Македонецот кој се родил во авион утре полни 42 години

Нечии животни судбини се како на филм. Приказната за Јатко Тодев е една од нив. На 13 февруари 1978 година, за време на летот Б-707 од Југославија до Австралија, Марија Тодева од Македонија се породила во авионот. Тоа бил еден од првите такви случаи во историјата на воздушниот сообраќај.

Марија имала само 18 години. Во осмиот месец од бременоста, се качила на авионот што летал од Белград до далечниот Сиднеј. Таму ја очекувал сопругот Стојан, кој неколку месеци порано заминал за Австралија во потрага по подобар живот. Два часа пред слетувањето, започнало породувањето. Стјуардесата и стјуардот ја одвоиле од патниците, по што ѝ помогнале да го донесе на свет нивниот син првенец.

Според кажувањата, папочната врвца ја пресекле со ножици, а дезинфицирале со виски. Така, авионот кој полетал со 106 патници, во Сиднеј пристигнал со еден патник повеќе. Веќе наредниот ден, веста за „бебето од авионот“ се појавила во сите југословенски и светски весници.

Кум на бебето бил пилотот кој управувал со летот и самиот посведочил за овој несекојдневен настан. Го крстиле Јатко, во чест на авиокомпанијата ЈАТ (сега позната како Ер Србија). Тој е единствениот човек во светот, во чие место на раѓање е запишана регистрацијата на авионот YU-AGI.

Хороскопски знаци кои се недостапни кога станува збор за љубовта

Како го замислувате вашиот идеален партнер? Повеќето луѓе кај својот партнер од соништата најчесто гледаат поддршка и личност со којашто можат да ги споделат добрите, но и лошите моменти. Но доколку налетате на некој од следниве хороскопски знаци, можеби ќе помислите дека тие се далеку од совршениот партнер.

Припадниците на следниве 3 хороскопски знаци се речиси секогаш недостапни кога станува збор за љубовта. Доколку сакате да ги освоите, ќе ви бидат потребни многу труд и упорност.

1. Девица

Девиците тешко влегуваат во врски, односно не го прават тоа сè додека не ја променат личноста и не ја прилагодат на себе. Перфекционизмот им е особено важен на Девиците и го бараат и кај нивните партнери. Неретко од вас ќе го очекуваат невозможното, а за да го освоите нивното срце ќе мора да вложите многу труд.

2. Скорпија

Кога ќе ги земете предвид изразените амбиции, Скорпиите немаат време да се впуштаат во врски кои бараат премногу прилагодување, со партнер кој допрва треба да го запознаваат. Скорпиите многу ретко ги ставаат туѓите потреби на прво место доколку не го средиле нивниот живот како што сакаат.

3. Овен

Иако зрачат со самодоверба и харизма, Овните навистина сакаат да контролираат. Па веројатно ќе ви биде тешко да се справите со нивната посесивност и постојана желба за внимание. Доколку имате силен карактер, можете да го повредите егото на Овенот. Во тој момент, тој ќе стане недостапен за вас. Овните можат да се отворат само пред оној партнер пред кој чувствуваат дека можат да го имаат главниот збор.

Што за тебе денес беше поважно од љубовта?

Кое е твоето денешно златно теле?

Што е тоа што го опседнува твоето внимание и фантазија?

Што е тоа што очекуваш да те исполни и направи среќен/а?

Што е тоа што си замислил/а дека е поважно од љубовта, од инспирацијата, од внатрешниот глас, од твојата вистина?

Тоа е твојата замислена ментална конструкција, без оглед на нејзината содржина.

И секогаш изгледа толку реална, важна и примамлива.

Но, не е.

И ќе се ослободиш од неа, ќе доживеаш хармонија кога ќе препознаеш дека не е и кога одново ќе се фокусираш на сопствената вистина, на фактот дека животот тече на неверојатни магични начини, кога одново ќе се фокусираш на безусловната љубов која ја носиш во себе и ќе препознаеш дека сѐ што си имал/а во себе, сѐ уште е тука.

Само тоа може да биде на прво место, сѐ останато е секундарно.

И сѐ останато ќе се нареди само од себе.

На овие начини ги активирате хормоните за слабеење

Губењето на килограми за некои луѓе е многу тешка задача, но ако успеете да ги активирате хормоните кои влијаат на слабеењето, за кратко време ќе успеете да го решите овој проблем.

Намалете ја потребата за храна така што ќе јадете заштитена храна

Дозволете вашата храна да ве наполни и ослободете се од друга. Ова ќе го забележите, колку долго ќе се чувствувате сити по јадењето. Хормонот заслужен за регулација на тежината кој е одговорен за ситоста се нарекува лептин. Храната богата со проетеини е одличен начин да го нахраните телото и да го активирате лептинот за да подолго време се чувствувате сити. Лептинот му кажува на мозокот дека повеќе не сте гладни и да престанете да јадете.

Изградете мускулна маса

Истиот хормон кој ја зголемува мускулната маса кај бодибилдерите, кај вас е клучен за слабеење. Хормонот тестестерон е присутен и кај мажите и кај жените, а може да го зголемите со кревање на тегови. Колку е поголемо нивото на тестестероните, толку полесно ќе ослбнете.

Не прескокнувајте го доручекот

Додека спиете вашето тело е во пост  и согорува помалку калории. Работата на срцето и дишењето се поспори, тоа значи дека метаболизмот е спор додека спите. Да се разбуди телото и да предизвика скок во метаболизмот, започнете го денот со протеини добиени од растителни растенија, како и растителни извори на масти и јаглехидрати. Не надминувајте 800 калории и дозволете пропорцијата на јаглехидрати во оброкот да биде помала од процентот на протеини и масти.

Согорувајте ги мастите и додека седите

Тироидните хормони кои влијаат на губењето килограми ја создаваат жлездата во облик на пеперутка на грлото, позната како тироидна жлезда. Доволно е да изгубите 5килограми, за да се активира тироидната жлезда и да продолжите да слабеете.  

Добар сон

Ако немате добар сон, нивото на лептинот се намалува, па ќе имате поголема потреба за храна за да го надоместите недостатокот од сон.

Јога

Фокусирање на дишењето кое го практивуваат јога мајстори, го менува нивото на надбубрежните жлезди  задолжени за слабеење.

Најчитани

Твитови