пејачката се фотографираше гола под заедничкиот слоган „Подобро гола отколку во крзно“

Понудата да биде токму таа во акцијата против употреба на крзно во модната индустрија веројатно ќе треба да ја оправда со тоа што нема, ниту да купува, ниту да се појавува, во облека и со модни додатоци од крзно, па останува да видиме...

Тим научници открија: Што ги прави мажите среќни во бракот?

Тим на научници откри дека за мажите естетскиот момент е многу важен и дека остануваат што подолго во брачните води ако покрај себе имаат убава партнерка, бидејќи се среќни.

Убавината на партнерката, за повеќето мажи е пресудна за успешен брак – покажало истражувањето. Студијата траела четири години и е спроведена на 450 парови, кои пред почетокот на истражувањето имале задача да го оценат партнерот, за неговата убавина. Резултатите покажале дека мажите и пред и по истражувањето не го промениле мислењето и оцената за убавината на својата партнерка. За разлика од мажите за жените убавината е на второ место. На прво место им е интелигенцијата и комуникативноста на партнерот.

Овие хороскопски знаци се оние кои најмногу изневеруваат!

Некои луѓе се склони кон обновувањето на љубовните врски со поранешните партнери иако се во брак, други тоа го прават бидејќи уживаат кога се во центарот на вниманието, а некои пак едноставно имаат силен сексуален нагон кој не знаат да го контролираат.

Скорпија

Луѓето родени во овој знак имаат силен сексуален нагон што може да ги доведе до ситуација да го изневерат својот партнер и тоа во случај доколку нивниот однос не е доволно страствен. Кога Скорпиите ќе видат нешто што сакаат да го имаат, без разлика дали станува збор за некоја личност или пак нешто материјално, ќе направат се за да го добијат. Тоа вклучува и лажење и манипулирање доколку е потребно.

Вага

Кога ќе дојде до проблем во врската, Вагите ќе направат се за да се реши ситуацијата. Но, тие не сакаат расправии и ќе се обидат на секој начин да ги избегнат. Понекогаш знаат да се преправаат дека не забележуваат што се случува за да има мир во куќата. Иако луѓето родени во овој знак не се склони кон прељуба, ќе го направат тоа за да се чувствуваат подобро, за да почувствуваат дека и понатаму се пожелни и да ја пополнат празнината која ја чувствваат бидејќи се во несреќна врска.

Лав

Сите знаат дека Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и тешко ќе им одолеат на луѓето кои ги третираат на тој начин. Нивното его и самодоверба може да биде атрактивно за другите. Тоа е и причината поради која големи се шансите да извршат прељуба, особено ако оној кој пробува да ги освои го храни нивното его.

Стрелец

Луѓето родени во овој знак имаат немирен дух, многу се радознали и секогаш бараат нешто ново и возбудливо. Многу се спонтани и често постапуваат без да размислат за последиците. Кога се Стрелците несреќни во врска, ќе го изневерат партнерот со еден или повеќе љубовници. Нивната слободоумност и авантуристички дух за другите се многу привлечни.

Најчитани

Твитови